Големиот пожар во Шенѓин, Албанија ставен под контрола, плажите празни - Канал 5

Големиот пожар во Шенѓин, Албанија ставен под контрола, плажите празни

 Големиот пожар во познатото албанско летувалиште Шенѓин е ставен под конрола, но по вчерашната апокалипса плажите се празни.

Големиот пожар во Шенѓин, Албанија ставен под контрола, плажите празни

Локалните власти упатија апел дека нема повеќе место за паника.

- Многу летувалци ги фати паника, па поради психички оптоварувања си заминаа. Сосема е нормално кога се гледа пламен. Но, сега нема причина да се плашат, порача Пјерин Ндреу, претседател на округот Лежа, каде територијално припаѓа пристанишниот град Шенѓин.

Пораката тој ја упати од Шенѓин каде вчера пожарот доби големи размери поради што голем број туристи го напуштија местото, а локалните жители беа евакуирани.

- Материјалната штета е огромна, посебно за животната средина, но за среќа нема настрадани. Жителите се вратија во своите домови. Многу силниот ветер предизвика проширување на зафатената површина, нагласи Ндреу.

Според него, „изненадувачки е што во 2 часот по полноќ имавме уште четири пожари“.

-Тие се аларм дека ова треба сериозно да се разгледа. Дејствувавме брзо и ги ставивме под контрола сите пожари, а дел се локализирани. Но, треба подлабоко да погледнеме што се случува со пожарите. Ништо не исклучувам, рече Ндреу

На прашањето дали овие пожари се поврзани со имотни конфликти или со изградба на нови одморалишта, Пјерин Ндреу одговори: „Воопшто нема врска. Овде воопшто нема дозволи за одморалиште и нема конфликти за имот“.

За разлика од него се погласни се сомневањата дека боровата шума над Шенѓин се потпалува за да се „ослободи простор за изградба на сместувачки капацитети", како што тоа се случило претходно.

Инаку во гаснењето на пожарот вклучени биле два авиона од Италија, полициски и армиски хеликоптери, над 300 припадници на армијата, над 150 од полицијата, противпожарни единици од повеќе градови, како и локалното население.

Освен големата шумска површина со бор, опожарени се неколку објекти, кафулиња и чадори за сонце и лежалки.

Поради големиот број пожари во земјата побарана е помош и од Словенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошница од балон удри 86- годишен Германец во Швајцарија- загина на самото место

Осумдесет и шестгодишен Германец почина откако беше удрен од корпа на балон на топол воздух на ливада во Швајцарија во близина на езерото Констанца, соопшти полицијата на кантонот Тургау.

Кошница од балон удри 86- годишен Германец во Швајцарија- загина на самото место

Маж од округот Констанца им подлегна на тешките повреди на местото на настанот. Несреќата се случила во четврток вечерта за време на полетувањето. 86-годишниот Германец бил дел од група чии членови имале намера да учествуваат во лет со балон, изјави портпаролот на полицијата.

Истрагата е во тек

Балонот требало да полета од ливада во близина на Сален-Ројтенен, околу 20 километри западно од градот Констанца. Околностите на несреќата се истражуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем протест во Загреб: Илјадници од цела Хрватска се собраа против одлагање опасен отпад во Лика (ВИДЕО)

Голем број граѓани се собраа денес во центарот на Загреб на протестот „Марш за Лика, марш за Хрватска“, организиран поради скандалот со опасниот отпад во областа Госпиќ.

Голем протест во Загреб: Илјадници од цела Хрватска се собраа против одлагање опасен отпад во Лика (ВИДЕО)

Протестната колона тргна од областа на Главната железничка станица, а потоа стигна до плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, додека новинарите на „Вечерњи лист“ проценуваат дека во центарот на градот имало неколку илјади луѓе.

Толпата маршираше низ центарот на Загреб со тапани, свирчиња и труби, додека полицијата ја обезбедуваше рутата, а дел од улиците беа затворени.

На митингот пристигнаа граѓани од различни делови на Хрватска, вклучувајќи ги Лика, Далмација, Истра, Славонија и други области.

Организаторите велат дека Лика не е единствениот случај и дека сакаат да укажат на пошироките проблеми во системот за управување со отпад.

Граѓанската иницијатива „Госпиќ е наш дом“ испрати конкретни барања до Владата уште пред протестот.

Тие бараат од Владата да презентира комплетна програма за санација на закопаниот отпад во рок од 20 дена, со јасно дефинирани и обврзувачки рокови.

Едно од главните барања е 33.000 тони закопан отпад да се отстранат во рок од три месеци.

Тие исто така бараат градската општинска депонија „Ракитовац“ да биде вклучена во Планот за управување со отпад, како и ангажирање на независни експерти кои би развиле долгорочен план за следење и би спровеле независна проценка на ризикот.

Иницијативата, исто така, бара пошироки промени во системот за управување со отпад. На митингот зборуваат претставници на неколку граѓански иницијативи и здруженија од Хрватска, додека организаторите претходно објавија дека политичарите нема да држат говори.

Меѓу толпата има и опозициски политичари, но, според организаторите, програмата е наменета за претставници на граѓански иницијативи и здруженија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно изјави дека протестот создава „непотребна хистерија“ и дека проблемот ќе биде решен, според „Вечерњи лист“.

Според информациите што ги објави овој медиум, до крајот на септември треба да се утврди како ќе се отстранува отпадот од областа Госпиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Традицијата, дружењето и добрата забава се неизоставен дел од Тиквешкиот Гроздобер

Традицијата, дружењето и добрата забава се неизоставен дел од Тиквешкиот Гроздобер.

Јанчев: Традицијата, дружењето и добрата забава се неизоставен дел од Тиквешкиот Гроздобер

И оваа година таблијадата донесе натпреварувачки дух, смеа и убаво дружење, со учество на нашиот градоначалник.

Честитки до сите учесници, а најголема победа е добрата дружба!, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер