2Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“
ТехнологијаGoogle минува низ досега најголемата промена- повеќе сајтови ќе бидат погодениСпоред најновите извештаи на порталот Fast Technology, Google воведе значителни промени во својот пристап кон индексирање на содржини на Интернет.Google повеќе нема автоматски да индексира нови содржини за да избегне појава на големи количини на неквалитетна содржина. Винсент Шмалбах, познат технолошки новинар, изјави дека Google сега презема поселективен пристап кон индексирањето на содржината. Оваа промена е одговор на растечкиот проблем со неквалитетната содржина и предизвиците со оптимизацијата на пребарувачите (SEO). Во минатото Гугл беше посветен на индексирање на целиот Интернет, но со експлозивниот раст на содржината, мрежата беше преплавена со неквалитетен материјал. Со порастот на содржината генерирана од вештачка интелигенција, Google се соочува со предизвикот да разликува висококвалитетна содржина од содржина генерирана од машина, што го принуди да ја преиспитаат својата стратегија за индексирање. Новиот пристап значи дека Google сега нема автоматски да индексира содржина, туку тоа ќе го направи само кога ќе процени дека содржината е навистина важна. • Содржината мора да биде доволно нова или да пополни одредена празнина; не е доволно што не е нашироко известувано. • Веб-страниците со висок квалитет во одредени области ќе имаат повеќе индексирана содржина. • Добро познатите страници ќе имаат повеќе индексирана содржина, додека помалите, помалку познати сајтови или блогови ќе бидат под построга контрола. За да избегне пропуштање важни вести или ажурирања, Google привремено ќе индексира нова содржина, но тоа не значи дека содржината ќе остане индексирана на долг рок. Привременото индексирање не мора да значи дека Google ја смета содржината вредна. Овие промени укажуваат на тоа дека Google се обидува да балансира помеѓу обемното индексирање и зачувувањето на квалитетот на информациите што им ги дава на своите корисници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска самит на Процесот Брдо-Бриони во Охрид, Србија ја претставува Александар ЧупиќДенеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова .Денеска Охрид e домаќин на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, во организација на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова заедно со претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ. Процесот Брдо-Бриони е регионална дипломатска иницијатива започнува во 2013 година од Словенија и Хрватска, со цела европска интеграција на Западен Балкан и зајакнување на регионалната соработка. Синоќа се одржа и неформална вечера во организација на претседателката Сиљановска -Давкова со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони. Во фокусот на разговорите беа регионалната соработка, добрососедските односи, стабилноста и европската перспектива на Западен Балкан. -Дијалогот, меѓусебната доверба и заедничката посветеност се клучни за изградба на стабилен, просперитетен и европски регион,, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“Осум лица се повредени и пренесени во Општата болница во Охрид по пожар што вчера избувнал во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во градот. Поради пожарот, како што соопштија од секторот за внатрешни работи Охрид за локалните медиуми била извршена евакуација на жителите на заградата, а полицијата лишила од слобода едно лице поради основано сомневање дека го предизвикало пожарот. Според информациите на полицијата, станува збор за 55-годишен охриѓанец со иницијали Ц.Н., кој се сомничи дека предизвикал пожар во својот стан.По добиената пријава, на местото на настанот интервенирале полициски службеници од СВР Охрид, екипи на територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински тимови. Повеќе станари биле безбедно евакуирани од зградата, додека осум лица со здобиени повреди и отежнато дишење со возила на итната медицинска помош биле однесени на болничко згрижување. Од СВР Охрид соопштуваат дека во соработка со надлежните служби се преземаат дополнителни активности за помош на евакуираните станари и стабилизирање на состојбата на терен.Тагови: охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоОблачно со повремени врнежи од дожд и температура до 12 степениСпоред УХМР времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter