3Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
2Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство
ЕвропаГолемиот снег во Полска предизвика колони од автомобили долги до 20 километриСилните снежни врнежи во Полска во текот на ноќта предизвикаа колони од возила долги до 20 километри на автопатот помеѓу главниот град Варшава и балтичкиот пристанишен град Гдањск, соопшти полицијата.Стотици луѓе беа заробени во своите автомобили во услови на мраз, но до денешните рани утрински часови сообраќајот беше обновен, додаде полицијата. „Тешката ситуација започна вчера по 16 часот, кога првите камиони на рутата S7... почнаа да имаат проблеми при приближувањето кон падините“, рече Томаш Марковски, портпарол на полицијата во северниот град Олстин. „Ова доведе до сообраќаен метеж долг приближно 20 километри во текот на ноќта“, додаде тој. Заменик-министерот за инфраструктура Станислав Буковиец на прес-конференција изјави дека никој нема повредени во ваквите екстремни услови. Ана Карчевска, портпаролка на полицијата во Острода, рече дека полицајците се обиделе да им помогнат на возачите кои биле заглавени. Острода се наоѓа на автопатот околу 40 километри западно од Олштин. „Помогнавме колку што можевме, а на возачите им понудивме кафе и топол чај подготвени за нас од Градското собрание на Остроде“, рече таа. Државната новинска агенција ПАП објави дека имало и прекини во железничкиот сообраќај и на аеродромите, но дека сообраќајните услуги се враќаат во нормала.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЗлатко Далиќ си заминува од Хрватска: Веќе се појави името на новиот селекторНа денот кога хрватската репрезентација ќе се врати од Светското првенство, сосема е извесно дека Златко Далиќ ќе ја напушти селекторската позиција. Најголем фаворит да го наследи е Славен Билиќ, објави порталот „24sata.hr“. Легендарниот хрватски дефанзивец, кој како играч освои бронзен медал на Светското првенство во 1998 година, веќе ги има предводено „Коцкестите“. Во 2006 година, тој во првиот тим ги вклучи Лука Модриќ, Ведран Чорлука и Едуардо, со кои претходно соработуваше во младата селекција до 21 година. Квалитетот, искуството и карактерот се издвојуваат како најголеми одлики на Билиќ, па се смета дека тој го поседува „целосниот пакет“ за да го преземе тимот што беше светски вицешампион во 2018 година и освојувач на бронза во Катар во 2022 година. „Не помалку важно е тоа што Билиќ ја има поддршката од претседателот на Хрватскиот фудбалски сојуз, Маријан Кустиќ, и од директорот на репрезентацијата, Стипе Плетикоса“, се наведува во текстот. Под водство на Билиќ, Хрватска двапати ја победи Англија во квалификациите на патот до ЕУРО 2008, а драматично загуби во продолжението од Турција на завршниот турнир. Тој ја водеше репрезентацијата шест години, а потоа беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, каде што беше и играч и успешен менаџер, бидејќи го освои седмото место во Премиер лигата, победувајќи ги Ливерпул и Манчестер Сити. Во претходните години, Билиќ се занимаваше и со новинарство и ја водеше популарната емисија „Неуспехот на шампионите“, во која ги беше домаќин на најголемите спортисти од регионот, пред сè Новак Ѓоковиќ, Златан Ибраховиќ, Жељко Обрадовиќ и Лука Модриќ.Тагови: Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
ЗабаваФото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините, На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради. Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија. Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол. Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенствоМегапопуларниот пејач Џастин Бибер би можел да настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, преговорите меѓу претставниците на ФИФА и пејачот се во тек, објави денес TMZ. Бибер би се придружил на низата ѕвезди кои учествуваат во големото финале на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси на 19 јули, вклучувајќи ги Мадона, Шакира и поп-групата BTS. Џастин и Хејли Бибер, исто така, беа во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Инглвуд, Калифорнија, каде што пејачот дури и ги изненади ВИП гостите со изведба зад сцената на неговиот хит „Јукон“. Потенцијалното појавување на Бибер на финалето на Светското првенство следи по неговото неодамнешно враќање на настапите во живо по четиригодишна пауза направена за да се фокусира на неговото здравје, објави TMZ. Се очекува спектаклот на финалето на Светското првенство да се продолжи надвор од стандардниот интервал од 15 минути на полувремето и да го поддржи Глобалниот фонд за граѓанско образование на ФИФА - иницијатива чија цел е да се соберат 100 милиони долари за образование и пристап до фудбал за децата ширум светот, објави Танјуг.Тагови: Џастин Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook