Готвачот, кој работел во Плејбој замокот: Хју Хефнер четири години јадеше ист појадок - Канал 5

Готвачот, кој работел во Плејбој замокот: Хју Хефнер четири години јадеше ист појадок

Џозеф Џеј Џеј Рајнхарт со години готвел во Плејбој замокот на Хју Хефнер.

Готвачот, кој работел во Плејбој замокот: Хју Хефнер четири години јадеше ист појадок

На Унилад му открил дека почнал да работи како чирак и на крајот станал готвач. Тој раскажал како е да се работи за познатиот креатор на Плејбој и која е неговата омилена храна.

Покрај него, имало уште осум готвачи кои работеле со полно работно време во замокот и го готвеле секој оброк на Хефнер и подготвуваќе се што ќе посакаат гостите. Тие исто така правеле кетеринг за екстравагантните забави што се одржувале таму.

„Иако имаше милиони, тој сакаше да јаде едноставни работи и обично ги избираше оброците од менито кое нудеше 26 производи“, рече готвачот. "Четири години јадеше ист појадок, мафин. Лесно се подготвуваше", објаснил тој и додал дека Хју ги изненадил едно утро кога наместо мафини побарал матени јајца. „Добро, ќе направиме матени јајца“, му одговорил готвачот некако изненаден.

Тој објаснил како Хју имал некои конкретни барања додека ги подготвувал оброците. Се сеќава дека еднаш го повикал додека го сечел сендвичот и го опоменал да го направи подобро. Готвачот не сакал да го налути шефот, па се трудел. „Би печел околу 20 мисирки за еден ден пред Денот на благодарноста, бидејќи тој сакаше да јаде копанчиња од мисирки. Морав да се погрижам барем една од нив да биде совршено зготвена“, рече тој.

„Хефнер секогаш ги јадеше оброците сам во својата соба, Денот на благодарноста беше единствениот ден во годината кога ручаше со другите“, рече тој. „Доколку отиде да јаде во ресторан, ќе го подготвевме оброкот и ќе го испратевме во кујната на ресторанот со точни упатства како да го послужат во чинија“, открил готвачот.

„Тој беше одличен шеф и поради тоа не ни беше тешко да ги исполниме неговите барања“, ја продолжи приказната Џозеф и додаде дека никогаш не бил сведок на ситуација кога Хефнер ги „допира“ девојките кои се дома и го нарекува „совршен господин“.

Потсетуваме, Холи Медисон, една од поранешните девојки на Хефнер, неодамна тврдеше дека тој не е она што ѝ се претставувал на јавноста. Тврдела дека никогаш не ѝ било дозволено да земе боледување од страв да не биде заменета.

"Јас делев соба со Хеф и никогаш не се чувствував како да можам. Имав операција неколку пати, па не можев да излезам. Живеев во страв од мојата замена, односно дека Хеф ќе донесе друга девојка која ќе ми биде замена.“ рекла таа и додала дека Хефнер дури двапати зад грб внесувал нова девојка во куќата, додека таа не можела да излезе со него во јавност, пишува Мирор.

Покрај Холи, своето искуство од вилата на Плејбој претходно го раскажа и Изабела Ст. Џејмс. „Секоја спална соба имаше неусогласени, случајни парчиња мебел. Се чинеше дека некој отишол во продавница за добротворни производи и купил основни работи за секоја соба. Душеците на нашите кревети беа одвратни, стари, истрошени и извалкани. Чаршафите исто така не беа во најдобра состојба“, изјавила Изабела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Грција им ги забранува социјалните мрежи на помладите од 15 години

Грчкиот парламент донесе закон со кој им се забранува на децата под 15 години да користат социјални мрежи. 

Грција им ги забранува социјалните мрежи на помладите од 15 години

Законот, кој стапува на сила на 1 јануари 2027 година, беше донесен поради растечката загриженост за влијанието на овие платформи врз здравјето и безбедноста на малолетниците, објави Ројтерс.

Премиерот Киријакос Мицотакис изјави дека платформите имаат рок од два и пол месеци да развијат систем за проверка на возраста на корисниците и да обезбедат заштита на нивната приватност. Грција е една од седумте земји-членки на Европската унија кои соработуваат со Европската комисија за решение за проверка на возраста на корисниците.

Слични мерки веќе се забележани во светот. Минатата година, Австралија стана првата земја што законски го ограничи пристапот до социјалните медиуми за малолетници. Во Франција, пак, Уставниот суд го поништи таков закон во август.

Помагање на родителите во борбата против зависноста

Владата нагласува дека со овој потег сака да им помогне на родителите во потиснувањето на таканареченото бесконечно скролување. Тие наведуваат дека овој феномен ги лишува децата од сон, ја нарушува концентрацијата и го одзема времето од поминувањето време со пријателите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладне

Времето денеска ќе биде претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност, информираат од УХМР.

Денеска променливо облачно со дожд претпладне и сончево попладне

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

3 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 6 Маврови Анови, Битола, Крушево, 7 Крива Паланка, 8 Берово, Претор, 9 Охрид, Виница, Прилеп, 10 Куманово, Тетово, Штип, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 12 Велес, Кавадарци, Демир Капија, Скопје-Петровец, 14 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

21 Крива Паланка, 9 Виница, 8 Берово, 4 Куманово, 1 Штип, Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно, во утринските часови ќе има повремен локален дожд, а во текот на денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 24 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, а потоа сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија

23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија, на храброста на оние што се бореа за неа и на одговорноста што ја носиме денес кон идните генерации.

Минчев: 23 Октомври е ден што нѐ потсетува на идејата за слободна Македонија

Идеалите на македонските револуционери се трајна обврска да ја чуваме слободата, да го градиме единството и да создаваме општество во кое правдата, достоинството и еднаквите можности се темел на заедничката иднина.

Нека нивната борба биде поттик да продолжиме со верба, одлучност и посветеност кон силна, просперитетна и демократска држава, во која секој граѓанин ќе може да ја препознае својата иднина.

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Срдечно,

Горан Минчев

Министер за јавна администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер