Голф е најпродаван автомобил и во време на пандемија - Канал 5

Голф е најпродаван автомобил и во време на пандемија

Прдажбата на автомобили во земјите на Евроска унија во март е намален за дури 52%.

Голф е најпродаван автомобил и во време на пандемија

Најпродаван модел во ЕУ за март бил Фолксваген Голф, со 23.757 продадени примероци, додека на второ место е Тесла Модел 3 со 15.502 продадени примероци, а трет е Форд Фокус со 14.587 продадени возила, објави „JATO Dynamics“.

На четвртата позиција е Рено Клио со 13.369 а петото место му припаѓа на Мерцедес А класа со 13.225 продадени примероци. Меѓу првите десет се и Шкода Октавиа, Нисан Кашкаи, Тојота Јарис, Форд Фиеста и Мини Хечбек.

Најпродаван модел со хибриден погон е Тојота Корола со 9.710 примероци.

Меѓу електричните автомобили доминира Тесла Модел 3 со 15.502 продадени возила а го следат и Рено Зое (4.298), Фолксваген Е-Голф (3.434), Ауди е-Трон(3.373) и Нисан Лиф (2.800).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска, по повод Светскиот ден на менталното здравје, го отвори целосно реконструираниот оддел „Машки 2“ во ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје (Бардовци).

Клековски: Нечовечките услови во психијатриските установи мора да станат минато

Одделот е со површина од околу 600 м², а за реконструкцијата се издвоени 300.000 евра.

„Пред четири децении, за време на моите студии, едно од двете најтешки искуства ми беа нечовечките услови во психијатриските установи. Работиме тоа да се смени“, изјави министерот Клековски.

Со болницата е договорено, основниот буџет да вклучува средства за континуирани реконструкција, бидејќи тоа е потребно на психијатриските установи, кои со децении работеле во несоодветни услови.

Претходно се реконструирани сите оддели во Специјалната психијатриска болница Негорци, дел од Клиниката за психијатрија Скопје, а следува реконструкција на Психијатриската болница во Демир Хисар.

Министерот Клековски истакна дека грижата за менталното здравје не се сведува само на подобрување на условите во болниците. Од минатата година матичните лекари имаат превентивна цел за рано откривање на депресија кај младите. Следната година Министерството за здравство планира да започне со спроведување на проект за центри за ментално здравје на младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!

По актуелизирањето на ризикот од токсичната депонија со 6 - валентен хром во Јегуновце да го загади изворот за вода Рашче, Владата на Република Македонија одлучи да преземе мерки за спречување на загадувањето.

Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да преземе мерки за решавање на пробвлемот со Југохром!

Во моментов постои донатор кој може преку грант да го финансира првиот чекор - санирање на пречистителната станица и подготвителни активности за расчистување на депонијата со 6 - валентен хром. Но, за да се отвори можноста за финансии, потребно е Министерот да ја достави потребната документација. Рокот е краток! Еко-свест бара Министерот за животна средина итно да ги достави потребните документи за да не се испушти можноста за финансирање на овој проект. Ова е прв чекор кон трајно решавање на проблемот. Доколу рокот не се испочитува, нема да има финансиска помош, а со тоа ризикот од понатамошно загадување останува!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на средба со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц Руф

Продлабочување на полициската соработка во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција.

Тошковски на средба со генералниот директор за јавна безбедност на Австрија Франц Руф

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со генералниот директор за јавна безбедност на Република Австрија, Франц Руф, на која беше потврдена одличната билатерална соработка и заедничката определба за нејзино натамошно унапредување, особено во справувањето со современите безбедносни предизвици.

На средбата се разговараше за борбата против организираниот и прекуграничниот криминал, илегалната миграција, криумчарењето мигранти, трговијата со луѓе, тероризмот и сајбер-криминалот, со посебен акцент на навремената размена на оперативни информации, координираното постапување и зајакнувањето на капацитетите на полициските служби.

Министерот Тошковски ја истакна важноста на партнерството со Австрија, како значаен и доверлив партнер на Македонија во справувањето со безбедносните предизвици кои ги надминуваат националните граници. Притоа, беше нагласена потребата од натамошно продлабочување на соработката преку конкретни активности, размена на искуства и унапредување на оперативните капацитети на македонската полиција.

Соговорниците се осврнаа и на досегашната соработка во рамки на заедничките европски иницијативи и проекти, насочени кон јакнење на владеењето на правото, унапредување на истражните капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и подобрување на институционалните механизми за управување со миграцијата и граничната безбедност. Беше нагласено и значењето на заедничките обуки, експертската поддршка и размената на добри полициски практики.

На крајот од средбата беше изразено заемно задоволство од досегашното партнерство и подготвеност за продолжување на интензивната соработка меѓу двете земји, со заедничка цел – поефикасно справување со безбедносните закани и поголема сигурност за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер