РакометГонзалес: Вардар има квалитет, проблем се многуте повредени играчи Новиот тренер на македонскиот ракометен шампион Вардар, Раул Гонзалес Гутиерез, по првите одржани тренинзи излезе со оценка дека екипата има квалитет рамноправно да се натпреварува со било кој противник во елитното клупско натпреварување.- Од неколкуте тренинзи што ги имавме, можам да заклучам дека екипата има многу добри играчи, кои пред се имаат одлична висина. Тоа се ракометари кои може да се спротистават на било која екипа во Лигата на шампионите, и единствен недостаток засега, е големиот број на повредени играчи на бековските позиции. Но, ќе мора да најдеме начин да го надополниме тој недостаток, стои во изјавата на Раул на официјалната веб страна на РК Вардар. Шпанецот најавува мали промени во играта, како во одбраната, така и во нападот. - Мислам дека ќе има некои промени во двата правци, ќе го промениме стилот на игра, меѓутоа за тоа е потребно малку време, и затоа ќе работиме чекор по чекор. Сега засега немаме конкретно решение на позицијата лев бек, бидејќи Лазаров е повреден, а Растворцев нема да настапи до крајот на сезоната. Се надевам дека Лазаров ќе се врати многу брзо, и ќе се приклучи на екипата во најважниот дел од сезоната, додава Раул. Вардар утре против Веспрем ќе го игра првиот натпревар под водство на новиот тренер. - Овој натпревар ќе биде одличен тест, да видиме колкави се нашите можности, против една од најдобрите европски екипи. На овој меч ќе настапиме без неколку стандардни играчи, така што резултатот не ни е во преден план, туку проверка на можностите. Сепак, Вардар е екипа која секогаш оди на победа, така што и на овој меч, иако е пријателски ќе се обидеме да стигнеме до позитивен резултат, заврши новиот тренер на Вардар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаССМ: Синдикална минимална кошница за месец септември 2026 годинаСојуз на синдикатите на Македонија денеска ја објави Синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година.Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година изнесува 69 432,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2026 год. која изнесува 68 675,00 денари е зголемена за 757,00 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец септември изнесува 84 807,00 денари. Структура на новата СMK за месец септември 2026 година 03. Станарина, вода, електрична енергија 21.754 и греење ( со изнајмен стан 60м2 ) Синдикална минимална кошница вкупно: 84.807 100 %Тагови: ССМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФицо: „Војната меѓу Русија и Украина не е наша“ Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека војната меѓу Русија и Украина „не е словачка војна“ и нагласи дека ќе стори сè за да спречи Словачка да биде вовлечена во, како што рече, „неодговорна воена авантура“.Во видео-порака објавена на Фејсбук, Фицо изјави дека не сака конфликт меѓу НАТО и Русија и оцени дека секој што сака да предизвика таков конфликт заради сопствените национални интереси, треба да ја сноси одговорноста за таквата одлука. „Војната меѓу Русија и Украина не е наша, словачка војна. Ако некој сака да предизвика воен конфликт меѓу НАТО и Русија за да ги задоволи сопствените национални интереси, тогаш мора и да преземе одговорност за таков чекор, а не да ја префрла на другите членки на НАТО“, рече Фицо. Тој оцени дека е многу лесно да се најде изговор за започнување војна, но дека државите се доволно развиени за да можат да направат разлика меѓу вистински вооружен напад и, како што рече, измислена провокација. „За време на мојата влада, никој нема да испрати словачки војници надвор од територијата на Словачка за да се борат против Русија или која било друга земја под измислен изговор“, изјави словачкиот премиер. Зборувајќи за членот 5 од Северноатлантскиот договор, Фицо рече дека оваа одредба, во случај на вистински вооружен напад врз една или повеќе членки на НАТО, остава широки можности за пружање помош на нападнатата држава. Истовремено, тој повика на крај на, како што рече, „приказната за лажната солидарност“, наведувајќи дека земјите од Европската Унија не се способни да покажат солидарност дури ни кога станува збор за цените на електричната енергија, а камоли кога се работи за смртта на војници. Фицо изјави дека Словачка ќе продолжи да води „суверена“ политика, притоа почитувајќи го своето членство во Европската Унија и во НАТО. „На тлото на Европската Унија нема да се откажеме од нашите суверени ставови, кои имаме намера да ги продлабочиме во рамките на соработката на Вишеградската група. А во НАТО сакаме да бидеме сигурен партнер, а не играчка во рацете на другите, и наш доминантен збор ќе биде мирот, а не војната“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФото: Нејмар го изненади ОлисеФранцускиот репрезенативец Мајкл Олис блесна во победата на Баерн Минхен над Унион Берлин, а по натпреварот доби подарок што не го очекуваше.Францускиот напаѓач постигна три гола и запиша една асистенција, потврдувајќи дека е еден од клучните играчи на Баварците оваа сезона. Сепак, она што се случи по натпреварот привлече речиси исто толку внимание колку и неговата игра на теренот. Олисе доби дрес од Нејмар, а подарокот му го врачи новинарката Изабела Паљари. Таа веќе еднаш приреди слична сцена, кога му го подари дресот на бразилската ѕвезда на Дезире Дуе. За Олисе, кој важи за многу повлечен фудбалер и човек чии прослави на голови се главно крајно смирени, реакцијата беше необична. Кога го виде дресот на Сантос, на лицето му се појави широка насмевка. Дресот пристигна како еден вид порака од Нејмар, поранешниот играч на Пари Сен Жермен и Барселона, а Олисе возврати на гестот. Французинот потоа му го испрати својот дрес на Бразилецот, со што продолжи оваа интересна размена.Тагови: Баерн Минхен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook