Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
3Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
БалканГолеми поплави во Словенија, евакуирани деца од градинка (ВИДЕО)Силна промена на времето ја зафати и Словенија.Најмногу проблеми во таа земја направија врнежите во словенечка Истра, но ја зафатија и целата земја. Словенечката агенција за животна средина (Арсо) издаде портокалово предупредување за целата земја, кое важи до петок наутро. Со оглед на тоа што може да се влошат и хидролошките услови, Цивилната заштита е во состојба на готовност. Претпладне и попладне невреме со пообилни врнежи се појави главно во западна и јужна Словенија. Севкупно, најмногу врнежи паднаа на југозападот од земјата, со над 100 мм долж брегот. На друго место, главно меѓу 20 и 60 мм, објави Арсо. Според синоптичарот на порталот 24ур, во словенечкиот дел на Истра за само неколку часа наврнало повеќе дожд отколку во текот на целото лето. На места измерени се дури 150 литри дожд на метар квадратен. ⚠️⛈️ Promet po Sloveniji je na številnih cestah močno oviran zaradi večje količine vode na voziščih! Voznikom odsvetujemo, da se odpravljajo na obalo, če to ni nujno potrebno zaradi trenutnega stanja in številnih težav na cestah. ℹ️Več ➡️ https://t.co/KaHWHL0sbD ali app Promet+ pic.twitter.com/k7heGJPmSw — Promet.si (@promet_si) September 12, 2024 Во Шкофље на западот на Словенија, улиците се целосно поплавени. Во населбата Шалара во Копер се зголемува нивото на дождовница и се заканува да ги поплави повеќето куќи. Бидејќи водата веќе ги преминува праговите, почнаа првите евакуации, но недостасуваат вреќи за заштита од поплави. На подрачјето на Копер евидентирани се повеќе од сто интервенции, а ситуацијата е многу сериозна, јавува Slovenske novice. Од брегот пристигнуваат извештаи за поплави и бројни интервенции на терен, а посебна закана е реката Бадашевица, додека ситуацијата во Шалара е критична. Поради обилните врнежи, водата на места веќе ги поплави патиштата, а сообраќајот во Копер и околината е сериозно отежнат. Возачите се предупредуваат да бидат дополнително внимателни поради отворените шахти на поплавените коловози. Според раководителот на Меѓуопштинската служба за заштита, спасување и заштита на животната средина во Копер, Игор Ракар, околу 14 часот врнежите од дожд во областа Копер и цела словенечка Истра малку се смириле, но нивото на реките и потоците сè уште не почнало да опаѓа. „Во моментов најкритично е во Шалара, а нивото на Бадашевица е исто така многу високо, кое достигнува до врвот на насипот, така што нема повеќе резерва“, изјави тој за СТА. Поради надојдениот поток кој се закануваше да се излее, градинката во Шалара ги повика родителите да дојдат да си ги земат децата, јави ТВ Словенија. Рано утрото критична била ситуацијата и во градинката во Берток до која родителите не можеле да дојдат. Влезот бил поплавен, па ги повикале пожарникарите, кои со помош на комуналната служба ги исчистиле шахтите за да може да се исцеди водата, изјави еден од воспитувачите за телевизијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МакедонијаСДСМ: Славески и Мицкоски дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачницаНикаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница. Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски. Како поинаку човек што нема никакво банкарско искуство може да добие дозвола да биде сопственик на банка? Прво Вучиќ му обезбеди кредит да купи банка и пари од граѓани, јавни претпријатија и компании што учествуваа во криминални партиски тендери, па потоа Мицкоски дозвола и пари на ист начин како и Вучиќ. Пари на граѓаните на Македонија. Истиот тој Мацура е човекот што од трезорот на својата банка изнесе 380 милиони евра. Пари што биле пријавувани во Народната банка на Србија, а никогаш не стигнале до трезорот. Народната банка на Србија прво рече сè е во ред. Истата вечер ја одзеде дозволата за работа на Алта банка. Гувернерката во Србија мораше тоа да го направи сфаќајќи дека ќе одговара. Исто беше во Македонија. Гувернерот Славески рече сè е во ред, а веќе по 24 часа воведе присилна управа. Она што е битно е дека сè е јасно и дека нема да можат да избегнат одговорност. Сè е во документите и трансакциите. Сè е забележано. Гувернерката во Србија веќе имаше разговор со обвинителството. Таму се апсат луѓе од режимот на Вучиќ секојдневно. Од кога Вучиќ дојде на власт, правосудството не си ја работеше својата работа. Само работеше по негов налог. Истата работа ја прави и Мицкоски, како негов ментор и шеф на организираната криминална група. Европската комисија веќе неколку пати предупредува на влијанието на „српскиот свет“, мислејќи на Вучиќ и СНС. Веќе неколку извештаи наназад, во текот на една година, има опомени за обвинителството кое е под контрола на Мицкоски. Предупредува за слободата на медиумите. Орбановите медиуми што сочинуваат 40% од македонските добија поддршка од медиумите на Вучиќ - Ало групацијата и лиценцата за Euronews. БИА соработници во владата и медиумите, а нивно финансирање преку Алта банка. Купување на сопственици на портали преку лотарија и директно плаќање преку реклами. Правење атмосфера како да сме Северна Кореја. Ист модел на автократски режим на Александар Вучиќ. Негови претставници, хулигани - стануваат почесни конзули на нашата земја, додека продаваат струја и броила. Исти бизнис шеми на Вучиќ и Мицкоски. Во Србија, по одржаните избори и падот на режимот на СНС, се апсат и ќе одговараат сите што беа во системот на корупција и криминал. Се затвораат и медиумите на Вучиќ. Истрагите се во тек, милионски суми биле уплаќани на медиумите од државните компании. Мицкоски знае дека и него го чека истото. Затоа Мицкоски толку се бори да ја продаде банката, за да не мораат да ги отворат сметките во битолската банка. Затоа што отворањето на тие сметки е отворање на пандорината кутија. Затоа се врши притисок врз две банки што треба да ја преземат на себе сокривањето на тие сметки. Не постои банка што би сакала да купи такво портфолио од сопственик на менувачница. Полицијата и обвинителството мора да постапат во овој случај на Алта банка. Не смее повеќе да се чека. Ако не постапуваат според законот и заклетвата што ја дадоа на граѓаните, а не на Мицкоски, знаат дека ги чека истата судбина како и нивните колеги од Србија. Правдата ќе биде задоволена. Власта наскоро повторно ќе биде во рацете на народот, а оваа организирана криминална група на чело со арамијата Мицкоски ќе одговара. Кулата од карти почна да паѓа. Армагедон почна во Србија, наскоро доаѓа и кај нас. Македонија ќе биде ослободена од бандата! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротест во Богданци по убиството на Билјана КириќДенеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи. Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветТрамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на ПутинТрамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина. Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа. Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември. Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери. Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност. Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00