Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
3Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
РакометГонзалес: Со максимално залагање до победа против Фленсбург Играме важен историски натпревар како за тимот така и за Македонија, истакна денеска на прес-конференција тренерот на ракометарите на Вардар Раул Гонзалес во пресрет на реванш натпреварот од четвртфиналето на ЛШ против Фленсбург.- Морам да им се заблагодарам на играчите бидејќи тие се „виновни“ за ова што ни се случува. Изиграа многу добро во Германија, а сега имаме шанса која треба да ја искористиме за да се пласираме меѓу четирите најдобри екипи, рече Гонзалес. Додаде дека Фленсбург е екипа која игра ракомет во сите 60 минути, немаат многу истакнати поединци, но играат комлетно тимски. - Мораме да ги елиминираме грешките од натпреварот во Германија за да можеме со помалку грешки да настапиме на овој натпревар. Мораме да изиграме добра одбрана, но не можеме да менуваме многу во моментов затоа што ако направиме големи промени може да ни се случи нешто лошо. Ќе си ја играме нашата игра со максимално залагање од првата до последната минута, нагласи Гонзалес. Тренерот на вардарци, е свесен за силината на противникот, но како што потенцира, неговиот тим ќе го даде максимумот за да оствари победа со која ќе ја израдува цела Македонија. Капитенот Филип Лазаров предупреди дека Вардар в сабота ќе полага тежок испит кој ќе треба да го положи, но истовремено очекува поддршка од верната публика која би ги однела него и неговите соиграчи до огромна победа. - Ова ќе биде многу тежок испит за нас, можеби најтежок до сега каде професорот ќе биде многу строг и ќе бара многу точни одговори. Ние ќе треба да одговориме на тој предизвик бидејќи на прагот сме да испишеме историја, рече Лазаров. Во однос на тактиката, Лазаров истакна ќе биде потребно да се игра со мал број на погодоци бидејќи, како што посочи, Фленсбург е навикнат да дава два гола во една минута. - Тие се нервираа таму со нашата бавна тактички добра игра. Ако на други напревари давале по два гола во една минута, против нас во последните десет минути дадоа два гола, додаде Лазаров. Екипата на Фленсбург пристигнува утре во 12 часот, а ќе биде сместена во хотелот Александар Палас. Натпреварот в сабота започнува во 17 часот во арената „Борис Трајковски“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров Влегле низ задната врата, ја извлекле од постела, ја врзале и малтретирале, а потоа ја ограбиле и убиле, ова се неофицијално деталите од убиството на 76 годишна жена од Ѓорче Петров, која утринава беше пронајдена мртва во својот дом. Станува збор за грабеж кој резултирал со убиство, второ во Ѓорче Петров за само пет дена, откако во населбата во Хром, исто така со траги на насилство, беше пронајден мртов 62 – годишен маж. Жртвата, жителка на улицата Ѓурчин Кокале, утринава околу 9 часот ја пронашна нејзината ќерка, која дошла да ја посети и да и помогне околу домашните обврски. Убиството, според неофицијални информации, не е извршено со огнено оружје. Токму ова е куќата, белата во позадина каде утринава била пронајдена жената од страна на својата ќерка. Според неофицијалните информации, била убиена во дневната соба. Убиената била мирна и тивка жена со здравствени проблеми, велат соседите кои се шокирани што на оваа улица, на која немало поголем инцидент, се случило убиство, бидејќи истата важи за една од најбезбедните и најмирните улици во Ѓорче Петров. Сега велат, стравуваат за себе и најблиските. На оваа улица јас живеам можеби 30-40 години, вакво нешто не се случило, немало ни грабежи, ни ништо. Девојченцето, ете се случило тој ден да одат во Маврово, кога се вратиле, кога ја затекнале, мртва. Значи треба да се заклучуваме и денски и навечер, ниски се оградите. Ова е прва случка ваква, немало досега, не знам за понатаму што да кажам. Канал 5 ги затекна екипите на МВР кои вршеа увид на местото на злосторството, по сторителите во моментов се трага. -Во 09:18 часот во СВР Скопје, М.А. пријавила дека во куќа на ул. Ѓурчин Кокале ја пронашла нејзината мајка О.А. без знаци на живот. Од страна на итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство,- - Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Неофицијално, според извори на Канал 5 од истрагата, полицијата истражува дали има можна поврзаност помеѓу двете убиства во изминативе пет дена. Според информациите, и 62 годишникот е убиен по разбојништво. Од обвинителството посочуваат дека се преземаат сите дејствија за расчистување на убиствата. Неофицијално, едно лице осомничено за двете убиства во скопската населба Ѓорче Петров е приведено и во моментов се наоѓа во полициска станица.. За ова нема официјална потврда од МВР... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter