ТехнологијаGoogle пет години ќе и` плаќа на агенцијата AFP за вести во ЕвропаGoogle и француската новинска агенција Франс прес (AFP) вчера објавиле дека потпишале петгодишен договор според кој интернет гигантот ќе и плати на AFP за вести во Европа,но не ја наведуваат вредноста на договорот склучен според новиот француски законДоговорот уследил по 18-месечни преговори за спроведување на Европската директива од 2019 година за таканаречените сродни права, кои се во срцето на повеќекратните глобални спорови меѓу веб-гигантите и медиумите околу плаќањата за користење на интернет вести и други содржини. „Овој договор ја опфаќа цела Европа, на сите јазици што ги користи АФП, вклучувајќи ги и земјите кои не се под европска директива“, рече директорот на АФП, Фабрис Фрис, кој го опишал договорот како „кулминација на долга борба“. АФП произведува и дистрибуира мултимедијална содржина на своите клиенти на шест јазици ширум светот. Откако првично се двоумеле да им платат на француските весници за да ја користат нивната содржина, Google конечно потпишал тригодишен рамковен договор со некои национални весници на почетокот на 2021 година, но беше казнет со 500 милиони евра од органот за конкуренција во средината на јули затоа што „не успеал да преговара добро.“. Гугл се пожалил и ги продолжил преговорите за постигнување нов договор. АФП се борела да обезбеди новинските агенции целосно да ги искористат договорите за сродни права. Фрајс додаде дека договорот ќе придонесе за производство на квалитетни информации и развој на иновациите во рамките на агенцијата. „Овој договор со агенцијата Франс прес ја покажува нашата подготвеност да најдеме заеднички јазик со издавачите и новинските агенции во Франција за темата на авторските и сродните права“, рече Себастиен Мисоф, извршен директор на Google во Франција. Според договорот, АФП ќе понуди и обука за проверка на факти на неколку континенти, чии детали ќе бидат објавени наскоро, се вели во соопштението на компаниите. Светските технолошки гиганти, главно американски, се во серија спорови со Брисел и членките на ЕУ околу даноците, злоупотребата на пазарната моќ, правата на приватност и заработката од содржината на вестите без поделба на приходите. Австралија, исто така, донесе нов закон со кој се бара од технолошките компании да им плаќаат на медиумите за користењето на нивната содржина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter