Google претстави преведувач на египетските хиероглифи - Канал 5

Google претстави преведувач на египетските хиероглифи

Google промовира преведувач на хиероглифи, Фабрициј, кој што ги декодира древните египетски знаци.

Google претстави преведувач на египетските хиероглифи

Оваа одлика е додадена на постојната апликација за уметност и култура на Google. Исто така, им овозможува на корисниците да преведат свој збор и емотикони што можат да се споделат на социјалните мрежи.

Гугл наведува дека Фабрициј е првата таква алатка што се употребува „за да можат да се разберат хиероглифите“.

Во теорија, треба да се подобри со тек на време, додека луѓето почнат да го користат.

Верзијата на Фабрициј им се нуди и на професионалните египтолози, антрополози и историчари за да им го олесни нивното истражување.

Британски експерт ја поздрави иницијативата, но рече дека „големите најави“ треба да се видат во контекст.

„Иако е импресивно, сè уште не е на ниво што може да ја замени потребата од високо обучен експерт за читање на древни натписи“, изјави д-р. Роланд Емарх, професор по египтологија на Универзитетот во Ливерпул.

„Остануваат некои многу големи пречки за читање на хиероглифите, бидејќи тие се рачно изработени и многу се разликуваат со текот на времето, на ниво на сликовни детали и помеѓу индивидуални ѕидари и сликари“.

„Сепак, ова е чекор во вистинската насока“, подвлече тој.

Софтверот му овозможува на корисникот да испраќа фотографии од вистински хиероглифи кои се наоѓаат на артефактите и дигитално да подобра анализа на симболите.

Корисниците можат да ги следат контурите на хиероглифите што софтверот се обидува да ги поврзе со слични симболи во својата база на податоци - дозволувајќи им да бараат различни значења и да се обидат да ги дешифрираат наодите.

Алатката работи со анализа на историски записи и јазични дефиниции. Но, Гугл се надева дека може да изгради пообемна база на податоци од страна на луѓе кои додаваат свои фотографии во базата на податоци.

Истражувачите исто така можат да напишат и ретушираат избледени симболи во оваа програма, за што Google се надева дека ќе доведе до нови историски откритија. Алатката е креирана во соработка со австралискиот центар за египтологија, универзитетот Меквари, Убисофт и египтолози ширум светот.

„Дигитализацијата на текстуалниот материјал што досега е објавен само во книги, целосно ќе го промени начинот на којшто тоа го прават египетолозите“, рече д-р. Алекс Вудс од австралискиот центар за египтологија.

„Дигитализираните и преведените текстови можат потенцијално да ни помогнат да ги реконструираме текстовите по ѕидовите кои немаат делови, па дури и да откриеме текстови што не сме знаеле дека биле таму“.

Лансирањето на софтверот се совпадна со годишнината од откривањето на Каменот од Розета, прв што им овозможи на експертите да научат да ги читаат египетските хиероглифи.

Алатката на Google е моментално достапна на англиски и арапски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем

Додека Венко Филипче се обидува да се претстави како авторитет за здравствениот систем, граѓаните многу добро паметат што остави зад себе додека беше министер.

ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Филипче е симбол на пропуштени реформи, скандали и нефункционален здравствен систем

Наместо реформи и подобро здравство, неговиот мандат беше обележан со низа скандали, афери и неодговорени прашања. Од случајот со набавката на вакцините преку посредник, фирма која претходно се занимавала со трговија со тропско овошје, до аферата „Крвави тендери“ за набавка на тестови и реагенси вредна десетици милиони евра, јавноста никогаш не доби убедливи одговори за сите дилеми што се отворија.

Во исто време, здравствениот систем тонеше во проблеми. Листите на чекање се зголемуваа, пациентите со месеци чекаа за прегледи и интервенции, недостигот од медицински кадар стануваше се поизразен, а јавните здравствени установи се соочуваа со недостаток на опрема, материјали и основни услови за работа.

Граѓаните не можат да го заборават ниту трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица. Наместо преземање политичка и морална одговорност, Филипче остави многу прашања без одговор и чувство дека никој не понесе вистинска одговорност за една од најголемите трагедии во македонското здравство.

Во време на ковид-пандемијата, Македонија беше меѓу земјите со висока смртност по глава на жител, а граѓаните се соочуваа со неизвесност, недостаток на доверба и бројни предизвици во функционирањето на здравствениот систем.

Затоа, сметаме дека човек чиј мандат остана запаметен по афери, скандали и сериозни пропусти нема кредибилитет денес да држи лекции за тоа како треба да изгледа македонското здравство.

За разлика од СДС и Филипче, целта на ВМРО-ДПМНЕ е здравствен систем што ќе биде ефикасен, транспарентен и посветен на пациентите, со инвестиции во медицинскиот кадар, современа опрема, подобри услови за лекување и целосна одговорност за секоја донесена одлука. Граѓаните заслужуваат здравство што ќе работи во нивен интерес, а не здравство кое ќе се памети по афери и пропуштени можности.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Како сега Мицкоски нема „чувство“ кој ја затру водата во Гостивар?

ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите.

СДСМ: Како сега Мицкоски нема „чувство“ кој ја затру водата во Гостивар?

Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал.

Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, тогаш има „чувство“ и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми.

Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш одеднаш нема „чувство“ и сè е „доверливо“ и „во тек на истрага“.

Пет дена информацијата за труењето се криеше од јавноста. Пет дена институциите под контрола на ВМРО-ОКГ молчеа и не презмаа ништо.

Сега, кога се откри дека се криело, ВМРО се обидува да ја претвори темата во „доверливост на информациите“, наместо да ја превземе одговорноста.

Зошто Обвинителството ги криеше податоците од анализата на водата? Кого штитеше сега? Кој ја затру вода која заврши во водоводот?

Ако ВМРО-ОКГ навистина верува во доверливост и истрага, тогаш нека објасни зошто министерот за здравство и здравствените инспекции молчеа пет дена.

Нека објасни зошто резултатите од анализите сè се криеа од граѓаните.

ВМРО-ОКГ има „чувство“ само кога треба да напаѓа. Кога треба да одговара за својата неспособност и прикривање - тогаш одеднаш сè е „истрага“ и „доверливо“.

Граѓаните на Гостивар не сакаат изговори. Сакаат одговорност. И таа одговорност не може да се крие зад зборовите „доверливост“ и „истрага“.

Скопје, 21.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп воведе царина од 50% на широк спектар на стоки увезени од Канада

Трамп воведе царина од 50% на широк спектар на стоки увезени од Канада, како одмазда за она што го нарече „нееднаков третман“ на американските автомобили, млечни производи и алкохол.

Трамп воведе царина од 50% на широк спектар на стоки увезени од Канада

Секојдневните потрошувачки производи како вино и стапови за хокеј и индустриски стоки како цемент се меѓу целните стоки.

Сепак, неколку клучни извозни производи ќе бидат поштедени, како што се енергијата, критичните минерали и рибата.

Премиерот Марк Карни одговори велејќи дека Канада е подготвена да ги „интензивира“ трговските разговори со САД во наредните недели.

Белата куќа соопшти дека царините ќе стапат на сила за 30 дена. Тоа означува голема ескалација на трговските тензии меѓу северноамериканските соседи.

Новите давачки се однесуваат на сите опфатени стоки, без оглед на тоа дали производот бил вклучен во постојниот договор за слободна трговија меѓу Канада, САД и Мексико.

Тој, исто така ги наведе „заканите за канадскиот суверенитет“, повикот на Трамп северниот сосед на Америка да стане 51-ва американска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер