Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ЗабаваГолтка среќа за секој ден од годината!Најдобриот македонски бренд за сокови воведува нов начин на интеракција – сонуваме, поддржуваме, споделуваме е суштината на новата ВИВА платформа.„Сподели среќа“ е првата порака со која домашниот бренд ВИВА деновиве ја промовираше својата нова платформа „Голтка среќа“. Првото празнично видео ни ги стопли срцата и нѐ потсети дека миговите на среќа подолго траат во друштво на оние што најмногу ги сакаме. Што е среќата ако не е момент споделен со најблиските? Спомен од мирисот на топлите колачиња на баба и чаша цеден сок од капина. Ладна боровница, по напорен работен ден или коктел сокче после забавна авантура. ВИВА со децении се прв избор, кога станува збор за изборот на полна чаша здравје. „Големиот избор на ВИВА сокови е наменет за сите генерации, од мaлите дечиња до највозрасните, значи дека секој различен ВИВА сок, секоја негова голтка, за оној кој што ја пие претставува нешто различно и посебно. Но она што е заедничко кај сите нив е што таа голтка секогаш е голтка исполнета со нешто прекрасно и позитивно, односно секоја голтка ВИВА сок претставува ГОЛТКА СРЕЌА. “ – изјавија од маркетинг тимот на ВИВА. Новата ВИВА платформа нѐ потсетува колку е важно да бидеме заедно со најблиските, да споделуваме мигови на среќа затоа што само тие се памтат и дека токму оние кои најмногу ни значат се нашата најголема поддршка за остварување на соништа. Погледнете го најновото ВИВА видео во друштво на оние што најмногу ги сакате, наздравете со голтка среќа, сонувајте со отворени очи и замислете си ја и најневозможната желба затоа што таквите се остваруваат кога најсилно сакате. Вива сокови како водечки бренд во Македонија, во категоријата природни овошни сокови, секогаш на пиедесталот го става квалитетот, додека со својата богата палета на вкусови ги следи тековните трендови за здрава исхрана, кои ги задоволуваат потребите на брзиот начин на живот. Природни и богати со витамини, ВИВА соковите се неизоставен дел од секоја трпеза. Чувари на здравјето и имунитетот во секој дел од денот. Очекувајте го наскоро следното видео од серијата, а во меѓувреме Продолжете да сонувате! Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Црна хроникаСо „Ролс-ројс“ возел со 194 км/час на автопатот Гостивар- Тетово, гостиварецот е приведен Мобилната единица на МВР со полициски пресретнувач откри возач кој управувал „ролс-ројс“ со брзина од 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово.Вчера во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли на територијата на целата држава, вклучително и со употреба на специјалните полициски возила – пресретнувачи, со цел навремено откривање и санкционирање на несовесните возачи, унапредување на безбедноста на патиштата и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Непочитувањето на ограничувањата на брзината претставува еден од главните фактори за предизвикување сообраќајни незгоди, кои неретко имаат сериозни последици по човечките животи, здравјето и имотот. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
СветПет минути ужас во православната црква во Јордан – убиени се најмалку 7 верници (ВИДЕО)Сцени на паника во црква во регионот Карак во Јордан се снимени на видео од внатрешноста на зградата во моментот на вооружениот напад во кој загинаа седум лица, а најмалку 34 беа повредени, од кои некои сериозно.Видео снимката што е објавена во јавноста покажува толпа верници како трчаат во паника и бараат засолниште штом се слушнале првите истрели, објави Прототема. Најмалку едно лице се чини дека паѓа мртво од огненото оружје на напаѓачите, кои влегле во областа со оружје во рацете. Двајца вооружени лица (со трето лице) излегле од возило и отвориле оган за време на погреб во селото Хамуд во покраината Карак, соопштија јорданските власти. - Најмалку седум лица се убиени во пукотница во грчка православна црква во селото Хамуд, во покраината Карак. Дирекцијата за јавна безбедност соопшти во соопштение. Очевидец изјави за телевизиската мрежа Ал-Мамлака дека напаѓачите пукале пет минути пред да избегаат. Тој рече дека меѓу 150 и 200 луѓе биле присутни во и надвор од црквата во времето на пукотницата. A heinous terrorist attack against Saint George Greek Orthodox Church in Jordan has killed six people and injured many others. When an al-Qaeda commander is elevated to the presidency of a neighboring country, the consequences extend far beyond its borders. https://t.co/cxaHmFUUms — Greco-Levantines World Wide (@GrecoLevantines) October 23, 2026 Повеќето од жртвите биле на возраст меѓу 50 и 70 години. Во тек е истрага за идентификување и пронаоѓање на напаѓачите. Областа Карак, со население од околу 375.000 жители, е дом на голема христијанска заедница. Ваквите насилни напади не се вообичаени во Јордан, иако имало неколку крвави инциденти.Тагови: Јордан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: Растот на минималната плата од 67% ја покажува разликата меѓу двете владеењаВЛЕН оценува дека растот на платите останува едно од клучните прашања за подобрување на животниот стандард на граѓаните.ВЛЕН оценува дека растот на платите останува едно од клучните прашања за подобрување на животниот стандард на граѓаните, а податоците за минималната плата покажуваат зголемување на номиналните приходи на работниците во периодот 2024-2026 година. Според податоците објавени од министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, минималната нето-плата од 22.567 денари во 2024 година се зголемила на 24.379 денари во 2025 година, додека во 2026 година изнесува 26.046 денари. Вкупното зголемување изнесува 3.479 денари. Во споредба со периодот 2016-2018 година, кога минималната плата се зголемила од 10.080 на 12.165 денари, односно за 2.085 денари, номиналниот раст во првите две години од актуелниот мандат е за 67% повисок, односно за 1.394 денари повеќе. По податоците за просечната плата, и овие бројки го ставаат во фокус прашањето за приходите на работниците и нивната куповна моќ. За ВЛЕН е важно економскиот раст и политиките за платите да се одразат во секојдневниот живот на граѓаните и во можноста на семејствата да ги покриваат животните трошоци. Разликата меѓу двата периода се гледа преку конкретните бројки. ВЛЕН останува посветен на политики насочени кон зголемување на платите, подобрување на условите за работа и унапредување на животниот стандард. Целта е приходите на работниците да продолжат да растат, а економското подобрување директно да го почувствуваат граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21