АвтомобилизамГолф стар 19 години е продаден за 98.000 евра Најпопуларниот модел на Фолксваген е сè побаран предмет на бројни аукции.Откако беше продаден Golf II за неверојатни 80.000 американски долари, беше само прашање на време кога тој рекорд ќе биде соборен. Не траеше долго, а рекордната сума отиде кај motorcar_collector, кој даде понуда од неверојатни 104.000 американски долари. Работите не стануваат појасни кога ќе кажеме дека е Golf IV, па дури и кога ќе откриеме дека е R32. Сепак, информацијата дека овој автомобил од почетокот на милениумот поминал само 150 километри го прави навистина посебен. Се продава преку платформата Bring a Trailer, со огромна галерија и сите информации, изгледа како вистински колекционерски предмет. Во препознатливото издание со сина нијанса и 18-инчни бандажи има и аудио систем Monsoon. И за крај, да потсетиме дека R32 е придвижуван од VR6 мотор со 241 КС, што во комбинација со погон на сите тркала е доволно за спринт до 100 km/h за 6,6 секунди. Во случај кога наместо шестстепен мануелен менувач е опремен со менувач со две спојки, и спринтот е пократок, само 6,4 секунди. Овој автомобил го поминал речиси целиот свој живот во салоните за автомобили. Во 2020 година го купил сегашниот продавач, кој очигледно заработил вистинско богатство на овој Golf.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook