Гостување на „Сан Карло“ од Неапол со концертен омаж за тенорот Карузо - Канал 5

Гостување на „Сан Карло“ од Неапол со концертен омаж за тенорот Карузо

На 9 октомври во Македонскиот народен театар ќе гостува 18-член ансамбл на театарот „Сан Карло“ од Неапол со концертен омаж за неаполскиот тенор Енрико Карузо, еден од најпознатите оперски пејачи во светот.

Гостување на „Сан Карло“ од Неапол со концертен омаж за тенорот Карузо
Четири тенори се во ансамблот на една од најстарите опери во Европа кои ќе го претстават животот на Карузо низ концертна програма на која се дела од Верди, Доницети, Леонкавало, Пучини, Росини, Маскањи...

Претставата „Енрико Карузо, анализа на една легенда“ настанала како надреално и сугестивно патување низ најважните етапи од неговиот живот, и покрај тоа што се поминати 130 години од раѓањето на познатиот тенор.

Концертот го организира Агенцијата за филм на РМ и е договорен преку соработката со фестивалот „Џифони“, чиј бренд Република Македонија го има од минатата година. Ќе се одржи во рамки на вториот фестивал за млади „Џифони Македонија“ (од 8-ми до 12 октомври), а покрај изведувачите, во Скопје ќе дојде и директорот на „Сан Карло“.

- Очекуваме голем интерес бидејќи се работи за нешто големо и спектакуларно. Доаѓаат најпознатите изведувачи од Италија да ни го приближат Карузо во Македонија... Концертот не е дел од програмата на фестивалот „Џифони“, кој е филмски, но преку „Џифони“ воспоставуваме соработки. Како што лани беше со Управата за заштита на културното наследство, оваа година воспоставуваме соработка со театарот. Покрај главниот фестивал, се обидуваме да воспоставиме и други конекции со Италија. Очекуваме театарите понатаму да соработуваат меѓу себе и без „Џифони“, рече на прес-конференција Дарко Башески, директор на Агенцијата за филм на РМ.

Театарот „Сан Карло“ е симбол на Неапол и храм на италијанската опера. Бил отворен во 1737 година и е најстара оперска куќа во Европа која континуирано работи до денес. Неаполската школа за опера во овој театар вклучувала оперски претстави од реномирани италијански и странски композитори. Театарот „Сан Карло“ денес вклучува опера, танц, музички концерти, балет, театарски претстави.

Вториот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе се одржува од 8-ми до 12 октомври. Директорката Елена Величковска-Николовска најави побогата програма од лани, која ќе биде соопштена дополнително. Соопшти дека во официјалното жири годинава ќе има 530 деца (повеќе во однос на минатата година кога беа околу 400) и 50 проценти повеќе држави во интернационалното жири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Белата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.

Потврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во Кина

Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Куба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. 

Куба се подготвува за можен американски воен напад

Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија.

„Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Кравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот.

Кравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиуми

Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“.

Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер