Амбицијата за вклучување на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО мора да ја унапреди веќе ветената заштита
1Амбицијата за вклучување на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО мора да ја унапреди веќе ветената заштита
3Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
ТенисГрабул повторно напредуваше на АТП листатаМакедонскиот тенисер Димитар Грабул уште еднаш го подобри својот пласман на АТП листата. Тој на најновото рангирање на Светската тениска асоцијација се најде на 655 место или 41 позиција подобро од претходната недела. За Грабул ова е најдобар пласман во неговата кариера на АТП листата. Напредокот на најдобриот македонски тенисер во моментот е резултат на добрите игри и победите на фјучерс турнирите во Белгија. На првите 10 места на листата со најдобри тенисери се: 1. Новак Џоковиќ (Србија), 2. Енди Мареј (Велика Британија), 3. Давид Ферер (Шпанија), 4. Рафаел Надал (Шпанија), 5. Рожер Федерер (Швајцарија), 6. Томас Бердих (Чешка), 7. Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина), 8. Жо-Вилфред Цонга, 9. Ришар Гаске (Франција), 10. Станислав Варвинка (Швајцарија). зс/12:55 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАмбицијата за вклучување на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО мора да ја унапреди веќе ветената заштита„ПреспаНет“ бара иницијативата за УНЕСКО да се заснова врз Договорот за „Паркот Преспа“ од 2010 година, а соработката и активностите за зачувување на Преспа да започнат веднашПо минатонеделната средба на министрите за култура на Албанија, Грција и Република Македонија во Преспа, Грција, прекуграничната мрежа „ПреспаНет“ ја поздравува иницијативата за разгледување на можноста за заедничка номинација на прекуграничниот регион Преспа како мешано природно и културно наследство на УНЕСКО. Ова отвора голема можност одново да се сврти меѓународното внимание кон заедничкиот предел кој има исклучителна биолошка разновидност, културно наследство и живи традиции и да се зајакне соработката за неговата иднина. Признавањето на Преспа како дел од светското наследство би можело да има значајни придобивки за регионот и тамошното население. Ова би можело да го подобри неговиот меѓународен углед, да ја зајакне јавната и политичката поддршка за зачувување на езерата, дивиот свет, спомениците и културните предели, како и да помогне во обезбедувањето на експертиза, партнерства и ресурси за негова заштита. Заедничката номинација би можела да поттикне заеднички пристап во истражувањето, следењето и управувањето на прекугранично ниво, а меѓународното известување и надзорот би можеле да ја зајакнат одговорноста за заштита на вредностите на ова подрачје. За локалните заедници, пак, признавањето би можело да создаде можности за внимателно управуван туризам базиран на природното и културното наследство, поткрепен со заедничко толкување и промоција на наследството на регионот. Ова би можело, исто така, да ја зајакне гордоста што произлегува од разновидните традиции во Преспа и да ги продлабочи врските меѓу заедниците од трите земји. Подеднакво значаен би можел да биде и самиот подготвителен процес. Имено, преку собирањето докази за природните и културните вредности, усогласувањето на приоритетите за зачувување и воспоставувањето на ефикасен систем за заедничко управување би можело да се изгради доверба и да се подобри соработката пред да се донесе каква било одлука за впишување на Преспа на листата на УНЕСКО. Искуството од трилатералното подрачје на Ваденското Море (Холандија, Германија и Данска), кое е дел од светското наследство, е пример дека меѓународното признавање може да се темели на претходно воспоставен рамковен систем за соработка меѓу соседните земји. Таква рамка за Преспа веќе постои. Пред 26 години, на 2 февруари 2000 година, претседателите на владите на трите соседни држави го прогласија формирањето на Прекуграничниот „Парк Преспа“, обврзувајќи се на заштита и одржлив развој на Преспанскиот слив. Во 2010 година, трите држави и Европската Унија го потпишаа Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на „Паркот Преспа“, кој стапи на сила во 2019 година. Тој експлицитно го признава природното и културното значење на преспанскиот слив и предвидува институции за заедничко дејствување. Но, јазот помеѓу дадените заложби и нивното спроведување до ден-денес останува голем. И покрај неодамнешните активности за ажурирање на Стратегискиот акциски план, заедничките институции и натаму се соочуваат со недостиг на континуирана државна вклученост и ресурси кои се неопходни за плановите да се преточат во координирани активности. Постојаните повици на Мрежата „ПреспаНет“ за нивно ефективно спроведување и за сигурно финансирање досега не вродија со плод. Ова не е само мислење на невладините организации, туку е документирано и во препораките на Рамсарската Конвенција упатени до трите држави оваа година. Во меѓувреме, Сливот се соочува со сè поголеми еколошки и социјални притисоци, поврзани особено со климатските промени и опаѓањето на нивото на водата. Заштитата на Преспа не треба да зависи од временската рамка за некое идно нејзино номинирање како заштитено подрачје. Според оперативните упатства на УНЕСКО, државите што предлагаат прекугранично подрачје треба да формираат заеднички комитет за управување или слично тело што ќе раководи со целото номинирано подрачје. Оттука, со реактивирање и со обезбедување соодветни ресурси за институциите на „Паркот Преспа“ би можело да се спроведат и постојниот Договор и предложената номинација за светско наследство. „ПреспаНет“ ги повикува трите влади и Европската Унија експлицитно да ја условат новата иницијатива со спроведувањето на Договорот од 2010 година. Министерствата надлежни за култура и животна средина треба да соработуваат согласно рамката за „Паркот Преспа“, вклучувајќи ги притоа локалните власти, управувачите со заштитените подрачја, научниците, граѓанското општество и жителите. Итен приоритет треба да им се даде на редовните состаноци на заедничките тела, функционален секретаријат и работна група за управување со водите, сигурни финансии од засегнатите страни и заеднички договорена програма на практични мерки, со точно утврдени одговорности, рокови и јавно известување за напредокот. Секоја идна меѓународна номинација - а особено долгиот подготвителен процес што ѝ претстои - мора цврсто да се заснова врз четиристраниот Договор за „Паркот Преспа“ од 2010 година и врз неговото спроведување. Номинацијата треба да ги зајакне институциите, знаењето и заедничкото дејствување без кои воопшто не би било можно да се заштити Преспа. Веродостојната амбиција за стекнување статус на светско наследство започнува со остварување на заштитата што трите држави веќе ја ветиле за овој заеднички слив и за неговото население. „ПреспаНет“ ги обединува Македонското еколошко друштво (Република С.Македонија), Здружението за заштита и зачувување на природата во Албанија (Албанија) и Друштвото за заштита на Преспа (Грција) во мрежа на невладини организации за зачувување и одржлив развој на Преспанското сливно подрачје и пошироко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски најави 1.000 евра просечна плата а нема 600 евра за минимална, на бајките нема крајАрамијата излезе со нова бројка. Просек од илјада евра плата. Како пензиите, исто, што велеше дека се 16 пати зголемени. Како третата економија во Европа. Како Гета што чинел нула.Минималната плата од 600 евра ја одбија во Собрание. СДСМ го поднесе Законот. ВМРО-ОКГ не гласаше. Левица не беше во сала. ЗНАМ не даде глас. Сателитите не застанаа на страната на работникот. Две минимални не ја покриваат ниту намалената владина кошничка. Со кирија, синдикалната кошничка оди над 90.000. Гориво е до плафон. Луѓето немаат за леб. Арамијата црта илјада. Просек од илјада евра плата не се прави со говор. Се прави со дела, со покачување на минимална плата, со намалување на синдикална кошница, со мерките што СДСМ ги предложи уште на почетокот на кризата. Ништо не беше прифатено. Цените отидоа до плафон. Сега доаѓа бајка. Нема 600. Има илјада. Нема плата. Има цртање. На бајките на арамијата им нема крај. Сметката ја плаќа народот. Скопје, 12.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноЧовештвото може да исчезне до 2100 година поради нуклеарна војна и злоупотреба на вештачката интелигенцијаЧовештвото се соочува со истребување до 2100 година поради злонамерната употреба на вештачка интелигенција или нуклеарен конфликт, покажува нова глобална проценка на ризикот.Овие две закани се на врвот на листата од 17 главни закани за здравјето на луѓето во следните 75 години. Тие вклучуваат намалување на трошоците за меѓународна помош од страна на богатите земји, климатската криза и неухранетоста кај децата. Експертите кои стојат зад извештајот на престижното списание „Комисијата Лансет за глобалните здравствени закани во 21 век“ нагласија дека сите овие закани се меѓусебно поврзани, што значи дека мора да се решаваат истовремено. Сепак, тие нагласија дека за секоја од нив постои „реален тек на дејствување“. „Одлуките што лидерите ќе ги донесат денес ќе го обликуваат здравјето и благосостојбата на следната генерација“, рече професорот Кристофер Мареј, копретседател на комисијата и директор на Институтот за здравствени метрики и евалуација на Универзитетот во Вашингтон. За да ја состави листата, комисијата моделирала колку години здрав живот би можеле да бидат изгубени поради болест, инвалидитет или предвремена смрт предизвикана од секоја од овие закани, врз основа на моменталните трендови. Користела мерка позната како години живот прилагодени на инвалидитетот. „Злонамерната употреба на вештачка интелигенција, вклучително и создавањето биолошко оружје, како и нуклеарниот конфликт што би можел да предизвика нуклеарен глад, носат ризик од истребување на човештвото во следните 75 години“, се наведува во извештајот. Авторите додаваат дека веројатноста за вакви сценарија е сè уште мала, но дека нивните последици би можеле да доведат до истребување на човештвото. Во случај на нуклеарен конфликт, доволно честички би можеле да стигнат до горната атмосфера, блокирајќи ја сончевата светлина и предизвикувајќи глад низ целиот свет. Друго сценарио вклучува употреба на биолошко оружје создадено со помош на вештачка интелигенција. Во еден уреднички текст во списанието „Лансет“, објавен заедно со извештајот, се предупредува: „Доколку се материјализираат, обемот на штетата би бил таков што човештвото би доживеало апокалипса“. Други ризици што би можеле да доведат до кумулативна загуба од повеќе од милијарда години здрав живот и затоа се класифицирани како „големи катастрофални закани“, вклучуваат загадување на воздухот, антимикробна резистенција, неухранетост кај децата и климатско нарушување. Листата, исто така, вклучува конвенционални вооружени конфликти, намалување на меѓународната помош, прекумерна консумација на алкохол, висок крвен притисок, нееднаквост во приходите, ниско ниво на образование, природно настанати пандемии, дебелина, нарушено ментално здравје, пушење и нездраво стареење. За да бидат на листата, заканите не само што мораа да имаат потенцијал да предизвикаат голема загуба на години живот поминати во добро здравје, туку и да имаат можни решенија за нивно ублажување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00