3ВМРО-ДПМНЕ: 28 нови директни авиолинии од македонските аеродроми, Владата ја забрзува поврзаноста со нови авиодестинации
БалканГолеми поплави во Хрватска и СловенијаУправата за цивилна заштита издаде претходно предупредување за опасни временски појави за Хрватска во текот на денот.„Портокалово предупредување за дожд е издадено за регионите Риека и Госпиќ, пред сè, во северниот дел на Јадранот и Горски Котар“, соопштија од дирекцијата. На места, велат, можни се обилни врнежи од дожд и поплави. Областа на Истра беше зафатена од невреме, а морето во Ровињ го поплави шеталиштето. Хрватскиот авто-клуб ги повика возачите да ја приспособат брзината на возилото на условите на патот поради зголемениот сообраќај и лизгавиот коловоз. Поплави има и во Словенија и тоа во градовите на крајбрежјето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаСДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО и Мицкоски за модуларната болница - да им се извинат на граѓанитеПет години ВМРО и Христијан Мицкоски ширеа лаги, конструкции и водеа политичка кампања против претседателот Венко Фулипче со монструозни обвинувања за модуларната болница.Ја злоупотребуваа трагедијата, ги злоупотребуваа болката и чувствата на семејствата кои ги загубија своите најблиски и бесрамно лажеа. Денеска сите тие лаги потонаа. Јавното обвинителство јасно утврди дека нема основа за одговорност на д-р Венко Филипче, нема злоупотреба на службената положба, нема штета на Буџетот, нема никаков криминал. ВМРО, Мицкски и 40% од медиумите од Орбановата мрежа водеа црна кампања, лепеа монструозни етикети, го нарекуваа Филипче убиец, Менгеле, се оцрнуваше лекар и професор кој целиот свој професионален живот го посветил на лекување пациенти. По пет години лаги, најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО е јавно да се извинат. Да им се извинат на семејствата на загинатите чии болка и трагедија безмилосно ги користеа за дневнополитички поени. Да им се извинат на граѓаните кои пет години ги лажеа и манипулираа. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотРусин скокна од 11,5 километри височина, достигна брзина од над 500 км/ч (ВИДЕО)Рускиот падобранец Сергеј Бојцов скокна од балон од височина од 11.551 метар над Алтај и постави нов светски рекорд.Скокот го извел на 22 август, а во слободен пад останал две и пол минути, при што достигнал максимална брзина од околу 501 километар на час. На височината од која скокнал температурата била околу -59 степени Целзиусови, поради што Бојцов користел специјална опрема за висински услови. Претходниот рекорд за скок од балон изнесувал 10.060 метри и бил во сопственост на полски екстремни спортисти. Бојцов го отворил падобранот на височина од 1.565 метри, по што безбедно се приземјил во Уст-Калманскиот реон на Алтајскиот крај. Целиот лет на падобранот траел околу седум минути и 19 секунди, додека во проектот биле вклучени околу 100 специјалисти, меѓу кои инженери, пилоти и технички експерти. Тагови: падобран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Владата има пари за авион - нема за плати!Власта на Христијан Мицкоски повторно ги покажа своите приоритети – луксуз за функционерите, изговори за граѓаните.Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, јавно кажа дека идејата за нов владин авион не е повлечена, парите се оставени. Се чека само купувањето. Тоа било за нив „сериозна држава“. За оваа криминална власт „сериозна“ држава не се мери со платите на работниците, со полни фрижидери, со функционално здравство, со безбедна вода. Се мери со нов авион за Мицкоски. „Третата економија во Европа“ на Мицкоски нема пари за минимална плата од 600 евра. За нов владин авион – има. Се може да почека само авионот не може. Граѓаните во Гостивар 5 недели да чекаат на вода. Анализите за водата во Гостивар да почекаат. Работниците со минимална плата да чекаат. Потрошувачката кошничка од 70.000 денари да почека. Дизелот од 100 денари да почека. Земјоделците со нјаниски откупни цени да почекаат. Само авионот не може да чека. Велат, авионот бил потребен за ЕУ, за инвеститори и за функционерите да не губеле време на редовни линии. За Гостивар имаа време. Додека илјадници граѓани се соочуваа со здравствената криза, Мицкоски имаше време за одмор и екскурзија. А сега нема време да патува со редовна линија и да седи во економска класа. Оваа власт ги намали странските инвестиции за над 60% за 2 години, да и беше за инвестиции ќе ги зголемеше. Сериозна држава е држава која прво обезбедува безбедна вода за своите граѓани. Сериозна држава обезбедува достоинствени плати, функционално здравство и институции што работат. Сериозна држава не слави додека илјадници граѓани завршуваат во болница. Но тоа не се приоритетите на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Нивниот редослед е јасен: Прво луксуз за нив, потоа изговори за граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10