Гонзалес: За да останеме втори, треба да го победиме Монпеље - Канал 5

Гонзалес: За да останеме втори, треба да го победиме Монпеље

Тренерот на македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, Раул Гонзалез на денешната прес-конференција рече дека неговиот тим мора да ги освои бодовите на дуелот в сабота со Монпеље за да го зачува второто место на табелата.

Гонзалес: За да останеме втори, треба да го победиме Монпеље
- Не очекува многу тежок натпревар кој мора да го добиеме за да останеме на второто место. Противникот Монпелје има квалитетен тим, а тоа го потврдува лидерското место во Француското првенство. Играат многу незгоден ракомет за нас, менуваат неколку формации во одбраната, 3-2-1, 6-0, 5-1. Сепак, ние добро сме подготвени и очекувам да се прикажеме во вистинско светло, изјави Гонзалес.

Тежок дуел очекува и капитенот на „црвено-црните“ Филип Лазаров.

- Монпеље е силна екипа со гостински победи против Цеље и Чеховски Медведе, а беа блиску и до бодови во Веспрем. Значи не очекува многу тежок натпрвар и многу важен за конечниот пласман во групата, потенцира Лазаров.

Во пресрет на саботниот дуел со францускиот претставник, Вардар се соочува со мали проблеми поради отсуството на неколкуте последни тренинзи на триото Немања Прибак, Алем Тоскиќ и Алекс Душебаев, играчи за кои тренерот Гонзалес верува дека ќе му бидат на располагање.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 19 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Мароко во пенал рулет ја елиминира Холандија, а Парагвај Германија

Ноќ на изненадувања на 23 Светско фудбалско првенство. Елиминирани фаворитите за висок пласман, Германија и Холандија.

СП2026: Мароко во пенал рулет ја елиминира Холандија, а Парагвај Германија

Светскиот шампион од Бразил, силната Германија уште на стартот на елиминациската фаза го заврши своето учество на Мундијалот во САД, Канада и Мекдсико, слична судбина доживеа и фаворизираната Холандија.

Популарните панцири, во елиминациската рунда се декласирани од незгодниот Парагвај на панели откако во регуларниот тек дуелот заврши без победник 1-1.

Во пенал рулет е елиминирана и селекцијата на Холандија.

Фудбалерите на Мароко се квалификуваа за осминафиналето на Светското првенство со победа над Холандија по подобро изведување на пенали.

Во регуларниот дел натпреварот заврши со 1:1истиот епилог беше и по двете продолженија од по 15 минути, за потоа во пенал рулетот африканската репрезентација да извојува голема победа со 3-2.

Во осминафиналето Мароко ќе игра против еден од кодомаќините на Мундијалот, тимот на Канада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне услови за локална појава на нестабилност

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информифраат од УХМР. 

Сончево и топло, попладне  услови за локална појава на нестабилност

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Скопје времето ќе биде , сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од денеска попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт

Најдобрата тенисерка на Македонија Лина Ѓорческа денеска отвора нова страница во историјата на нашиот спорт. 

Лина Ѓорчевска дебитира на Вимблдон, ден за историја во македонскиот спорт

Ѓорческа точно на пладне во 12 часот го игра првиот меч за една македонска тенисерка на Грен слем турнир, и тоа меч на легендарниот Вимблдон, неофицијалното светско првенство во тенис.

Противничка на Лина е минатогодишната финалистка, шестата тенисерка на светот, Американката Аманда Анисимова.

На патот кон најголемиот светески турнир, Ѓорческа во квалификациите извојува три големи победи,против Анхела Фита Болуда од Шпанија со 2-0,потоа ја победи Португалката Франциска Жорге со 2-1 за на крајот Лина да биде подобра и од Лаура Бронцети од Италија со 2-0 во сетови (6-1 6-2).

На Лина и посакуваме успех и во денешниот историски меч за продолжување на сонот, успешен настап на Грен слемот во Вимблдон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер