Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија
1Вучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартија
3Манасиевски: ПР-шефот на Филипче, Зоран Башановиќ е човекот што преку СДС ја навредува Македонија и ВМРО-ДПМНЕ
СветГолеми поплави во Тоскана, ИталијаГолеми поплави се забележани во Тоскана поради излевање на реката Цечина поради пукање на насипот во северниот дел на овој италијански регион по обилните дождови. Нивото на водата се зголеми по обилните врнежи од дожд кои во текот на ноќта го зафатија целиот округ Ливорно, јавуваат медиумите. Во еден дел од Тоскана нивото на водата надмина 11 метри. Десет лица се евакуирани како мерка на претпазливост. Поради поплавите се создадени километарски редици, а сообраќаен метеж по градските улици. Ситуацијата стана тензична во текот на ноќта меѓу четвртокот и петокот поради интензитетот на врнежите. Хидролошката служба на Тоскана соопшти дека во општината Кампиља Маритима наврнале 175 милиметри дожд, а слично во Суверето, Вентурина, Сан Винченцо и Волтера. Најтешка е состојбата во долината Корнија, каде според достапните информации, оштетени се 2.000 хектари обработлива површина. Водата потопи бројни земјоделски имоти, а уништени се и посевите како артишок, спанаќ и репа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
МакедонијаВучевска Петковска: Крива Паланка тоне во долгови, а ветените мерки за пензионерите, бесплатниот оброк за учениците и пречистителната станица останаа само на хартијаЗа неколку дена ќе наврши една година од вториот мандат на градоначалникот Сашко Митовски. Една година е доволно време за граѓаните да побараат отчет. И затоа денес прашуваме: Што доби Крива Паланка за оваа една година, добивме ли решени комунални проблеми, добивме ли подобри услуги или добивме нешто друго, поголеми долгови и нереализирани ветувања. Според податоците со кои располага нашата советничка група, заклучно со 30 јуни 2026 година, обврските на Општина Крива Паланка достигнале околу 128 милиони денари. А тоа не е крајната состојба. Во третиот квартал обврските продолжуваат да растат. Граѓаните не гласаа за нов список со ветувања, гласаа за реализација. Загрижува и случајот со Европската куќа. Просторот е затворен, а зградата која е сопственост на Општина Крива Паланка, според информациите со кои располагаме, е одземена од страна на извршител поради неплатени догови на Општината. Спротивно на тоа на граѓаните им беше ветено нов Младински центар. Затоа прашуваме: Како се ветуваат нови простори, ако не успевме да го заштитиме постојниот општински имот? По кој основ е поведена извршната постапка, колкави обврски стојат зад ова и што презела општината за да го заштити својот имот? Не може да се зборува за развој, ако општината губи контрола врз сопствениот имот. И тука е клучното прашање: Ако долгот расте, каде се резултатите? Во предизборниот период на граѓаните им беа ветени многу работи. Бесплатен оброк за учениците до петто одделение. Финансиска поддршка за пензионери со ниски примања од 3000 до 6000 денари. Финансиска поддршка за пензионерите за набавка на огревно дрво. Ветена беше и балон-сала во дворот на Касарната. Главен фекален колектор и пречистителна станица. Решавање на проблемите со свлечишта и други инфраструктурни проблеми. Но, граѓаните имаат право да прашаат: Што е направено досега, дали за ветените проекти има проектна документација, дали се обезбедени средства, дали е започната постапка и кога точно ќе се реализираат? Затоа што граѓаните не гласаа за нови ветувања. Гласаа за реализација. Особено загрижува состојбата во ЈП „Комуналец“. Според информациите со кои располагаме, претпријатието се соочува со сериозни финансиски проблеми, а на вработените сè уште не им е целосно исплатена плата за месец август. Затоа прашуваме: Колкав е долгот на ЈП „Комуналец“? Колкави се неговите доспеани обврски? Колку се должи за плати, придонеси и добавувачи? И кој е планот за излез од оваа состојба? Не може општината да бара нови задолжувања, а истовремено долгот да расте и јавното претпријатие да се соочува со финансиски проблеми. Ние како советничка група не бегаме од одговорност. Напротив. Ќе продолжиме на секоја седница да бараме бројки, документи и отчет. И затоа денес испраќаме јасна порака: Не бараме политички пресметки. Бараме отчет. Не бараме нови оправдувања. Бараме резултати. Не бараме нови ветувања. Бараме реализација. Единствено нешто што беше забележано во предходната година е реализација на проектите кои ги финансираше Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Крива Паланка заслужува да знае каде одат нејзините пари. Крива Паланка заслужува функционално јавно претпријатие. Крива Паланка заслужува инфраструктура и решени комунални проблеми. И пред сè граѓаните заслужуваат одговор на едно едноставно прашање: По една година од вториот мандат – каде се резултатите што го оправдуваат растот на долгот? Тоа е прашањето на кое градоначалникот и општинската власт треба да одговорат пред граѓаните. Не со зборови. Туку со бројки. Не со ветувања. Туку со реализирани проекти. Слаѓана Вучевска Петковска, советничка во Советот на Општина Крива ПаланкаТагови: Вучевска Петковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа: Климатската акција бара конкретни мерки, инвестиции и заедничка одговорностМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на националниот дијалог „Забрзување на климатската акција: Национален дијалог на патот кон COP31“.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска учествуваше на националниот дијалог „Забрзување на климатската акција: Национален дијалог на патот кон COP31“, организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Во рамки на настанот се одржа панел-дискусија во која покрај министерот Хоџа учествуваа претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, и Даме Димитровски, советник на претседателот на Владата за животна средина и клима. На настанот присуствуваа и претставници на институциите и експерти од областа на климатските промени. Во своето обраќање, Хоџа истакна дека климатските обврски мора да се преточат во конкретни мерки и мерливи резултати. Тој ги посочи унапредувањето на националното климатско планирање, подготовката на Законот за климатска акција и јакнењето на системот за следење и известување како важни чекори кон поодговорна и поефикасна климатска политика. Хоџа нагласи дека за забрзување на климатската акција се потребни силни институции, координација, инвестиции и соодветна меѓународна поддршка. Климатската политика, истакна тој, е важна и за зелената транзиција, енергетската сигурност и одржливиот економски развој. Националниот дијалог е дел од подготовките на земјата за Конференцијата на ОН за климатски промени COP31, која ќе се одржи во Анталија, Турција, од 9 до 20 ноември 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаМЗТ Скопје и Васко Атанасов ја завршија соработкатаНајдобриот македонски кошаркарски клуб, шампионот МЗТ Скопје Аеродром ја заврши соработката со тренерот Васко Атанасов.Двете страни спогодбено ја прекинаа соработката, соопштија денеска од таборот на актуелниот македонски кошаркарски шампион. Атанасов го презеде кормилото на сино-белите во 2023 година и веднаш се запиша во историјата на домашната кошарка како најмладиот стратег кој успеал да стигне до шампионски трофеј. Од клубот изразија огромна благодарност за неговиот придонес и неверојатните успеси кои ги постигна со тимот од Аеродром, со желби за среќа во понатамошната кариера. „Управата на клубот му изразува огромна благодарност на Васко за неговиот беспрекорен труд, посветеност и за професионализмот што го покажа водејќи го нашиот тим. Му посакуваме многу здравје и уште поголеми успеси во неговата понатамошна тренерска кариера!“, стои во соопштението на клубот. Името на новиот шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје ќе биде објавено дополнително, а дотогаш тимот ќе го водат неговите помошници Дејан Србиновски и Тино Даневски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter