Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
1Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ЗдравјеГолемиот стомак не мора да биде само резултат на гојазност туку и на здравствени проблемиЕве го објаснувањето на стручните лица!Стрес, недоволно сон, алкохол или хормонален дисбаланс се само некои од причините за надуеноста. Многумина веруваат дека салото на стомакот доаѓа со годините, меѓутоа, тоа може да биде знак за сериозни здравствени проблеми. Лекарите сметаат дека зголемениот струк обично значи дека покрај поткожното масно ткиво што го гледаме, има и внатрешно висцерално масно ткиво.Тоа го претставува типот на маснотии што се наоѓа во внатрешноста на абдоминалната празнина и ги опкружува виталните органи. - Висцералните масти можат да го зголемат ризикот од мозочен удар, срцев удар и дијабетес. Исто така тие може да ослободат супстанции што ја зголемуваат отпорноста на инсулин, го зголемуваат крвниот притисок и предизвикуваат хронично воспаление. Според д-р Ајша Икбал, надуениот стомак не е само резултат на прејадување или сало, туку претставува сериозна болест. Најчести причини за надуеност на стомакот: Стрес Кога сме под стрес надбубрежните жлезди ослободуваат кортизол, тоа е хормон кој игра витална улога во одговорот на телото на стрес. Еден од ефектите на зголемениот кортизол е зголеменото таложење на вицеларните масти, бидејќи кортизолот го поттикнува нивното таложење околу абдоминалата област . Сонот Лошиот сон прави да чувствуваме глад. Според д-р Џејмс Вилсон, ако четири ноќи спиете помалку од 4 часа, хормонот што го контролира гладот, грелинот, и оној што го контролира чувството на ситост, лептинот, се премногу активни. Тоа значи дека лошиот сон прави да се чувствуваме гладни. Дури и да јадеме, ни треба подолго време за да се почувствуваме сити, па понекогаш се прејадуваме. Освен тоа, кога не добиваме доволно енергија преку сонот, тогаш бараме брзи залихи на енергија на друго место, а тоа по правило се рафинираниот шеќер, јаглехидратите и нездравата храна. Лекови Кортикостероидите и антидијабетичните лекови влијаат на формирањето наслаги околу стомакот. Алкохол Дури и препорачаната „безбедна“ количина на алкохол, во форма на една чаша пиво или вино дневно, може да доведе до зголемување на телесната тежина. -Иако пивскиот стомак е почест кај мажите, тој ги погодува и жените. Зголемувањето на телесната тежина заснована на алкохол обично води до поголем стомак, а исто така е поврзано и со заболување на црниот дроб - предупредува пластичниот хирург Пол Банвел. Генетика Иако имате генетска предиспозиција да складирате сало во стомакот, здравиот начин на живот може да го намали овој проблем. Шеќер Високиот внес на шеќер и рафинирани јаглехидрати, како колачи и бисквити, е поврзан со „замастување на црниот дроб“, а тоа го поттикнува создавањето сало на стомакот. Нетолеранција кон некоја храна Ако стомакот го чувствувате надуен и голем, тоа може да е поради нетолеранција кон одреден вид на храна, на пример, нетолеранција на лактоза, фруктоза, или на глутен. - Дигестивните состојби како што се синдромот на иритабилно дебело црево и целикија (која се јавува како резултат на интолеранција на глутен) предизвикаат надуеност. Ако се сомневате на интолеранција кон некоја храна, д-р Лорејн Куни препорачува водење дневник за храна, во кој ќе ги внесувате оброците и предизвиканите симптоми. Хормони Намалувањето на естрогенот и прогестеронот во менопаузата може да предизвика надуеност. Во овој момент според д-р Ајша Икбал, намалувањето на јаглехидратите и рафинираните шеќери, како и редовната физичка активност е најдобр начин да се справите со салото на стомакот. Протеини Конзумирањето протеини помага да се балансира шеќерот во крвта и го намалува нивото на инсулин, со цел да ја поттикне брзината на метаболизмот. Рак на јајниците Д-р Икбал предувапредува дека ракот на јајниците може да предизвика зголемување на телесната тежина. Зголемувањето на телесната тежина може да се поврзе со некои видови карциноми што создаваат тумори во оваа област, како што е ракот на јајниците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во ДаблинДенеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан. Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување. Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст. Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот. Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЌерката на Клаудија Шифер има 22 години и неверојатно личи на својата славна мајка (ФОТО)Клементин Вон, 22-годишната ќерка на супермоделот Клаудија Шифер и режисерот Метју Вон, ќе го има својот прв настап на престижниот париски бал Le Bal des Débutantes на крајот од месецот.Настанот, кој ги собира младите жени од некои од највлијателните семејства во светот, ќе се одржи на 28 ноември и се смета за еден од најексклузивните социјални настани во годината. Меѓу дебитантките оваа година ќе биде Олимпија Баез-Херера, внука на познатата модна дизајнерка Каролина Херера, пишува Hello!. Клементин има необична сличност со својата позната мајка, од која ја наследила својата препознатлива руса коса, а е заинтересирана за слични области - студира уметност и мода. Клаудија Шифер претходно откри дека двете нејзини ќерки, Клементин и 15-годишната Космина, обожаваат да ѕиркаат во нејзиниот плакар и да позајмуваат облека. View this post on Instagram A post shared by Clementine Vaughn 🍊 (@clementine) „Уживам гледајќи ги како составуваат модни комбинации. За генерацијата на моите ќерки, споделувањето облека, размената и носењето парчиња од втора рака е нешто сосема природно“, изјави Шифер за „Гардијан“ во 2023 година. Што е „Le Bal des Débutantes“? „Le Bal des Débutantes“ е традиционален париски бал чии почетоци датираат од 1957 година. Првично беше замислен како можност за млади жени од угледни семејства да се претстават во општеството и да се запознаат со потенцијални сопруги. Но, во 1997 година, Офели Ренуар го модернизира концептот и го претвори во гламурозен настан што ги слави младите жени, нивните семејства и нивните достигнувања. Балот е од затворен тип и ги собира членовите на кралските и аристократските семејства и ќерките на влијателни луѓе од светот на бизнисот, уметноста и модата. Посебна карактеристика на настанот се луксузните фустани создадени од познати светски дизајнери за дебитантките, додека на балот ги придружуваат одбрани кавалиери. Настанот има и хуманитарна цел. Семејствата учеснички собираат средства за добротворни организации со донации, а оваа година парите се наменети за истражување на срцеви заболувања и за Детската болница „Марија Фарери“. Овогодинешниот бал ќе се одржи во луксузниот хотел „Шангри-Ла Париз“, поранешната палата на принцот Роланд Бонапарта, од која се нуди поглед на Ајфеловата кула. View this post on Instagram A post shared by Clementine Vaughn 🍊 (@clementine) Кои се другите дебитантки? Заедно со Клементина, посебно внимание привлекува 21-годишната Олимпија Баез-Херера, внука на Каролина Херера, која на балот ќе носи фустан со потписот на нејзината баба. Меѓу гостите се австриската надвојвотка Зита, која ќе носи креација од Франк Сорбие, и Викторија де Ноај де Муши де Пуа, потомок на француски благороднички и кралски семејства, која го избра дизајнерот Гуо Пеи. На листата се наоѓаат и близначките Ешли и Брејси Астон, членка на кувајтското владејачко семејство Шајма Ал Сабах и Џулиет Липман, ќерка на коосновачот на издавачката куќа „Република рекордс“, која ќе носи фустан од Оскар де ла Рента.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп до Иран: Не ни е потребен договор со вас, тоа време помина Доналд Трамп објави дека го задолжил потпретседателот Венс целосно да го фокусира своето внимание на она што тој го нарекува широко распространета корупција и криминал во градовите и државите управувани од демократите. Тој ги наведе Минесота, Калифорнија и Илиноис како примери, нарекувајќи ги лошо управувани и корумпирани системи. Трамп тврди дека секој месец се крадат милијарди долари и дека запирањето на овие криминални активности би можело брзо да го балансира националниот буџет. Во својата објава, тој додаде и дека раководството на Демократската партија има „корупција во крвта“. Порака до Иран Тој се осврна и на надворешната политика, поточно на Иран. Тој рече дека на Соединетите Држави не им е потребен договор со Техеран и дека тоа време одамна е поминато. Тој тврдеше дека Соединетите Држави имаат ирански пари, кои ги процени на „стотици милијарди долари“, како и контрола врз Ормутскиот теснец. TRUMP: Says he asked Vance to focus on alleged corruption in Democrat-run states including Minnesota, California and Illinois, claiming billions stolen monthly https://t.co/Y38w0JMbeD — Trump Truths (@trumptruthsbot) November 12, 2026 Тагови: Доналд Трамп Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20