Големиот пожар во Стар Дојран ставен под контрола

Големи пожари беснеат на повеќе локации во земјава.

Моментално најкритично беше во Стар Дојран. Огнот од депонијата се прошири и беа зафатени три куќи. Локалното население е евакуирано. Повредени засега нема.

Заменик генералниот директор на Национални шуми бара одговорност од градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, бидејќи според него депонијата ја оставил запалена, заклучена и без чувар, поради што пожарникарите не можеле да влезат да го изгаснат пожарот кој се прошири и на куќите …

Во Дојран цел ден е Елизабета Дамјаноска Спасеновска, повторно ја имаме во живо … Бети последните информации дека состојбата барем во Дојран се стабилизира?

Осуденик на смрт во САД му препуштил на адвокатот да одбере како ќе биде егзекутиран

Осуденик на смрт во Јужна Каролина, Фреди Овенс, одлуката за тоа како ќе биде погубен му ја препуштил на својот адвокат, кој денеска објави дека казната на неговиот клиент ќе биде извршена со инјекција.

Според судските документи, Овенс (46) рекол дека одлучувајќи за начинот на погубување, активно ќе учествува во сопствената смрт, а неговата муслиманска вера го учи дека самоубиството е грев, пренесе АП.

Доколку неговиот адвокат не ја донесеше одлуката, според законот на Јужна Каролина, Овенс ќе беше испратен на електричен стол, а тој рекол дека не сакал да умре на тој начин.

Егзекуцијата на Овенс е закажана за 20 септември.

Тој е осуден на смрт во 1997 година, откако убил продавачка која се борела да отвори сеф во продавница што ја ограбил со друг соучесник.

Меси му упати порака на Сурез, кој се прости од репрезентацијата: Чао, дебел! (ВИДЕО)

Еден од најголемите напаѓачи на сите времиња, Луис Суарез (37) се прости од дресот на уругвајската репрезентација.

„Ел Пистолеро“ го одигра последниот од своите 142 настапи против Парагвај на стадионот Сентенарио во Монтевидео. Натпреварот заврши без голови, а Суарез се повлече како најдобар стрелец во историјата на Уругвај со 69 голови.

„Ти благодарам за се Лучо!“, „Ти беше и ќе останеш мој вечен идол“, се дел од пораките на повеќе од 60 илјади фанови кои дојдоа да го испратат големиот Суарез, кој важи за еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња. Пред една година ја мина бројката од 550 голови и 300 асистенции во кариерата. На клупско ниво освои сѐ. Од 2010 до 2019 година беше единствениот фудбалер кој ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо во борбата за Златната копачка (најдобар стрелец во Европа), а тоа го направи двапати.

Во својата кариера најпрвин играше за Национал и Гронинген пред да биде префрлен во Ајакс (111 гола, 68 асистенции на 159 натпревари), а потоа во Ливерпул (83 гола, 46 асистенции на 133 натпревари), каде што помина три години.

За Барселона играше шест години (195 гола, 113 асистенции на 283 натпревари), а во Шпанија играше и за Атлетико Мадрид со кој ја освои шампионската титула. По Атлетико ја напушти Европа и следни два клуба беа неговиот роден Национал со кој повторно ја освои титулата и бразилскиот Гремио. Во кариерата богата со трофеи, тој беше петкратен шампион на Шпанија и еднаш шампион во Лигата на шампионите. Моментално е член на Интер Мајами со кого има договор до крајот на годината.

Во Интер игра со Лионел Меси со кого неколку години делеше соблекувална во Барселона и има големо пријателство. За збогувањето на Суарез од репрезентацијата, Меси сними видео кое беше прикажано на стадионот на кое вели: „Здраво дебел, сакав да бидам присутен и да го направам ова видео на еден толку важен ден за тебе, за твоето семејство, за Уругвајците и љубителите на фудбалот воопшто поради тоа што си и поради сѐ што си дал за репрезентацијата и за својата земја.

Имав среќа да бидам покрај тебе и знам колку ти беше тешко да ја донесеш оваа одлука бидејќи знам колку ти значи играњето за уругвајската репрезентација. Се надевам дека ќе уживаш во оваа чест што ти ја даваат, а која е повеќе од заслужена за сѐ што веќе спомнав и за сѐ што ѝ даде на репрезентацијата. Секогаш го даваше својот максимум, до последниот ден. Зад себе остави големо наследство за луѓето денес и за генерациите што доаѓаат.

Ова е крај на едно важно поглавје во твојата кариера, но се надевам дека има уште многу години фудбал пред тебе и среќен сум што тие години ќе бидат тука, што ќе можеме повторно да играме заедно и да уживаме секој ден. Се надевам дека ќе уживаш во оваа вечер со твоите најблиски и со сите луѓе кои секогаш си ги посакувал со тебе. Испраќам голема прегратка, те сакам многу“.

Leo Messi sends a heartfelt message to Luis Suarez, who played his final game for Uruguay yesterday
byu/oklolzzzzs insoccer

Градоначалникот Јанчев одржа прием по повод Тиквешкиот гроздобер 2024

Градоначалникопт Митко Јанчев одржа прием за гости и делегации по повод годинешниот Тиквешки гроздобер.

Градоначалникот Митко Јанчев денес во Вински музеј Кавадарци имаше прием на гости и делегации во пријатна атмосфера , добра музика и вкусна храна! Тиквешки гроздобер 2024, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Добредојдовте на ТИКВЕШКИ КАРНЕВАЛ 2024!, објави на ФБ градоначалникот Јанчев.

притисни ентер