Горан Станиќ го објави списокот со повикани фудбалери за мечевите со Косово - Канал 5

Горан Станиќ го објави списокот со повикани фудбалери за мечевите со Косово

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година кон крајот на март ќе одигра два контролни натпревара на гостински и домашен терен против соодветната селекција на Косово.

Горан Станиќ го објави списокот со повикани фудбалери за мечевите со Косово

Селекторот Горан Станиќ за овие средби се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Васко Василев, Љупче Џеков и Славе Вргов.

Одбрана: Давид Даилоски, Андрија Димески, Андреј Аризанковски, Анес Мелиќи, Никола Најдовски, Ѓорге Џеков, Марко Стојилевски и Нуман Ајетовиќ.

Среден ред: Матеј Ангелов, Ѓорѓи Дошев, Адриан Зенделовски, Теодор Николовски, Мартин Ѓоргиевски и Никола Манојлов.

Напад: Димитар Данев, Димитар Трајков, Матеј Гаштаров, Михаил Талевски, Кире Стојанов и Хамза Меметриза.

Првиот контролен меч ќе биде одигран на 28 мај, со почеток во 19 часот на стадионот Фадиљ Вокри, во Приштина. Вториот тест дуел со Косово го играме во Скопје, на тренинг центарот „Петар Милошевски", на 31 мај со почеток во 15 часот.

За македонската репрезентација ова ќе бидат последни подготовки пред стартот на квалификациите за пласман на ЕП, кои ќе стартуваат во септември.

Нетанјаху прогласи победа над Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја „постигнала историска победа“ во операцијата „Исправен лав“.

Нетанјаху прогласи победа над Иран

Тој истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп „се придружил на невиден начин“ и му се заблагодарил за „неговата улога во одбраната на Израел и отстранувањето на иранската нуклеарна закана“.

Тој истакна дека нападот на САД врз Иран е „плод на дипломатската кампања што ја водеше со министерот Рон Дермер“. „Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа“, рече Нетанјаху, неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.

„Нанесевме тешки удари на злиот режим“

Нетанјаху тврди дека американските сили го уништиле подземниот објект за збогатување ураниум во Фордо. „Ако некој во Иран се обиде да ја обнови нуклеарната програма, ние ќе дејствуваме со иста решителност, иста сила, за да го спречиме секој таков обид“, повтори тој.

„Повторувам - Иран нема да има нуклеарно оружје“, продолжи тој. Нетанјаху се пофали дека Израел ја уништил иранската програма за балистички ракети и повеќето негови лансери.

„Израел му нанесе тежок удар на злиот режим“, повтори тој. Тој се осврна и на ситуацијата во Газа, велејќи: „Мораме да го победиме Хамас и да ги вратиме заложниците“.

Рама по средбата со Руте: НАТО ќе се ангажира во изградбата на воен терминал во Драч

Албанскиот премиер Еди Рама учествува на Самитот на НАТО, кој за првпат се одржува во Холандија, Хаг, со учество на шефовите на држави и влади на земјите-членки на Алијансата.

Рама по средбата со Руте: НАТО ќе се ангажира во изградбата на воен терминал во Драч

Во рамките на овој самит, Рама и албанската делегација, во која се и министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, министерот за одбрана Пиро Венгу, началникот на Генералштабот на вооружените сили Арбен Кинѓи, остварија средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Рама, преку објава на Фејсбук информираше дека тема на разговорите, меѓу другото, била и големата инвестиција во новото пристаниште Драч, каде што НАТО ќе биде ангажиран за изградбата на воениот терминал.

Исто така, објави дека на состанокот се разговарало и за подготовките за Самитот во Тирана во 2027 година.

„Беше задоволство да се сретнам со генералниот секретар на НАТО и мојот драг пријател, Марк Руте, со кого разговаравме за обврските на Самитот, Западниот Балкан, големата инвестиција во новото пристаниште Драч, каде што НАТО ќе биде ангажиран во изградбата на воениот терминал, како и за подготовките за Самитот во Тирана во 2027 година“, напиша Рама.

Како што и претходно беше најавено на самитот во Хаг треба да се потврди Албанија како домаќин на Самитот на НАТО во 2027 година.

Една држава воведе старосна граница за возачка дозвола- по 80 години нема да се продолжува

Министерството за транспорт и врски во Перу донесе одлука што предизвика жестока дебата низ целата земја.

Една држава воведе старосна граница за возачка дозвола- по 80 години нема да се продолжува

Возачите кои ќе наполнат 80 години нема да можат да ги обноват своите возачки дозволи, со што Перу ќе стане првата земја во светот што воведува такво ограничување, објави Ауто Клуб.

Мерката, донесена со Врховниот декрет бр. 007-2016-MTC, е родена од потребата за подобрување на безбедноста на патиштата со фокусирање на физичкото и менталното здравје на постарите возачи.

Перуанските власти велат дека овој пристап е неопходен поради демографските промени.

Постепени промени за возачите на возраст од 70 до 80 години

Воведен е построг систем за контрола за возачите на возраст меѓу 70 и 80 години. Тие мора да поминат темелни медицински прегледи кои вклучуваат тестови за вид, слух, крвен притисок и когнитивни способности. Покрај тоа, нивните возачки дозволи имаат пократок рок на важење од помладите возачи.

Дефинирани се посебни услови за професионални и непрофесионални возачи. Медицинските и психолошките прегледи се задолжителни за сите возачи над 70 години, без оглед на видот на дозволата што ја поседуваат.

Иако перуанските власти ја претставуваат оваа мерка како неопходен чекор за прилагодување кон предизвиците на остареното население, многу експерти и граѓани го оспоруваат овој пристап. Критичарите истакнуваат дека ваквите правила би можеле да ја ограничат мобилноста на постарите лица и да влијаат на нивната независност.

Интересно е што слични идеи беа разгледани во Европската Унија, но беа отфрлени бидејќи таквите ограничувања би претставувале длабоко нарушување на правата на граѓаните. ЕУ заклучи дека само возраста не е доволно сигурен показател за способноста за возење.

притисни ентер