3ВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлог
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
3Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
РакометГолемо реми, кое можеше да биде победа против Унгарија на црвено жолтите на стартот на СП 2025Одличен старт на најдобрата ракометна репрезентација на Македонија на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.По голема борба црвено жолтите остварија реми кое можеше да биде победа против фаворитот Унгарија играјќи 27-27. Четврфиналистот од последниот шампионат беше на колена пред избраниците на Лазаров, во скоро загубена позиција, но Унгарците во последните 30 тина секунди го искористија неискуството на нашиот подмладен тим и успеа да стигне до реми. „Треба да бидеме задоволни од еден ваков резултат иако можам да кажам дека пропуштивме победа, и може да жалиме што бевме толку блиску до еден голем триумф а го испуштивме. Но, неискуството на нашите играчи што не влегоа во фаул во последниот напад.Но сепак сум горд на моите момци и на цела Македонија, бидејќи без навивачите и цел македонски народ немаше да го направиме ова денеска- изјави селекторот Лазаров веднаш по мечот. Сепак ова е бод вреден како победа за нашиот национален тим на стартот на Мундијалот, бидејќи овој бод сигурно го носиме во главната фаза на првенството. Подмладената македонска селекција синоќа во за нас среќната арена во Вараждин која повторно беше исполнета од нашата ракометна фаланга одигра скоро маестрални и исцрпувачки 60 минути против големиот фаворит Унгарија. „Тежок и исцрпувачки натпревар во кој го дадовме максимумот. Малку фалеше да стигнеме до победа. Тоа е главата горе и одиме понатаму. Радосен сум што момците изгинија и мило ми е што покажавме дека одиме напред. Ова е мотив за нас да одиграме уште еден ваков натпревар“, изјави репрезенативецот Ненад Костески во микс зоната по дуелот. Подвижната, агресивна и цврста одбраната на чело со октоподот на голот Никола Митревски кој имеше 12 одбрани функционираше беспрекорно, а во нападот од сите позиции погодуваше и царуваше капитенот Филип Кузмановски најефикасниот поединец на мечот со 10 постигнати гола. „Играме со една одлична и искусна екипа. Пред мечевите рековме дека добро ги анализиравме. Ни недостигаше малку среќа, но одиме понатаму. Сакам да се заблагодарам на публиката која 60 минути ни беше ветер во грб. Ќе ја анализираме Холандија и се надевам дека ќе го повториме мечот со Унгарија“, изјави капитенот Филип Кузмановски. За македонските ракометари во арената во Вараждин навиваше и амбасадорката на САД Анџела Агелер, кој мечот го проследи во ложата во друштво на првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов. Но македонските ракометри немаа време за славење по одличното издание против Унгарија, бидејќи веќе размислуваат на следниот ривал и утрешниот дуел против според селекторот Лазаров набрзата селекција на првенството, тимот на Холандија. -Ако се бориме како денеска, резултатот сам ќе си дојде. Холандија е многу побрза репрезентација од Унгарија, така што очекувам многу потежок натпревар“, порача селекторот Кире Лазаров по средбата. Со поддршка од македонската фаланга од трибините црвено жолтите утре од 18 часот во Вараждин најавуваат уште еден добар резултат против селекција од врвот на европскиот ракомет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија воведува ограничувања: Стотици населби под највисоко ниво на предупредувањеЕкстремната топлина и ниското ниво на водата на Дунав предизвикаа проблеми со водоснабдувањето во Унгарија. Ограничувања на водата се воведени во повеќе од 600 населби.Екстремна суша и долготраен топлотен бран сè повеќе ја погодуваат Унгарија, каде што ограничувања на водата за пиење се воведени во стотици населби. Властите предупредуваат дека последиците од високите температури не влијаат само на водоснабдувањето, туку и на енергетската инфраструктура. Според унгарската влада, мерки од прво ниво се воведени во 465 населби, мерки од второ ниво на 151 место, додека најстрогите ограничувања се на сила во 13 населби. Ниското ниво на водата на Дунав е особено загрижувачко. Нивото на реката во Пакш се спушти на само 135 сантиметри, поради што властите преземаат дополнителни мерки за да обезбедат стабилно работење на нуклеарната централа Пакш. Дополнителни лебдечки пумпи се инсталирани на пумпните станици, додека