Google објавува извештаи за движење на населението поради борба против коронавирусот - Канал 5

Google објавува извештаи за движење на населението поради борба против коронавирусот

Google вчера објави извештаи од 131 земја за тоа дали посетите на продавници, паркови и другите места за собирање во март се намалени откако многу влади наредија луѓето да останат дома за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Google објавува извештаи за движење на населението поради борба против коронавирусот

Анализата на Google за податоците за локацијата на милијарди корисници на телефони е најголем пакет на податоци што им се достапни на здравствените власти за тоа дали луѓето се придржуваат кон мерките за карантин.

Извештаите покажуваат графикони за посети на метро, автобуски или железнички станици, продавници и другите локации во период од претходните пет недели.

За некои земји како САД, Гугл исто така објави регионални податоци.

Податоците ги споделиле со невладините истражувачи во неколку земји преку Фејсбук, кој, како Гугл, има неколку милијарди корисници. Но, оваа социјална мрежа не ги објави јавно.

Од коронавирус се заразени повеќе од еден милион луѓе ширум светот, а 52.000 луѓе починале од болеста „Ковид-19“, пренесува Ројтерс.

Епидемиолозите посочуваат дека анализата на трендовите според возраста, приходите и другите демографски податоци може да им бидат од корист на јавните власти.

„Овие извештаи се развиени за да ни помогнат да се придржуваме кон нашите строги протоколи и политики за приватност“, напишаа д-р Карен ДеСалво, шеф на Google Health и Џен Фицпатрик, потпретседател на Google Geo, во блог пост.

Гугл посочува дека има објавено извештаи за да се избегне каква било нејаснотија за тоа што им се предава на властите, додека дебатата за балансот помеѓу приватноста и потенцијалот да се користат технологии за борба против коронавирусот е во тек.

Земјите како Кина, Сингапур и Јужна Кореја бараат од своите државјани да користат апликации и други технологии за да ја контролираат нивната усогласеност со карантинот, но активистите велат дека тоа може да ги загрози нивните индивидуални слободи.

Во извештаите на Google се користат податоци од корисници кои имаат овозможено „историја на локацијата“ на своите мобилни телефони. Корпорацијата потенцира дека има усвоено технолошки мерки за да се осигури дека никој не може да биде идентификуван во извештаите.

Компанијата одби да открие дали поднела законско барање за подетални информации за борба против ширењето на инфекцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка – го известил Собранието, но не и Уставниот суд

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка од судиската функција директно до Собранието, но за тоа не ги известил ниту Судот, ниту претседателот Дарко Костадиновски. 

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка – го известил Собранието, но не и Уставниот суд

Првиот човек на Уставен за Канал 5 потврди дека за оставката на Наумовски дознал од телефонски разговор со собранискиот спикер Африм Гаши, откако судијата не се појавил и на денешната седница без никакво образложение. Го барале на телефон со часови, но не одговарал на повиците. Од Уставниот суд соопштија дека до нив не е доставена официјална информација за оставка, а официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Од законодавниот дом, пак, за Канал 5 потврдија дека оставката на Наумовски е пристигната кај нив.

Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски за Канал 5 вели дека за него и Судот причините за оставката не се познати, а додека официјално не ги добие нема дава дополнителни коментари.

-Денес после седницата на која судијата Гоце не дојде, слушнав непроверена информација дека поднел оставка во Собрание. Информацијата ми беше потврдена од спикерот Африм Гаши. До мене ни до Судот не се обратил и оттука причините за оставката не ги знам. Во овој момент додека не бидам известен официјално од Собранието и не ги видам причините, нема да дадам никаков коментар освен што оставката е личен чин– изјави Костадиновски за Канал 5.

Отсуството на Наумовски беше причина што Уставниот суд и денеска не можеше да одлучува за иницијативите на Левица и Демократи за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Според Костадиновски сега одлука за Изборниот законик ќе се носи штом ќе се избере нов уставен судија, а оставката ќе ја отежне работата на Судот. По заминувањето на Наумовски Уставниот суд ќе остане со седум судии од вкупно девет. Претходно од местото оставка поднесе професорката Јадранка Дабовиќ.

Собранието го избра Гоце Наумовски за Уставен судија во февруари годинава по предлог на на владејачкото мнозинство. Наумовски е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ , а пред изборот беше советник на премиерот и е брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

Денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев. 

Антониа Гиговска и Јордан Митев ќе настапат на одбележувањето на Денот на Општина Илинден

По повод одбележувањето на „Илинден 2 – ри Август“, Денот на Општина Илинден, на 24.07.2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино, Општина Илинден и оваа година подготвува богата културно-уметничка програма за сите граѓани.

Во таа насока, денес во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на прием беа македонските музички артисти Антониа Гиговска и Јордан Митев. На средбата се разговараше за нивното учество во музичката програма по повод Денот на Општина Илинден, каде граѓаните ќе имаат можност да уживаат во нивните најголеми музички хитови.

Со организацијата на вакви настани, Општина Илинден продолжува да инвестира во културниот и општествениот живот, создавајќи можности за заедничко дружење и промоција на домашната музичка сцена.

Општина Илинден ги поканува сите граѓани да бидат дел од одбележувањето на Денот на Општина Илинден и заеднички да уживаат во богатата програма и празничната атмосфера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести низ Украина по одлуката на Зеленски да го разреши министерот за одбрана

Смената на министерот за одбрана Михајло Федоров ги извади Украинците на улица. 

Протести низ Украина по одлуката на Зеленски да го разреши министерот за одбрана

Во Киев и во повеќе други градови се одржаа протести по одлуката на претседателот Володимир Зеленски, кој сѐ уште не ги образложи причините за неговото разрешување.

Федоров, кој ја извршуваше функцијата од јануари беше еден од главните носители на реформите во министерството за одбрана, со акцент на борбата против корупцијата, развојот на беспилотните системи и воведувањето современи технологии во украинската армија.

Според украински медиуми и аналитичари, како можни причини за неговата смена се посочуваат несогласувања со главниот командант на вооружените сили Олександар Сирски, како и незадоволство од темпото на реформите во системот за мобилизација.

Украинскиот парламент треба да гласа за именување на актуелниот министер за внатрешни работи, Ихор Клименко, за нов министер за одбрана. Смената на федоров предизвика и реакции во воените кругови, при што дел од командантите предупредија дека неговото заминување може да го забави процесот на модернизација на украинската армија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер