Говор за предизвиците за судењето на предметот за пожарот во Кочани: Да продолжиме да бидеме пример на професионалност - Канал 5

Говор за предизвиците за судењето на предметот за пожарот во Кочани: Да продолжиме да бидеме пример на професионалност

Говор на В.Д. Претседателот на Кривичниот суд Скопје, поврзан со предизвиците за судењето на предметот за пожарот во Кочани.

Говор за предизвиците за судењето на предметот за пожарот во Кочани: Да продолжиме да бидеме пример на професионалност

В.Д. Претседателката на Основниот Кривичниот суд – Скопје, денес се обрати на Годишното собрание на Здружението на судии на РМ, истакнувајќи дека Кривичниот суд, но и целиот судски систем во моментов се наоѓа пред еден навистина голем предизвик , односно судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кое е од исклучителна сложеност и општествена важност.

Пред колегите од Врховниот, Апелационите и другите судови во земјата како и членовите на Судскиот Совет на РМ беше истакнато дека :

„Овој процес нема да биде само тест на нашата правна подготвеност, туку и на нашата издржливост, професионалност и независност. Секој од нас е свесен дека ваквите предмети се следат со големо внимание од јавноста, но тоа само дополнително ја нагласува нашата одговорност да останеме доследни на принципите на правдата и владеењето на правото.

Верувам дека како заедница на судии, обединети во истите вредности и стандарди, ќе покажеме дека судството има сила, интегритет и знаење да се справи со секој предизвик — без притисоци, без страв и без компромиси со вистината.

Да продолжиме да бидеме пример на професионалност, достоинство и меѓусебна поддршка. Само така можеме да ја зацврстиме довербата во нашата работа и во правосудниот систем.“

Кривичниот суд воедно побара од надлежните судски инстанци целосно да се вклучат, секој со своите ингеренции, во поддршка на судот за организација и обезбедување услови за ефикасно водење на конкретната постапка со доследно почитување на правата на странките како и присуство на јавноста, а во тој правец ги повика и навреме да реагираат и надлежните Министерства.

Со почит Основен кривичен суд Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)

Албанското Министерство за здравство и социјална помош објави прелиминарен список на повредени за време на денешниот опозициски протест во Тирана. 

Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)

Според официјалните податоци, еден повреден полицаец, двајца претставници на медиумите, од кои едниот е странски државјанин, и неколку демонстранти биле примени во Универзитетската болница за трауматологија до 13:45 часот, објави Телеграфи.

Министерството објави дека сите примени во болницата се во стабилна состојба, свесни и ја добиваат потребната итна медицинска помош.

Според албанските медиуми, екипите за итни случаи веднаш излегле на местото на настанот за да им укажат прва помош на повредените и да ги пренесат во болница, а меѓу оние што биле лекувани имало и еден демонстрант на кого му се слошило за време на протестот.

Протестот на опозицијата во главниот град на Албанија започна со голема тензија откако граѓаните собрани на плоштадот Скендербег ги фрлија првите пиротехнички средства.

YouTube video

За време на протестниот марш по булеварот кон зградата на Владата, некои од демонстрантите ги нападнаа зградите на одредени државни институции по трасата на движењето со разни предмети.

Ситуацијата дополнително ескалираше кога демонстрантите се собраа пред канцеларијата на премиерот. Во тоа време, врз полицајците беа фрлени камења и молотови коктели, на што безбедносните сили одговорија со водни топови и солзавец.

Снимките од местото на настанот го покажуваат плоштадот обвиен во густ чад, вода и пламен од фрлените молотови коктели, додека тензиите во центарот на Тирана продолжуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.

„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)

На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени.

Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Снег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград.

Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час.

Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина.

Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер