КошаркаГорјан Марковски официјално нов член на „Фени индустри“Горјан Марковски и официјално ги напушти редовите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром и следната сезона ќе го носи дресот на кавадаречки „Фени индустри“. Иако во изминатиот период, по завршувањето на сезоната, името на Марковски честопати беше поврзувано со трансфер во редовите на Куманово и Работнички, сепак потенцијалниот македонски репрезентативец се реши да премине во редовите на екипата од Кавадарци. - Најважно ми беше што добив уверување од „Фени индустри“ дека ќе добијам поголема минутажа. Пред се, затоа што тоа е предуслов да влезам во потребниот ритам и форма. Факт е дека имав и некои други понуди, но сметам дека направив правилен избор’, потврдува Марковски, кој доби шанса користејќи го правилото за задолжителен настап на млади играчи. Одличните игри придонесоа да се пресели во редовите на МЗТ Скопје со кој освои четири титули по ред, но изминатите две сезони го следеа пехови со повредите на колената, што беа меѓу причините за стагнирање во неговиот најавен развој како голем талент во македонската кошарка. Договорот меѓу Марковски и „Фени индустри“ ќе биде со важност од две години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРежисерот Кустурица на интервју со Путин: „Москва е третиот Рим. Четврти нема да има“Рускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските војници да преминат на руска страна, порачувајќи им дека тоа е „вистинската страна на историјата“. Тој го изјави ова во интервју со српскиот режисер Емир КустурицаРускиот претседател Владимир Путин ги повика украинските војници да преминат на руска страна, порачувајќи им дека тоа е „вистинската страна на историјата“. Тој го изјави ова во интервју со српскиот режисер Емир Кустурица, кое Кремљ го објави во целост. Разговорот бил снимен за документарен филм насловен „Нашето крштевање: Поглаварот“, посветен на 80-тиот роденден на патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква. Путин во интервјуто зборува за војната во Украина, односите со Западот и улогата на православието во Русија. „Што се однесува до украинските војници, не сакам да кажам дека треба да се предадат, бидејќи тоа звучи донекаде понижувачки. На крајот на краиштата, тие се борат – продолжуваат да се борат“, рече Путин, одговарајќи на прашање од Кустурица во врска со односот меѓу Русите и Украинците. „Би сакал да им порачам да преминат на наша страна, бидејќи тоа е нашата заедничка страна – и вистинската страна на историјата“, продолжи рускиот претседател, кој уште еднаш нагласи дека Русите и Украинците треба да се стремат кон единство. Во овој контекст, Путин изјавил дека не се залага нужно за повторно обединување на Русија и Украина во една држава. Тој појасни дека мисли на единство во поширока смисла, како и на соработка меѓу двата народа за постигнување заеднички цели. Путин тврди дека Западот се обидува да ги ослаби и Русија и Украина. Рускиот претседател ги обвини западните земји дека ѝ даваат поддршка на Украина за да ги остварат сопствените интереси. Според него, нивната цел не е да му помогнат на украинскиот народ, туку да ја ослабат Русија и да посеат раздор меѓу народите што тој ги смета за историски поврзани. Притоа, Путин се повика на античкиот римски принцип „раздели па владеј“, тврдејќи дека оваа политика се применува против Русија со векови. Како примери ги наведе инвазијата на Наполеон, како и Првата и Втората светска војна. Според него, западните земји се стремат да ја ослабат Русија, да ја направат попослушна и да ја потчинат на сопствените интереси. Тој им ги припиша истите намери и на земјите кои во моментов ѝ пружаат воена и финансиска помош на Украина. Путин во разговорот со познатиот режисер тврди дека Украина изгубила голем дел од својата индустрија и население по распадот на Советскиот Сојуз. За таквиот развој на настаните тој го обвини украинското политичко раководство, кое го нарече националистичко. „Патриотите ја сакаат својата земја, додека националистите ги мразат другите народи“, рече Путин, тврдејќи дека со Украина управуваат националисти, а не патриоти. Тој уште еднаш ги повика Украинците да размислат за заедничка иднина со Русија. „Русија може да биде арка што ќе ги спаси луѓето“. Голем дел од разговорот бил посветен на православието. Кустурица го прашал Путин дали руската цивилизација би можела да стане еден вид арка што ќе ги заштити христијаните и традиционалните вредности од промените што се случуваат во западните општества. „Може. Апсолутно“, одговори Путин. Тој објасни дека, според него, Русија би можела да понуди засолниште за луѓето кои сакаат да ги зачуваат традиционалните религиозни и семејни вредности – вклучително и оние што доаѓаат од европските земји. Во тој контекст, Путин се осврна на концептот за Москва како „Трет Рим“, според кој руската престолнина е наследник на Рим и Цариград како центар на христијанството. Тој нагласи дека Русија нема намера да ги штити само православните христијани. „Москва е Третиот Рим. Четврти нема да има“, рече Путин, на што Кустурица одговори со насмевка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваФото: Секси скијачка Русокосата Сината Николина е експлозивна и секси! Босанската скијачка се подготвува за историско деби, но, сите зборуваат за нејзиниот изглед.Николина Драгољевиќ, 23-годишна скијачка од Босна и Херцеговина, се подготвува за најголемиот предизвик во нејзината досегашна кариера. Оваа млада спортистка од Пале ќе дебитира во Светскиот куп во алпско скијање, а нејзиниот настап во Леви, Финска, ќе има и историско значење за спортот во Босна и Херцеговина. Со нејзиното деби, Босна и Херцеговина испишува нова страница во својата скијачка историја, бидејќи за првпат ќе има двајца претставници во Светскиот куп, во различни дисциплини. Покрај Николина, боите на својата земја ќе ги брани и Елведин Музаферија. Младата скијачка не крие колку ѝ значи можноста да се натпреварува со најдобрите во светот, а пред големиот предизвик упати порака која покажува колку таа верува во своите соништа. „Доаѓам од мала земја, но моите соништа се големи. Сакам да докажам дека со упорност, напорна работа и верба во сопствените способности, можеш да постигнеш сè што ќе посакаш“, изјави Николина. Сепак, Николина не се посветува исклучиво на спортот. Таа е студентка на Факултетот за физичко образование и спорт и настапува за Скијачкиот клуб „Јахорина“. Интересно е и тоа што младата спортистка го привлече вниманието на јавноста и надвор од скијачките патеки. На Инстаграм ја следат повеќе од 10.000 луѓе, со кои таа споделува детали од својата спортска кариера и секојдневието. За нејзините фанови секако најитересни се фотките на кои Николина е најчесто во секси бикини а во преден план е бујниот задник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Шоу бизЕштон Кучер би можел да стане милијардер, но не поради глуматаХоливудскиот актер Ештон Кучер наскоро би можел да стане дел од клубот на милијардери – не благодарение на неговите актерски хонорари, туку преку неговите инвестиции во вештачка интелигенција. Неговата рана инвестиција во „Антропик“ (Anthropic) – компанијата што стои зад популарниот чет-бот со вештачка интелигенција, „Клод“ (Claude) – би можела да му донесе огромен поврат. Според проценките на „Блумберг“ (Bloomberg), инвестициската фирма „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) – чиј соосновач е Кучер – поседува удел во „Антропик“ проценет на приближно седум милијарди долари. Во 2023 година, преку оваа фирма, Кучер – заедно со менаџерот на Мадона, Гај Осеари – учествуваше во првата голема рунда на институционално финансирање на „Антропик“, пренесува „Индипендент“ (The Independent). Низ годините, инвестициската фирма вложила вкупно 435 милиони долари во „Антропик“ (Anthropic); точниот удел од евентуалната добивка што ќе му припадне лично на Качер сè уште не е познат, пренесува Танјуг. „Антропик“, компанијата што стои зад чет-ботот „Клод“ (Claude), денес треба да започне со тргување на берзата, при што се проценува дека нејзината пазарна вредност изнесува 1,5 трилиони долари, а почетната цена на акцијата е 83 долари, пишува „Индипендент“ (The Independent). 48 годишната холивудска ѕвезда – познат по своите улоги во филмови и серии како „Што се случува во Вегас“ (What Happens in Vegas) и „Лудите седумдесетти“ (That '70s Show) – ја започнал својата инвестициска кариера во 2010 година, кога заедно со Осеари и милијардерот Рон Беркл ја основал фирмата „A-Grade Investments“. Оваа фирма, меѓу другото, инвестирала во технолошки компании како „Спотифај“ (Spotify), „Убер“ (Uber) и „Ер-би-ен-би“ (Airbnb). Во 2015 година, Качер и Осеари ја основаа компанијата „Саунд венчрс“ (Sound Ventures), преку која поддржаа голем број технолошки стартапи, вклучувајќи ги „Дуолинго“ (Duolingo) и „Рисерч-гејт“ (ResearchGate). Според медиумските извештаи, „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) управува со инвестиции во вредност од приближно две милијарди долари, при што околу 800 милиони долари се вложени во компании за вештачка интелигенција, меѓу кои се „Антропик“ (Anthropic), „Опен АИ“ (OpenAI) и „Ворлд лабс“ (World Labs). Претходно оваа година, Качер се повлече од својата раководна улога во „Саунд венчрс“ за да основа нова инвестициска фирма заедно со Морган Белар, поранешен партнер во инвестициската фирма „НФИКС“ (NFX). Новата фирма ќе се фокусира на инвестиции во напредни технологии, инфраструктура, енергетика и таканаречениот сектор на „длабоки технологии“ (deep tech). Качер ќе остане советник во „Саунд венчрс“, додека Гај Осеари и Ефи Епстајн ќе продолжат да ја раководат компанијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08