Гордана Силјановска Давкова вечерва гостин во „Само интервју“

Шест месеци после претседателските избори, ексклузивно интервју со универзитетската професорка и стратешки советник за политички систем на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Почитувани дами и господа,

Нема подобар крај на работната недела од соочување со силата на аргументите а се’ до наоѓање на патот на вистината. А аргументите вечерва ќе ги соочиме со една од лидерите на професорскиот пленум, жесток критичар на двојазичноста и не така голем љубител на концептот „Едно општество за сите“, со универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова која не стана првата жена претседател на Македонија. Шест месеци подоцна како Силјановска Давкова гледа на претседателските изобри во земјава? Што ќе направеше а што не да беше на местото на Пендаровски? Ако не претседателка тогаш барем пратеничка. Ќе се најде ли Силјановска Давкова како носител на листа на претстојните избори догодина? Омилена меѓу студентите длабоко почитувана меѓу колегите, Слијановска Давкова нема причина да моли кај политичарите. Тогаш зошто еминентната, во светот призната правничка реши да го советува лидерот на опозицијата Мицкоски и да го прекрши ветувањето дека во „политиката повеќе никогаш?“ Дали е време да се биде само нем сведок на настаните или да се биде активен учесник во одлуките? Каква стратегија подготвува и што го советува Силајновска Давкова како дел од тимот стратези? Наместо во Европската, Македонија се подготувува за влез во Балканска унија. Дали „Мини шенгенот“ е можност за перспектива или француско кукавичко јајце како подарок од Макрон? Како борец против Преспанскиот договор, неговите поддржувачи ги нарече неимари кои наместо да градат, разградуваат. Има ли сила што ќе ги поништи договорот од Нивици и оној за добрососедство со Бугарија? Владеењето на Заев го нарече авторитарен режим за кој предвидува дека ќе биде УШТЕ ЕДЕН од нив што ќе падне. Дали нејзиното претчуство значи ставење равенство помеѓу владеењето на Заев и на Груевски? На земјава не е и недостасува ниту виното ниту песната. На претек ги има политичарите, аналитичарите, медиумите, судиите, ѕвездите. Дали Македонија наликува на Рим кој векови порано пропаднал низ виното и игрите? За политиката, правото и правдата, за Македонија и македонските работи одговори ќе бараме вечерва само и ексклузивно на Канал 5. Во 18:30 со универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова во „Само интервју“.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер