Гостивар без реакција на денешниот наод на Токсикологија

Во Гостивар нема официјална реакција на денешните информации од Токсикологија, Судска медицина и МВР дека нема пронајдено хемиски причинител за петочните случувања во гостиварското средно економско училиште.

Тогаш 60 лица, во најголем дел ученици и професори, побараа лекарска помош во Гостивар и Скопје со симптоми на вознемиреност, солзење и потешкотии во дишењето предизвикани според нивните кажувања како последица на непријатен мирис што го почуствувале во училиштето.

Јавниот обвинител Ахмед Ахмети најави дека додека официјално не ги добие вештачењата и извештаите од Токсикологија, Судска медицина и Крим техника на земените примероци и од училиштето и од пациентите не може ништо да коментира за своите следни чекори.

Жителите на Гостивар во најголем дел за овие случувања слушнале од медимите но не сакаат тие се се повторуваат во нивниот град.

Од средното економско училите потврдија дека од вчера наствата се одвива со редовна планирана динамика.

На истото стојалиште дека ќе чекаат да се произнесат останатите надлежни институции се и од општина Гостивар од каде рекоа дека остануваат на саботниот став кога побараа целосно расчистување на случајот.

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

 Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

притисни ентер