3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
РакометГонзалес: Заслужено победивме, иако не беше лесно Тренерот на македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, Раул Гонзалес беше задоволен од играта на неговите избраници кои синоќа во Лигата на шампионите го победија Монпелје и останаа во трка за втората позиција на табелата во групата Ц. - Ова беше важен натпревар за нашата екипа, и задоволен сум што успеавме да го одиграме договореното. Монпелје е лидер во францускиот шампионат, што доволно говори за квалитетот на екипата. Сепак, ние одигравме квалитетно и сосема заслужено стигнавме до победата, иако воопшто не беше лесно. Следниот викенд го играме клучниот натпревар за второто место во групата, изјави Гонзалес на прес-конференцијата по натпреварот. Еден од најзаслужните за триумфот на „црвено-црните“ беше Тимур Дибиров. Левото крило на Вардар постигна 12 гола, и го предводеше својот тим до шестата победа во ЛШ оваа сезона. Тој е задоволен од формата во која се наоѓаат ракометарите на Вардар, и најавува борба за двата бода и на гостувањето во Германија. - Најпрво честитки за екипата на Монпелје, која одигра многу квалитетен натпревар. Тие секогаш играат со исто темпо, без разлика на моменталниот резултат. Ние го знаевме тоа, па не им дозволивме да ја преземат контролата на мечот. Нашата игра влева многу оптимизам, и верувам дека на последниот натпревар во Германија може да победиме и на крајот да останеме второпласирани во групата, изјави Дибиров. Вардар во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Монпелје со 30:26. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени. Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди. Тагови: Парагвај Црн петок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоБалканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степениСнег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград. Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час. Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина. Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МакедонијаАлбанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независностаАлбанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег... Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31