резервни единици се распоредени во пристаништето и на копно за да се обезбеди непречено ладење на објектите. Работната група за одбрана ја разгледува состојбата со снабдувањето со енергија и последиците од недостигот на вода, додека метеоролозите предвидуваат дека екстремните температури ќе продолжат. Највисокото предупредување за топлотен бран, ниво три, би можело да остане на сила, а нов бран на екстремна топлина се очекува од 6 до 11 август. Фото: ВИТагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУжасна несреќа во Германија: Се судрија два трамваи, десетици повредениПовеќе од 25 лица се повредени денес во судир меѓу два трамваи во западниот германски град Гелзенкирхен, при што три лица се во критична состојба, соопштија локалните власти.Според првичните информации, трамваите се движеле еден по друг во близина на стадионот на Шалке кога првиот трамвај одеднаш закочил, објави Билд. Полицијата соопшти дека трамвајот, кој се користел за обука, нагло застанал, а потоа трамвајот со патници се удрил во него. „Околу 25 лица се повредени, од кои седум потешко. Тројца од седумте се во сериозна состојба“, изјави портпаролката на полицијата за Билд. 🇩🇪 | Al menos 30 personas resultaron heridas tras una colisión entre dos tranvías en la ciudad de Gelsenkirchen, según informaron los servicios de emergencia del estado de Renania del Norte-Westfalia, Alemania.pic.twitter.com/LtEIoKUxh2 — Mundo en Conflicto 🌎 (@MundoEConflicto) August 6, 2026 На повредените им е укажана прва помош на местото на настанот, а оние со потешки повреди се однесени во болници. Областа околу Курт-Шумахер-Штрасе, главната сообраќајница во градот, беше затворена во двата правци по несреќата. Gelsenkirchen: Dutzende Verletzte bei schwerem Straßenbahnunfall https://t.co/F3v6X8E9sj — robert bier (@robertbier1) August 6, 2026 Една лента беше повторно отворена за сообраќај во шпицот доцна попладне. Причината зошто тренинг трамвајот одеднаш закочил сè уште не е утврдена, а специјално обучен тим е на лице место за да ја испита несреќата. Schwerer Straßenbahnunfall in Gelsenkirchen: Drei Menschen in Lebensgefahr https://t.co/VTqXzEy849 — A Citizen of Earth 📯 (@Sascha1982wtal) August 6, 2026 Тагови: Германија трамвај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДС му пука и најновата хистерија - прифаќање на француски предлогСо секој изминат ден СДС и нејзините челници се повеќе и појасно се препознаваат и кажуваат дека тие се талогот во општеството којшто го труе народот со песимизам, дефетизам, со тези дека ова држава нема да успее.И тоа го прават со единствена цел да се убие надежта кај народот, и таа малку што му останала по многубројните национални предавства и порази што му ги приредија токму тие, како Андреј Жерновски кои 20 години се во политика без ниту еден ден работен стаж во реален сектор. Жерновски упорно ја турка темата и шири хистерија дека се водат тајни преговори за евроинтегративниот пат на државата, иако беше демантиран од надлежните институции. Ама и таа тема, како и темата мигранти за пари ќе им пукне како меур од сапуница и ќе им остане само хистеријата и лагите. Како што лажеа државата само што не банкротира, ама еве ја две години власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија не само што не банротира туку таа економски се консолидира, инвестира во капитални проекти, зголемува плати и пензии. Така лажат и за се останато. Несудениот амбасадор и неуспешен градоначалник на Центар, можеби посакува, но ниту ќе биде прифатен францускиот предлог, којшто предавничката СДС слепо го прифати за ден повеќе да остане на власт, ниту ќе има отстапки од веќе утврдени позиции. На Македонија местото и е во Европската Унија како рамноправна членка и почитуван рамноправен партнер, со зачувано национално достоинство и национални идентитетски обележја. Така да, залудни им се обидите на талогот во СДС, кој го труе народот и сака да им ја убие надежта, да претстават дека сите се како нив и дека за власт и пари се спремни на секакви отстапки и предавства. Заедно со народот ваквите предавници во СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи. Затоа што свежи се уште предавствата од СДС под раководство на Зоран Заев, кои се сега верни приврзаници на Филипче, како што е Жерновски, и тоа нема никогаш да се заборави. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04