ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
2ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
1Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
КултураГоран Стефановски ќе биде кремиран , а пепелта расфрлана во Охридското езероНа социјалните мрежи вечерва член на семејството на починатиот великан Горан Стефановски објави дека неговото тело ќе биде кремирано .Драматургот Горан Стефановски ќе биде кремиран на 5 декември во Barham Crematorium во Кентербери во 9.20 часот. Пепелта , по негова желба , во пригодна прилика ќе биде расфрлана во водите на Охридското езеро . Горан Стефановски по кусо боледување почина вчера во близина на Лондон на 66 годишна возраст.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
КултураНоември во Кинотеката: Филмска меморија, историски преиспитувања и поглед кон современостаНоемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ ....Ноемвриската програма на Кинотеката на Македонија претставува разновиден пресек на филмските искуства, историските перспективи и естетските определби што ја обликуваат кинематографијата како уметност, општествен документ и простор на културно паметење. Во неа се испреплетуваат јубилејни проекции на значајни остварувања од македонската кинематографија, современи домашни и регионални продукции, филмски дела од азиските кинематографии и можности за повторно откривање на авторите чие творештво оставило трајна трага во нашата културна историја. Посебно место во овој репертоар зазема документарниот филм „Австралија, Австралија“ на Столе Попов, кој годинава одбележува половина век од својата премиера. Проекцијата е закажана за 28 ноември. Ноемвриската програма започнува со Етнолошкиот филмски фестивал на 3 ноември, по што следува Неделата на јапонски филм, распоредена во неколку вечери меѓу 4 и 10 ноември. Во рамките на одбележувањето на 20-годишнината од премиерата, на програмата е „Тајната книга“ (2006) на Владо Цветановски. Друго важно историско навраќање е проекцијата на „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, закажана за 18 ноември, по повод 55 години од премиерата. Програмата за ноември не останува затворена во историските ретроспективи. Современите продукции ја прошируваат перспективата кон теми што ја определуваат денешната општествена стварност: моќта на корпорациите, историската траума, родовите нееднаквости и наследството на политичките поделби. Во рамките на овој циклус филмови, посетителите ќе можат да ги погледнат „Којотот против системот“ (Coyote vs. Acme, 2026), во режија на Дејв Грин, „Сирак“ (Árva, 2025) на унгарскиот режисер Ласло Немеш и „Скејтбординг не е за девојчиња“ (2026), во режија на Дина Дума. За југословенското наследство и современите идентитетски потраги ќе стане збор во филмот „Југо оди во Америка“ (Yugo ide u Ameriku, 2026), во режија на Филип Грујиќ и Алекса Броковиќ, кој на репертоарот на Кинотеката е на 11 ноември. Во ноемврискиот репертоар е најавена и ретроспективна проекција на дела од творештвото на Дарко Марковиќ, на 21 ноември, како и Недела на грчки филм, предвидена за 25, 26 и 27 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
НБАВидео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца! Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125). Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари. Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар. Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
ЖивотНаставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казнаНаставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува *Welt*.Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако било откриено дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час настава. Како последица на тоа, регионалните власти наредија нејзино принудно пензионирање. Сепак, наставничката ја оспорува оваа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф. Нејзината цел е да продолжи да ја прима својата целосна плата (како да е активна во службата), наместо стандардна пензија – која, во нејзиниот случај, би изнесувала приближно 4.000 евра месечно. Обвинителството бара затворска казна, како и враќање на 248.000 евра, за кои постои сомневање дека биле противправно присвоени. Нејзините деловни активности ја прават состојбата на наставничката уште посложена . Имено, иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа активно развивала козметички производи – за што дури добила и претприемачка награда. Овој случај исто така привлече значително внимание во јавноста поради пошироката ситуација во Дизбург. Градот со години се соочува со сериозен недостиг на наставен кадар во своите 128 училишта, кои опслужуваат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти покренаа посебни кампањи кои вклучуваат воведни обиколки на градот и стимулации, како што е привремено сместување без плаќање кирија.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter