Големи штети од невремето во Прилепско, комисијата на терен

Силното невреме проследено со дожд, силен ветер и град што вчера го зафати Прилепско, во атарите на селата Канатларци и Ерековци уништи род со тутун, жито, градинарски култури и со бостан.

Според првичните созанина штетите се огромни и се зафатени поголемиот дел од околу 2 000 хектари.

Земјоделецот Беџет Исламоски вели дека невремето кое не го памети во преку 40 години му уништил род на преку 40 хектари со тутун, бостан, жито.

-Вчера околу 15 часот фати невреме од силен дожд, ветер и град. Траеше речиси еден час. Јас сум роден 1975 година и не паметам такво невреме. Од градот како мраз на површините со тутун и бостан беше бело речиси 10 сантиметри. Од околку 60 хектар на преку 45 хектари унишптено е со тутун, бостан, има големи штети на житото. првичната процена е дека имама штети од околу 50 000 евра. Родот ми е осигуран, еве веќе трета година користам тоа што државата субвенционира 60 насто. Се надевам дека најавите за противградобијни ракети пак да има како порано, ќе се овистини, објаснува Исламоски.

Земјоделецот Марем Исламоски има уништено тутун кој беше пред берба и пченица.

– Имам штети на 7 хектари, од кои 3 хектари со пченица се оштетани, 44 декари со тутун кои претрпеа големи штети, потоа летни култури и се е оштетено, околу 80 насто. Штетите се околу 30 000 до 40 000 евра. Невремето беше незапаметено речиси еден час. Сега ги чекаме комисиите и од осигурителната компанија. Очекуваме помош, вели Исламоски.

На терен во атарите на селата Канатларци и на Ерековци излегоа од општинската комисија, од подрачната единица на министерството за земјоделство и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски.

Жарко Северкоски, претседател на општинската комисија вели дека формирани се две комисии, се очекуваат пријавите за штетите од земјоделците и комисиите веднаш ќе излезат на терен за процена на штетите.

-Формиравме посебна комисија за процена на штетите. Од денес земјоделците може да доставуваат барања до Општината. Штом ќе стигнат првите барања ќе се излезе на теренот за да се проценат штетите, рече Северкоски.

Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на министерството за зермјоделство ја објаснува процедурата со потребата документација.

-Потребни се имотен лист или договор за закуп на земјиште со Министерството, копија од трансакциска сметка и од лична карта и да се достават до прилепската локална сдамоуправа. Со штетиет зафатени се поголемиот дел од површините, од преку вкупно 2000 хектари. Но од утре ќе се знае поточно какви и колкави се штетите, рече Пачешкоски.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски ги потсетува ошптетените земјоделци од невремето да ги поднесуваат барањата по што ќе се прави елаборат.

– Најмногу е оштетен тутунот како што констатиуравме,но има штети и на сите други земјоделски култури, бостанот, градинарските култури, на житото. Оштетените земјоделци веднаш да поднесувата барања, за комисијата да врши процена, па да се подготви елаборат за понатаму да биде проследено до комисијата на Министерството за земјоделство, рече Јованоски.

Рокот за поднесување барања за претрпените штети од вчерашното невртеме е до идната среда, 3 јули. /MИА

Хамас ќе одговори на планот за примирје во Газа во Египет в понеделник

Висок функционер на Хамас изјави денеска дека групата ќе го даде својот одговор на последниот  предлог на Израел за прекин на огнот во Газа в понеделник во Египет.

„Делегација на Хамас предводена од Калил ал-Хаја утре ќе пристигне во Египет... и ќе го достави одговорот на движењето“ на израелскиот предлог за време на состанокот со египетските разузнавачи, рече функционерот кој одби да биде именуван во изјавца за француски медиуми.

Манчестер јунајтед подготвен да потроши 80 милиони евра за Араухо

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо е во трансфер плановите на Манчестер Јунајтед, објави денеска каталонскиот весник „Спорт“.

Според истиот извор, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за потписот на 25-годишниот Уругваец и е подготвен да му понуди на каталонскиот клуб повеќе од 80 милиони евра за трансферот.

Во моментов Араухо води преговори за продолжување на договорот со Барселона, но според медиуми, англискиот тим е во позиција да му понуди поповолни услови.

Араухо се пресели во Барселона во летото 2018 година.

притисни ентер