Гонзалес го враќа Лазаров за борба со Шпанците - Канал 5

Гонзалес го враќа Лазаров за борба со Шпанците

Раул Гонзалес ја искористи првата од двете можни замени во главната фаза на Европското првенство во Хрватска, за да го врати Филип Лазаров во екипата.

Гонзалес го враќа Лазаров за борба со Шпанците
Левиот бек на Бешикташ е закрепна по малата повреда и ќе се врати да помогне против репрезентацијата на Шпанија. Место ќе му отстапи Никола Маркоски, што значи Раул првпат ќе биде без тројца пикери на еден натпревар.

Филип Лазаров одигра одлично на првите два меча, со ефект пет од пет, но го повреди бутниот мускул, па фактот што бевме први во групата и играме дури в недела му излезе во пресрет за комплетно да се рехабилитира.

Никола Маркоски досега беше повеќе користен во одбраната, има само еден од еден во нападот, меѓутоа за дефанзивните задачи тука е неговиот брат Велко. Тој влезе во составот токму пред 3. коло, кога Лазаров се повреди.

Мечот против Шпанија се игра утревечер во 20.30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Турски борбен авион Ф-16 денес се урна за време на тренинг-лет во северозападната турска провинција Јалова поради технички дефект.

Авион Ф-16 се урна во поле во Турција

Видео снимки покажуваат експлозија и црн чад како се издигнуваат од полето каде што падна авионот. пилотот се катапултираше и ја преживеа несреќата“, соопшти турското министерство за одбрана.

YouTube video

Оттаму додаваат дека причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага.

Според првичните информации, пилотот се спасил со катапултирање со падобран, по што на местото биле испратени медицински и противпожарни екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.

Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година

Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка.

Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот.

Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители.

Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

По Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.

Караванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во Велес

Таму е Сања Трајковска Ставров.

Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер