Голманот на Барса, Тер Штеген се разведува од сопругата Даниела - Канал 5

Голманот на Барса, Тер Штеген се разведува од сопругата Даниела

Светските медиуми во последните неколку дена шпекулираа со информацијата дека голманот на Барселона, Марк Тер Штеген се разведува од  наводно неверната сопруга Даниела.По овие шпекулации денеска се соопштение се огласи асот на Барса. 

Голманот на Барса, Тер Штеген се разведува од сопругата Даниела

Првиот голман на каталонскиот фудбалски гигант Барселона, Германецот Марк-Андре тер Штеген преку официјално соопштение на Инстаграм објави дека се разведува од сопругата Даниела по осум години брак.

Германскиот репрезенативец е татко на две деца во бракот со згодна русокоса, а веста за разводот изненади многумина, со оглед на тоа што Марк и Даниела важеа за еден од похармонични парови меѓу фудбалерите.

Сега, откако се мислеше дека поранешните сопружници останале во добри односи, шпанските медиуми објавија дека Даниела го изневерил сопругот со својот личен тренер.

Овие вести предизвикаа експресна реакција од Тер Штеген. Вестите за неверната Даниела сигурно многу го налутиле голманот на Барса,кој веднаш се огласи на социјалните мрежи и ги демантираше наводите.

„Почитувани, јас сум шокиран и разочаран од лошото управување и недоволната контрола на „Catalunya Ràdio&Grupo 3Cat“, кои шират лажни вести и ги кршат личните права“, напиша тој на Фејсбук.

Како што понатаму дополни, шпанските новинари објавиле лажна вест и на тој начин го нарушиле угледот на неговата сопруга Даниела.

„Немаше неверство од страна на Даниел. Трето лице не беше вмешано во нашиот брак. Факт. Како што се договоривме, јас и Дани решивме да се разделиме, но остануваме во пријателски односи. Целосно е неприфатливо Даниела да биде лажно обвинета и нападната", посочи Тер Штеген.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер