3Расте бројот на жртви во превртениот ферибот близина на Кипар- најмалку 20 патници се исчезнати (ВИДЕО)
ТенисГрабул во второ коло во Сокобања Македонскиот тенисер Димитар Грабул успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот во Сокобања, Србија.Тој денеска во два сета го победи Нерман Фатиќ од Босна и Херцеговина со 7:6 (7:5) и 6:4 во сетови. Со овој триумф Грабул се избори за пласман во 2.коло каде за противник ќе го има Дејан Катиќ од Србија, кој на стартот беше убедлив и со 6:0 во двата сета го победи сонародникот Душан Вукчевиќ. Пласман во 1.коло денеска обезбеди и Шендрит Деари, откако во продолжението на мечот од последниот круг од квалификациите го победи Горан Марковиќ од Србија со 2:1 во сетови. Овој меч почна вчера, а беше доигран претпладнево.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШтип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МетеоИ утре многу топло време со температура до 38 степени, наместа ќе има пороен дождВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 23 Попова Шапка, 28 Крушево, 30 Маврови Анови, 31 Берово, Крива Паланка, 32 Прилеп, 34 Виница, Претор, 35 Струмица, Охрид, Битола, Штип, Тетово, 37 Скопје Петровец, Гевгелија, 38 Демир Капија, Кавадарци, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во источните делови наместа беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. До крајот на денот ќе има услови за локална нестабиност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШтип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаШтип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеностЖителите на штип останаа без вода поради прекин на преработката на сирова вода од хидросистемот „Злетовица“.Од јавното претпријатие „Исар“ информираат дека филтер-станицата во Штип ја прекинала преработката на сировата вода поради екстремно зголемена матност. Како што посочуваат од претпријатието, причина за прекинот е синоќешното невреме, поради што дошло до влошување на состојбата со сировата вода. „Елементарната непогода во пробиштипскиот реон е единствена причина за прекинот на водоснабдувањето што ќе се случи“, наведуваат од ЈП „Исар“. Од претпријатието апелираат до граѓаните за разбирање до стабилизирање на водоснабдувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРасте бројот на жртви во превртениот ферибот близина на Кипар- најмалку 20 патници се исчезнати (ВИДЕО)Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од 20 се водат како исчезнати откако ферибот се преврте покрај брегот на Кипар.Фериботот, кој се движеше кон Турција од северниот град Киренија, превезуваше 259 патници и осум членови на екипажот. Според турските власти во северен Кипар, спасувачите стигнале до 237 лица. Повеќе од 160 се спасени и извлечени на брегот или се транспортираат. Досега се пронајдени седум тела, додека судбината на 23 лица сè уште е непозната. View this post on Instagram A post shared by Kıbrıs Postası (@kibrispostasi) Идентитетите на жртвите засега не се објавени. Властите исто така не го објавија точниот број на повредени лица. Тие рекоа дека сите повредени кои беа извлечени се префрлени или се префрлаат во болници. Бројни спасувачи, нуркачки екипи и хеликоптер се на местото на настанот, летајќи над областа и помагајќи во евакуацијата на преживеаните. Фериботот се превртел кратко по напуштање на пристаништето. Според преживеаните патници, кратко по напуштањето на пристаништето, забележале дека вода влегува во предниот дел на бродот, за што веднаш ги известиле властите. View this post on Instagram A post shared by BAĞIMSIZ GAZETE (@bagimsizgazetesi) Некои патници кои беа извлечени на брегот тврдат дека „екипажот не реагирал соодветно“ и дека капетанот не почнал веднаш да го свртува бродот и да се враќа во пристаништето. Откако водата веќе многу навлегла во фериботот, тој почнал да го свртува, кога бродот се превртел. View this post on Instagram A post shared by Hasan Öztürk (@mvhasanozturk) Тагови: кипар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook