3Мицкоски за „Брајтбарт“: Американски воени авиони ги користат македонските аеродроми на пат кон персискиот залив
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
РакометГорбок: Предноста е кај нас, ние ги имаме комитите Ракометарите на Вардар в недела во СЦ „Јане Сандански“ го играат натпреварот од 3.коло од Лигата на шампиони против германскиот шампион Рајн Некар. Натпреварот според ЕХФ е „меч на колото“.Станува збор за квалитетен ривал, кој оваа година во Бундес лигата има само еден пораз, потенцираше на денешната прес-конференција тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалес. - Екипата на Рајн Некар е одличен тим. Ова ќе биде тежок натпревар затоа што се соочуваме со лидерот во Бундес германската лига кои имаа осум победи и само еден пораз. Тие многу добро играат особено во одбраната, а го имаат и еден од најдобрите голмани во светот. Мораме да бидеме внимателни посебно во нападот, да не губиме топки, да реализираме затоа што многу се брзи и опасни во контрите, истакна Гонзалес. Според него, Вардар мора да игра на сите позиции добро затоа што, како што рече, на вакви натпревари со силни клубови и кога го даваме максимумот не е доволно да се победи. За рускиот интернационалец Сергеј Горбок, кој доаѓа токму од редовите на овој германски прволигаш, овој натпревар ќе биде тежок, но предноста ја има Вардар затоа што игра во своја сала и на своја страна ќе ги има „комитите“. - Се наоѓаме во добра форма, имаме одличен тренер, функционираме како едно семејство, па ќе одиграме најдобро што знаеме во обидот да стигнеме до трета победа во низа во ЛШ. За да стигнеме до неа треба да одиграме подобро отколку на првите две средби, но ние сме подготвени за такво нешто, нагласи Горбок. Рајн Некар е тим од висока класа кој лани беше елиминиран во четвртфиналето од Барселона за само еден гол. Во Лигата на шампиони имаат еден пораз и една победа, го совладаа Монпелје, но загубија од Веспрем. Натпреварот се игра в недела од 19:30 во новата сала „Јане Сандански“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити плати 100.000.000 евра за тинејџер од МарокоБогатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити го доведе 18 годишниот Мароканец Ајуб Буади од францускиот Лил за 100 милиони евра.18-годишниот фудбалер за врска со гигантот од Етихад потпиша петгодишен договор . Тимот на Енцо Мареска го ангажираше талентираниот фудбалер откако ги продаде Родри на Барселона и Тиџани Рејндерс на Ал-Кадисија. Младиот Буади инаку остави силен впечаток на Светско првенство, настапувајќи како стартер на пет од шесте натпревари за Мароко, репрезентација која беше елиминирана во четвртфиналето. „Ова е посебен ден за мене и за моето семејство. За мене, Сити е најдобриот клуб во светот. Вистински сон е да се биде овде и да можам да кажам дека сум играч на Сити“, изјави Буади. Буади има одиграно 96 натпревари за Лил од своето деби во 2023 година, помагајќи му на тимот да го освои третото место во Лига 1 минатата сезона. На 16-годишна возраст, тој стана најмладиот фудбалер што некогаш заиграл за некој француски тим во Лигата на Европа, а потоа се прослави на светската сцена со клучната улога во победата над Реал Мадрид во 2024 година. „Сити“ работи на реорганизација на средниот ред; Елиот Андерсон веќе е доведен од Нотингем Форест, а подготвена е и посилна понуда за Енцо Фернандез од Челзи.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСекое десетто дете во Македонија било изложено на сексуална злоупотреба со помош на технологијатаСекое десетто дете на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба олеснета преку технологијата, што претставува 12.000 деца на национални ниво, покажува извештајот од резултатите од истражувањето „Disrupting harm“Поеднакво се засегнати и момчињата и девојчињата. во 78 отсто од случаите сторителот бил лице познато на детето, а во 57 отсто од случаите сторителите биле возрасни лица, наспроти 22 отсто во кои биле вклучени врсници. Во 39 отсто од случаите бил вклучен сегашен или поранешен интимен партнер или лице кон кое детето чувствувало симпатии, додека во 27 отсто бил вклучен член на семејството. Во 52 отсто од случаите биле вклучени платформи на социјалните медиуми, додека 30 отсто се случиле преку платофрми за онлајн игри. Најчеста форма е изложувањето на децата на сексуална содржина без нивна согласност, а друга форма вклучувала барања децата да споделат слики или видеа на кои се прикажани нивните интимни делови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на ЦИА во ненајавена посета на Русија, Москва негира дека Ретклиф се сретнал со ПутинДиректорот на ЦИА, Џон Ретклиф, кој вчера престојуваше во ненајавена посета на Москва, не се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков..-Не. Средба со претседателот немаше, одговори Песков на прашање на руските медиуми, без да одговори дали за време на посетата му пренел на Путин некаква порака од американскиот колега Трамп. Песков само кусо посочил дека неговиот престој во Русија бил поврзан со „контакти меѓу тајните служби“.. A convoy with US diplomatic license plates was spotted in Moscow following the arrival of a US military aircraft. At the same time, the Kremlin stated it had no information regarding the aircraft, while Peskov assured that no meetings with US administration representatives were… pic.twitter.com/1VehaaaMe8 — WarTranslated (@wartranslated) August 25, 2026 Ретклиф, вчера тајно ја посети Москва, откако податоците од следењето на летот потврдија дека голем американски воен авион слетал на аеродромот Внуково во Москва. Ова се смета за прва посета на актуелниот шеф на ЦИА и на највисоко рангиран функционер на администрацијата на Трамп на Русија.. Светските медиуми шпекулираат дека целта на неговата посета е нов обид да се издејствуваат преговори за постигнување мировно решение во Украина..Тагови: москва ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26