3Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та
2Џастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенство
БалканГолеми пожари на најмалку пет различни локација во цела ГрцијаВо источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина; во северна Грција; на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари.Во источниот дел на областа Атика, поширокиот регоион на Атина; во северна Грција; на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, попладнево се активни големи пожари, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки до жителите на зафатените области, јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот во централна Евија, изгореа две противпожарни возило, а четворица пожарникари со полесни повреди на рацете и очите и со респираторни проблеми биле префрлени во болница. Интервенираат 115 пожарникари со шест пешадиски тима, 24 возила, седум хеликоптери и шест авиони. Над 100 пожарникари, како и пет воздушни средства интервенираат и во пожарот во Дросопиги, во источниот дел на областа Атика, што се наоѓа на околу 30 километри од центарот на Атина и ситуацијата е вон контрола, а неофицијално огнените јазици зафатија и неколку куќи. На Китира, исто така, ситуацијата е вон контрола, пожарот е во централниот дел на островот и беа евакуирани неколку населени места. А речиси слична е ситуацијата и во областа Месинија на Пелопонез и во северниот дел на Грција меѓу градовите Птолемаида и Кожани. Во сите пожари, беа превентивно евакуирани жителите на населените места во непосредна близина на огнената стихија, откако од бројот 112 за итни случаи беа испратени соодветни пораки. За Атика, Евија и за дел од Пелопонез за денеска имаше предупредување за екстремно голема опасност од пожари, категорија пет, што воедно е и највисоката категорија во прогнозите за опасност од пожари на Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција. Тагови: грција пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
ЗабаваФото: Ивана Крол во „вратоврска и боди повторно ги „запали“ трибините, На Светското првенство, најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол ги запали трибините со својот атрактивен изглед и минијатурна вратоврска. Хрватската фудбалска репрезентација со години ниже големи успеси, а на трибините секогаш ја следи најпознатата навивачка Ивана Кнол, која „освојуваше“ со својот стајлинг- вратоврска над намачканите бујни гради. Но, вчера атрактивната Ивана не успеа да им помогне на своите соработници на зелениот терен да остварат успех во контроверзниот дуел во Португалија. Хрватите доживеаја елиминација уште во осминафиналето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада – и тоа на крајно болен начин – а на тој натпревар присуствуваше Ивана Кнол. Фоторепортерите ја следеа уште од моментот кога пристигна на стадионот во Торонто, неколку часа пред почетокот на натпреварот, а таа, како и секогаш, со задоволство позираше пред нив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00
Шоу бизЏастин Бибер би можел да настапи на шоуто за време на полувремето на финалето на Светското првенствоМегапопуларниот пејач Џастин Бибер би можел да настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, преговорите меѓу претставниците на ФИФА и пејачот се во тек, објави денес TMZ. Бибер би се придружил на низата ѕвезди кои учествуваат во големото финале на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси на 19 јули, вклучувајќи ги Мадона, Шакира и поп-групата BTS. Џастин и Хејли Бибер, исто така, беа во центарот на вниманието на церемонијата на отворањето на Светското првенство во Инглвуд, Калифорнија, каде што пејачот дури и ги изненади ВИП гостите со изведба зад сцената на неговиот хит „Јукон“. Потенцијалното појавување на Бибер на финалето на Светското првенство следи по неговото неодамнешно враќање на настапите во живо по четиригодишна пауза направена за да се фокусира на неговото здравје, објави TMZ. Се очекува спектаклот на финалето на Светското првенство да се продолжи надвор од стандардниот интервал од 15 минути на полувремето и да го поддржи Глобалниот фонд за граѓанско образование на ФИФА - иницијатива чија цел е да се соберат 100 милиони долари за образование и пристап до фудбал за децата ширум светот, објави Танјуг.Тагови: Џастин Бибер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамBMW го враќа V8 моторотBMW го враќа V8 моторот: Новиот X5 добива верзија што љубителите долго ја очекуваат.Новиот X5 ќе влезе во историјата како првиот сериски модел на BMW што ќе има пет вида погонски склопови: бензински, дизел, plug-in хибриден, електричен и водороден. Сепак, нешто сè уште недостасува - барем при лансирањето: добриот стар V8. Првично, луксузниот SUV ќе биде достапен само со шестцилиндрични мотори со внатрешно согорување, но имаме добри вести: осумцилиндричниот мотор продолжува да живее. Соопштението за медиумите во врска со петтата генерација на овој луксузен SUV произведен во Спартанбург потврдува дека поголемиот мотор е на пат. Не е изненадувачки што BMW го резервира двоен турбо 4,4-литарскиот V8 за M верзијата на својот ажуриран X5. „Сепак, треба да се напомене дека ова нема да биде целосен X5 M, туку модел M Performance“, објавува Motor1. Иако сè уште нема официјално име, врз основа на достапните информации се претпоставува дека ќе се вика X5 M60. Да, без буквата „i“ на крајот, бидејќи BMW ја исфрла таа ознака од своите модели со бензински мотори. Ова веќе се случи кај многу модели, вклучувајќи ги и верзиите „40“ на новиот X5. Во иднина, ознаката „i“ ќе биде резервирана исклучиво за електрични возила. Прочитајте повеќе: BMW го најавува новиот X5: Пристигнуваат целосно нов дизајн и пет опции за погонски систем За новиот X5 M60 ќе биде потребно малку трпение, бидејќи нема да биде достапен веднаш при лансирањето, заедно со својот ривал Audi Q7. BMW планира да ја претстави верзијата со V8 мотор некаде во 2027 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook