Гостивар доби монументална скулптура со името на градот

Скулптура со латинични букви од името на Гостивар е поставена во овој град, на самиот влез од Градскиот парк, непосредно до судската зграда. Поставени се седум букви и едно срце изработени од бетон.

Новото и модерно обележје на градот според димензиите е монументално, бидејќи секоја букава е висока два метра. Поставувањето е на иницијатива на Здружението за уметност и култура „Силиндарт", а автор е Бурхан Ахмети, уметник од Гостивар.

– Гостивар, за жал, нема многу објекти од културното наследство, а и тие што ги има се слабо видливи или се во лоша состојба. Па заради тоа и посетителите не можат да ги фотографираат и стават во нивните фото албуми. Во ова време секој сака да понесе дел од некое место. Младите, пак, сакаат нешто атрактивно и современо и сметав дека токму со овој објект ќе им дадеме една можност повеќе за да се фотографираат и да понесат спомен од Гостивар, вели Ахмети.

Формата ќе биде трајна, но изгледот на скулптурата ќе се менува, зависно од приликите. Според Ахмети, на буквите ќе се испишуваат уметнички пораки при одбележување на некој празник во кој ќе бидат вклучени децата.

Наскоро објектот ќе биде осветлен што ќе го прави поатрактивен, особено во ноќните часови.

Склуптурата со името на Гостивар е реализрана со помош на Општина Гостивар и компаниите Им Бетон и Цели Транс./МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер