Големи поплави во соседна Грција – циклон направи хаос - Канал 5

Големи поплави во соседна Грција – циклон направи хаос

Затворени училишта, поплавени домови и патишта, лизгања на земјиштe и прекин на сообраќајот. 

Големи поплави во соседна Грција – циклон направи хаос

Бурата Бајрон која во изминатото деноноќие погоди многу региони во јужна Грција, предизвика сериозни проблеми.

Сите училишта и градинки вo Атина се затворени, но затворени се и училиштата на Тесалија, Додеканези, Пелопонез и во Централна Грција.

Утрово преку бројот за итни случаи 112 жителите на погодените региони добиле предупредување да се качат на повисоките делови од домовите поради ризикот од поплави.

-Бевме подготвени. Направивме напори за да собереме некои работи, но утрината водата силно надоаѓаше и влезе внатре. Целата куќа е поплавена, не можевме да сториме ништо. Во многу тешка ситуација сме.

-Бурата започна околу 04.00 часот. Не е првпат да имаме ваква бура, но не е ни последен од прв поглед. Не бевме исплашени. Се качивме на првиот кат, но спиевме на приземјето.

Надлежните велат дека ситуацијата полека се смирува и екипите на терен интензивно ги санираат штетите од силното невреме.

-Постојат сериозни проблеми со кои со соочуваме во овој дел на земјата. И Неа Перамос се соочи со големо количество на вода. Имаме поплавени домови, спасувања на луѓе кои биле заглавени во своите автомобили и некои луѓе од домовите. Сега се обидуваме да ги расчистиме улиците, за патната мрежа да не биде загрозена. За среќа ситуацијата се смирува и состојбата е подобрена,- изјава, Панагиотис Мариетис – градоначалник на о. Мегара.

И животот на дел од луѓето на островот Пелопонез бил загрозен, откако се излеала река, а двајца германски туристи биле заглавени во нивната приколка, која била поплавена од водата.

На островот Закинтос, водата ги поплавите и патиштата и обработливото земјиште, а сообраќајот меѓу Закинтос и Аликес бил целосно прекинат.

Земјоделци сведочат дека водата однела и механизација, возила и добиток Грчките метеоролози најавуваат дека бурата целосно ке ги одмине критичните региони утре изутрина.

Иако во Македонија метеоролозите и за утре најавуваат врнежи од дожд, велат нема опасност од невреме како тоа во Грција.

Сепак, врнежите од дожд во изминатиот период беа добредојдени за Преспанското езеро, кое од 37 см под апсолутниот минимум пораснало за 27 см.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема дупка се отвори пред луксузната вила на Николас Кејџ, наредена е итна евакуација

Силна бура што го погоди брегот на Лос Анџелес сериозно им се закани на неколку домови во Малибу, вклучувајќи ја и вилата на Николас Кејџ. 

Голема дупка се отвори пред луксузната вила на Николас Кејџ, наредена е итна евакуација

Голема дупка во земјата се отвори во непосредна близина на домот на актерот, поради што властите наредија евакуација на жителите од погодената област.

Бурното море, плимата и силните бранови предизвикаа уривање на дел од брегот и приодите кон куќите лоцирани покрај океанот. Вилата на Кејџ, вредна 10,5 милиони долари, е еден од петте имоти што се обележани со црвена ознака, што значи дека во моментов се забранети поради безбедносни ризици.

Голема дупка се отвори веднаш до куќата

Според Page Six, пред имотот на актерот имало дупка широка и долга околу девет метри. Фотографиите направени на местото на настанот покажуваат дека срушената област е многу блиску до куќата.

Скеле може да се видат и околу вилата, што укажува дека одредени работи веќе биле во тек на имотот пред бурата дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

За среќа, никој не е повреден во уривањето. Сепак, обемот на штетата и заканата од понатамошни лизгања на земјиштето беа доволни градот Малибу да прогласи вонредна состојба во вторник вечерта.

„Наредба за евакуација е на сила за сите погодени имоти. Шерифските заменици лично ги известија жителите и е издадено дигитално предупредување“, се вели во официјалното соопштение.

Службите за итни случаи се обидуваат да спречат понатамошно уривање

Екипите на терен се обидуваат да го обезбедат срушениот дел од брегот пред следната плима бидејќи постојат стравувања дека морето би можело да однесе повеќе земја и дополнително да ги загрози домовите.

Штетата на цевките за природен гас беше откриена и за време на интервенцијата, но дефектот оттогаш е поправен.

Според „Њујорк пост“, бурата што го погоди брегот на Лос Анџелес во вторник е поврзана со остатоците од ураганот Мари.

Кејџ ја купи куќата во Малибу во 2024 година за 10,5 милиони долари. Вилата е од околу 370 квадратни метри и се наоѓа веднаш до океанот. Меѓу нејзините главни адути се погледот на морето и приватната тераса на покривот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември.

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември, изјави портпаролот на владата, додавајќи дека не е одреден нов датум за разговорот.

Портпаролот не даде причина за одложувањето.

Во вторник, Трамп ја припиша победата на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД) на неделните покраински избори во Саксонија-Анхалт на германските правила за имиграција, кои ги опиша како „ужасни“.

Трамп е воодушевен од победата на AfD

„Воау! Популистичката партија во Германија штотуку имаше навистина голема ноќ“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, осврнувајќи се на неделните избори. Трамп не ја спомена конкретно AfD, но беше јасно на која партија мислеше.

AfD и нејзините поддржувачи се презаситени од „апсолутно ужасните правила за имиграција“ на Германија, рече Трамп. „ТИЕ СЕ ВО ПОГОЛЕМУВАЊЕ и повеќе нема да го толерираат тоа“, напиша тој.

Џ.Д. Венс се сретна со лидерот на АфД

Откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2025 година, се смета дека АфД има поблиски врски со Вашингтон од кога било досега. Копретседателката на АфД, Алис Вајдел, го опиша Трамп како пример за углед по неговото враќање во Белата куќа, а претставници на АфД отпатуваа во Вашингтон за неговата инаугурација.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, се сретна со Вајдел на маргините на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. На конференцијата, Венс предупреди дека исклучувањето на популистичките партии и градењето политички „заштитни ѕидови“ ризикуваат игнорирање на волјата на милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. 

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4.

Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер