Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година - Канал 5

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Горан Станиќ е назначен за селектор на македонската репрезентација до 21 година. 

Горан Станиќ нов селектор на Македонија до 21 година

Седница на Управен одбор на Фудбалска федерација на Македонија.

Горан Станиќ е назначен за селектор на македонската репрезентација до 21 година. Станиќ е актуелен тренер на ФК Работнички - делба на првото место по првиот дел од тековната сезона во МФЛ и поранешен селектор на младинските репрезентации до 17 и 19 години - пласман во Елитна фаза квалификации 2017 (МКД до 17) и 2019 година (МКД до 19). На Европското првенство - ЕУРО 2020 беше дел од стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија.

Од позицијата селектор во македонската репрезентација до 21 година, Управниот одбор на ФФМ го разреши Драги Канатларовски кој од 2021 година беше предводник на Македонија до 21 година. Низата лоши резултати на младинската селекција се главната причина за разрешувањето на Канатларовски.

Фудбалската федерација на Македонија му се заблагодарува на Драги Канатларовски за се што направи во текот на своето време во репрезентацијата и му посакуваме многу успех во иднина.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за разрешување на селекторите на македонските младински репрезентации.

Вујадин Станојковиќ е разрешен од позицијата селектор на Македонија до 19 години, генерација – 2006. Под водство на Станојковиќ во 2024 година, Македонија не запиша победа во квалификациите. Оствари три победи на пријателски натпревари, три нерешени резултати и четири порази.

Раде Каранфиловски е разрешен од позиција селектор на Македонија до 17 години, генерација 2008. Три победи, десет порази и еден нерешен резултат во 2024 година.

Драган Начевски е разрешен од позиција селектор на Македонија до 16 години, генерација 2009. Три победи, шест порази и еден нерешен резултат на пријателски натпревари.

Исени Иљами е разрешен од позиција селектор на Македонија до 15 години, генерација 2010. Три победи и три порази на контролни натпревари во 2024 година.

Управниот одбор на ФФМ, единствено го продолжи договорот со селекторот на Македонија до 18 години, Ерхан Селими. Селими допрва го почнува мандатот на клупата на македонската селекција до 18 години. Досега нема собир со генерацијата 2007.

На 12. јануари 2025 година на предлог на Горан Пандев - директор на Национални репрезентации и Ѓорги Христов - технички директор ќе бидат доставени предлог имиња за нови селектори на младинските репрезентации.

Вкупен број натпревари на младинските селекции во 2024: 63 16 победи, 12 нерешени резултати и 35 порази.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за дополнување на единствената листа на контролори за 2025 година. Контролорската листа се дополнува со Александар Ставрев, Дејан Јакимовски, Дејан Костадинов, Јосип Бартон и Билјана Миланова. Миланова е ФИФА судија и за прв пат во македонскиот фудбал жена е во структурите на судиската организација.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за нов судиски одбор составен од Александар Ставрев - претседател, Илир Сеља - заменик претседател, Димитар Мечкаровски - член, Дејан Јакимовски - член, Дејан Костадинов - член.

Назначени се нови стручни надворешни соработници во судискиот одбор: Јосип Бартон, Никола Караколев, Горан Спиркоски, Марјан Кировски, Благој Шуклев, Џенан Хајдари, Иса Емрули, Игор Ширилов, Зоранчо Темелков, Билјана Миланова, Зоранчо Илиевски и Бранко Манојлоски.

Формирана е Комисија за делегирање судии во состав: Јосип Бартон - претседател, Зоранчо Илиевски - член, Џенан Хајдари - член.

Формирана е Комисија за делегирање на контролори во состав: Никола Караколев - претседател, Бранко Манојлоски - член и Игор Ширилов - член.

Комисија за имплементација на ВАР систем: Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски, Марјан Кировски, Горан Спиркоски, Јосип Бартон и Никола Караколев.

Комисија за делегирање на женски фудбал: Илир Сеља - делегирање на судии и Билјана Миланова - делегирање на контролори.

Управениот одбор на ФФМ го усвои барањето на ОФС Струмица за повлекување на суспензијата за ОФС Струмица. Со стапување на сила на оваа одлука престануваат правните и спортските последици на ОФС Струмица;

Управниот одбор на ФФМ на седницата по добиено известување за определени неправилност во ОФС Охрид, донесе одлука на закажаното Собрание на ОФС Охрид да нема претставник од ФФМ. Комисијата задолжена за надгледување на изборниот процес има обврска веднаш да ги провери наводите за нерегуларности и во најкраток временски рок да го извести Управниот одбор. Собранијата на Општинските фудбалски Сојузи на кои нема легитимен претставник назначен од У.О. на ФФМ со уредно писмено полномоштно, одреден печат и заверен архивски број не произведуваат правни дејства кон ФФМ и истите од страна на ФФМ нема да бидат признати.

Досегашниот член на Управниот одбор, Лазар Ракиџиев од ОФС Велес поднесе оставка од највисокото тело во ФФМ, од сите тела и органи на ФФМ и општо, најави повлекување од фудбалот. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ му се заблагодарува за досегашните активности во ФФМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Една од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. 

Фото: Меган Фокс непрепознатлива

Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка.

Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес.

Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер.

Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм.

„Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето.

Каква штета“ – беа само дел од коментарите.

Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

На една конференција, шефот на Ферари раскажа дека Џеф Безос му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, како и дека Ferrari треба сериозно да размисли за електричните возила.

Како Џеф Безос го убеди „Ферари“ да го направи својот прв електричен автомобил

Претседателот на Ферари, Џон Елкан, откри дека разговорот од 2016 година со основачот на Амазон, Џеф Безос, одиграл клучна улога во одлуката на италијанската компанија сериозно да го разгледа развојот на електричен автомобил.

На конференцијата, Елкан сподели дека Безос тогаш му рекол оти не знае многу за автомобили, но знае многу за иновации, и дека Ферари треба сериозно да размисли за електричните возила. Десет години подоцна, Ферари го претстави моделот „Luce“ – подготвен за сериско производство и прв целосно електричен модел на компанијата.

„Luce“ предизвика значителни реакции, не само поради својот електричен погон, туку и поради дизајнот. Надворешниот и внатрешниот дизајн беа развиени од студиото „LoveFrom“, во чиј тим е вклучен и поранешниот дизајнер на Apple, Џони Ајв.

Сепак, Ферари истакнува дека Luce останува верен на наследството на брендот во поглед на перформансите. Автомобилот располага со четири електромотори кои испорачуваат вкупна моќност од 1.050 КС и забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди.

Батеријата со капацитет од 122 kWh овозможува деклариран досег од 530 км – што е донекаде скромна бројка со оглед на големината на батеријата. Цената е исто така нетипична за електрични автомобили.

„Ferrari Luce“ чини околу 550.000 евра во Европа, а се очекува цената во САД да биде приближно иста. Џон Елкан нагласува дека Ferrari немал намера да создаде контроверзен автомобил; напротив, разговорот со Безос ја зацврстил убеденоста на компанијата дека треба да ја прифати електрификацијата, пренесува b92.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Секси рагбистка воодушеви со облините

Рагбистката Џејми Чапман успеа да го маѓепса голем дел од машкиот свет со својата модна комбинација за време на доделувањето на наградите „Dally M“ во 2024 година. 

Фото: Секси рагбистка воодушеви со облините

На свечената церемонија атрактивната Џејми се појави во црн фустан од тантела што совршено ги следеше линиите на нејзиното тело и ги истакна нејзините бујни гради.

Провокативната тоалета се одликуваше и со длабок шлиц, а не смееме да го изоставиме ниту фактот дека нејзините прекрасни облини дојдоа до израз во оваа заводлива креација.

Во 2024 година, таа предизвика вистинска помпа на церемонијата на доделување награди, а судејќи според најновите објави на X, повторно поттикна лавина од коментари и реакции кај машката публика.

Нејзините фотографии од таа вечер повторно се актуелни на социјалните мрежи и масовно се споделуваат на X.

Инаку, Чапман е една од препознатливите фигури во женското рагби во Австралија. Таа игра на позицијата центар за тимот „Голд Коуст Тајтанс“ во женската конкуренција на Националната рагби-лига (NRL), а настапува и за „Твид Хедс Сигс“ во женската рагби-лига на Квинсленд.

Исто така, таа ужива голема популарност на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од приватниот и деловниот живот, при што посебно внимание привлекуваат оние од атрактивните модни публикации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер