Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
2Претепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главата
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
РакометГорбок и Чипурин неизвесни за КиелцеРакометарите на Вардар, Сергеј Горбок и Михаил Чипурин до петок ќе бидат на поштеда и нема да тренираат со тимот поради повреди, по што повторно ќе бидат на лекарски преглед, информираат од клубот.Левиот бек на Вардар се повреди на полуфиналниот дуел од Ф4 завршниот турнир на СЕХА лигата во Веспрем, и поради тоа не настапи ниту на натпреварот за трето место. По враќањето во Скопје му беше направен ехо преглед и е констатирано истегнување на мускул на задната ложа на ногата. Во петок потоа повторно ќе има лекарски преглед по што ќе се знае дали Горбок ќе биде во тимот за четврт-финалниот меч со Кјелце. Проблем со ахиловата тетива има и пивотот Чипурин, поради што и тој нема да биде со екипата најмалку до петок. Потоа ќе се знае дали ќе биде потребна дополнителна терапија. Поради повреди во Веспрем не отпатуваа ниту Тимур Дибиров, Матјаж Брумен и Илија Абутовиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМисирка не сака да стане вечера за Денот на благодарноста- и полицијата ја брка по автопат (ВИДЕО)Дива мисирка предизвика брканица на Гарден Стејт Парквеј во американската држава Њу Џерси кога почна да бега од полициско возило, движејќи се меѓу сообраќајните ленти во пресрет на Денот на благодарноста.Инцидентот се случил во среда, еден ден пред американскиот празник Денот на благодарноста, а полицијата на државата Њу Џерси објави видео од брканицата на социјалната мрежа X. Безбедно го напуштила патот Видеото ја прикажува мисирката како трча по автопатот со четири ленти, додека полициско возило ја следи со вклучена сирена. Во еден момент, птицата дури се обидела да лета во средината на патот. „Вчера, мисирка одлучила дека не сака да заврши како главно јадење и повела полицаец во необична брканица по Гарден Стејт Парквеј“, соопшти полицијата. На крајот од видеото, кое трае 22 секунди, птицата може да се види како се оддалечува кон тревна површина покрај патот. Полицијата соопшти дека мисирката успеала безбедно да го напушти патот и да го избегне сообраќајот, но и да избегне да заврши на празничната трпеза. Средби со диви мисирки Ова не е прв пат дива мисирка да биде во центарот на вниманието на патиштата во Њу Џерси. Во 2009 година, властите речиси се откажаа од обидот да фатат дива мисирка која се населила на крстосницата 14Б на автопатот Њу Џерси. Вработените во патарината ја нарекоа Тами, а службениците на државната служба за рибарство и див свет на крајот успеаја да ја фатат со мрежа, објави ABC. Слични средби со диви мисирки се случиле и во други американски држави. Полицијата на државата Висконсин соопшти дека мисирка во Гранд Шут не покажала страв од полицајците и ги сфатила обидите на полицајците да ја избркаат од патот како предизвик. Откако полицаецот се обидел да ја тргне со маневрирање со своето службено возило, птицата почнала да ја клука гумата на неговиот автомобил.Тагови: Денот на благодарноста мисирка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција забрани употреба на шок бомби, откако ученик остана без дланка Употребата на бомбата EF-SON е суспендирана до понатамошно известување во сите полициски операции во Франција, откако 15-годишен ученик во Ленс ја изгуби дланката. Наредбата ја издаде денеска генералниот директор на полицијата, Луј Ложие. Ограничувањето претходно важеше само за протести на средношколци, но сега е проширено на сите оперативни ситуации, според телеграма од генералниот директор на полицијата, која ја виде „Ле Фигаро“. Протестите се во тек низ цела Франција од септември, иницирани од студенти и ученици, барајќи поголеми инвестиции во образовниот систем. Набрзо им се придружија и граѓани незадоволни од високите трошоци за живот. Демонстрантите бараат зголемување на платите и специфични социјални и економски мерки од владата. Синдикатите предупредуваат дека зголемувањето на трошоците за живот ја намалило куповната моќ на вработените и дека голем број вработени во јавниот сектор имаат основна плата пониска од минималната плата. Синдикатите веруваат дека разговорите со француската влада досега не дале конкретни резултати. Премиерот Себастијан Ле Корнеј најави едномесечни разговори за пет области, вклучувајќи и итни мерки за зголемување на минималната плата, но синдикатите инсистираат на општо зголемување на платите, а не само на прилагодувања на минималната плата.Тагови: дланка Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретепана жена се бори за живот на КАРИЛ во Скопје- сопругот ѝ скршил четири ребра и ѝ ја деформирал главатаВечерва во Ургентниот ценатар на Клинички во Скопје е донесена тешко претепана жена.Жената, според извори на Канал 5 , е во тешка состојба. Ја претепал сопругот, кој е од Гостивар. Според соопштението од Ургентен, 42 годишна жена била примена во 18.08 часот со повреди на градниот кош и главата. Биле констатирани тешки телесни повреди и тоа четири скршени ребра( од седмо до десеетто), парцијален пнеумоторакс, како и отоци на главата. Била пренесена на КАРИЛ поради сериозноста на повредите. Според последните информации жената е во критична состојба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter