МакедонијаГолемите приказни на малите херои - Бекутан Конференција по повод Светскиот ден на предвремено родени бебињаВтората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Бекутан, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, најкревки и најхрабри борци – предвремено родените бебиња.Втората конференција „Големите приказни на малите херои“ организирана под покровителство на Бекутан, уште еднаш ја потврди долгогодишната посветеност на брендот на најмалите, најкревки и најхрабри борци – предвремено родените бебиња, се вели во соопштението од Алкалоид . „Верувајте во вашите мали херои, кои не по своја желба ја започнале животната борба многу порано од своите врсници. Со позитивна мисла и верба тие ќе пораснат во вистински херои“, изјави д-р Станка Танчева-Крстевска, специјалист педијатар. Настанот поттикна конструктивни дискусии за современите пристапи во неонаталната нега и за реалните предизвици со кои се соочуваат родителите и експертите при грижата за прематурните новороденчиња. Првиот панел од конференцијата, модериран од прим. д-р Марина Поп Лазарова, ги потенцираше актуелните медицински сознанија во неонатологијата и важноста на мултидисциплинарниот пристап во грижата за предвремено родените бебиња. Експертите од областа – проф. д-р Катерина Дамевска, д-р Симонида Спасеска и проф. д-р Силвана Наунова-Тимовска – беа едногласни: најсилна поддршка за предвремено родените бебиња е мајчинската љубов, која носи стабилност, топлина, сигурност и природен мир. „Современата медицина многу ни помага, но најсилен ефект кај предвремено родените бебиња има контактот кожа на кожа. Тој ја зајакнува врската мајка–дете и ги стабилизира виталните параметри. Мајчината љубов е вистински лек“, нагласи проф. д-р Наунова-Тимовска. Зад секое предвремено родено бебе стојат милиони предизвици, безброј непроспиени ноќи и голем број неизвесности, но и силна мрежа од љубов, верба и посветеност, која го претвора секој мал чекор напред во голема победа, едногласно заклучија панелистите/родителите на прематурчиња Маја Кикириткова, Горан Папаз и доц. д-р Игор Исјановски на панелот модериран од д-р Станка Танчева-Крстевска. „Излегов од болница сама, со празни раце, додека другите мајки си заминуваа со своите бебиња. Тоа чувство не се заборава“, изјави Маја Кикириткова, мајка која двапати ја поминала тешката, но храбра патека на предвременото породување. Синот на Маја, Лазар, поминал 40 дена во инкубатор, а ќерката Ева по раѓањето била 8 дена на опсервација. „Овие мали борци се борат секоја секунда. Верувам дека таа борба ќе ги направи силни низ целиот живот“, порача Кикириткова, испраќајќи недвосмислена поддршка до сите родители кои поминуваат низ слични ситуации. Охрабрувачка порака исполнета со надеж испрати и панелистот доц. д-р Игор Исјановски, кој бил роден во 28. недела од бременоста, со 900 грама телесна тежина, а кој денес е доцент на Медицинскиот факултет во Скопје. За улогата на таткото во семејствата со прематурни новороденчиња говореше и Горан Папаз, татко на четири деца, од кои три се предвремено родени, кој посочи: „Татковците треба рамноправно да учествуваат во растењето на децата. Тоа не е помош, туку одговорност еднаква на онаа на мајката.“ Како бренд со речиси пет децении традиција во хигиената и негата на детската кожа, Бекутан останува посветен и сигурен сојузник на родителите и на експертите во грижата за најмалите уште од првиот ден по нивното раѓање. Оваа година брендот континуирано обезбедува резерви од кремот Becutan Sensitive SOS во пет родилни центри, каде што под строг медицински надзор повторно се потврдени неговата безбедност и ефикасност во негата на најчувствителната кожа. Тагови: алкалоид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00