Големи поплави во Грција: Затворен автопат, прекинат железнички сообраќај (ВИДЕО) - Канал 5

Големи поплави во Грција: Затворен автопат, прекинат железнички сообраќај (ВИДЕО)

Полицијата денеска затвори дел од автопатот меѓу Атина и Патра поради обилните врнежи од дожд, јавува грчкиот информативен портал „Екатимерини“.

Големи поплави во Грција: Затворен автопат, прекинат железнички сообраќај (ВИДЕО)

Затворена е лентата на новиот автопат кон Атина во регионот Елајонас. Стариот национален пат меѓу Атина и Патра е затворен во двата правци во истото подрачје, додека сообраќајот е пренасочен поради невремето во Ахаја.

YouTube video

Грчката железница ги укина возовите на некои линии поради обилните врнежи од дожд и вода на шините.

YouTube video

Исто така, делумно се откажани и железничките линии меѓу станиците Патра и Агиос Андреас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница во кафуле во Атина, полно со Албанци- застрелано е 10 годишно девојче

Тежок инцидент е регистриран доцна синоќа во Агиос Пантелејмонас, Атина, по вооружен напад од непознати лица во кој е повредено малолетно девојче од албанска националност.

Пукотница во кафуле во Атина, полно со Албанци- застрелано е 10 годишно девојче

Поточно, во 23:50 часот по грчко време, четири лица со автомобил се приближиле до кафулето на улицата Агоракриту бр. 32 и отвориле оган врз него. При нападот 10-годишно девојче било повредено во ногата, објави Топ Ченел.

Засега властите не разјаснија дали повредата е предизвикана директно од куршум од огнено оружје или од рикошети и шрапнели од други погодени предмети.

Мајката на детето, со албанско потекло, не чекала брза помош, туку веднаш го пренела девојчето во Детската болница „Аглаја Киријаку“ за лекарска помош.

Како што јави дописникот на Топ чанел од Грција, Артур Бибе, во моментот на инцидентот во кафеаната имало 10 лица, сите Албанци. Во меѓувреме, запален е и автомобил за кој постои сомневање дека им припаѓа на сторителите.

Полициските сили брзо пристигнале на местото на настанот и вршат увид за околностите на настанот и идентификација на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа ги затвора портите- на итен состанок во Минхен се договараат остри мерки и масовни депортации

Министрите за внатрешни работи и претставници за миграција од 18 земји од Европската Унија (ЕУ) и земји надвор од ЕУ денес се среќаваат во Минхен за да разговараат за понатамошно заострување на европската миграциска политика.

Европа ги затвора портите- на итен состанок во Минхен се договараат остри мерки и масовни депортации

Министрите за внатрешни работи и претставници за миграција од 18 земји од Европската Унија (ЕУ) и земји надвор од ЕУ денес се среќаваат во Минхен за да разговараат за понатамошно заострување на европската миграциска политика, зајакнување на надворешните граници, поголема улога на европската гранична агенција Фронтекс и поефикасно враќање на мигрантите кои немаат право да останат во Европа.

Германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт ќе се залага за „спроведување промена во миграциската политика“, а приоритетите на состанокот ќе вклучуваат понатамошно подобрување на Европскиот пакт за миграција, поконзистентно заострување на надворешните граници на ЕУ и забрзување на враќањето на мигрантите.

Портпаролот на Добринт изјави за германските медиуми дека Фронтекс би можел да се трансформира во „агенција за заштита на границите и ефикасно враќање“, што би ѝ дало на институцијата поголема улога во граничната контрола и спроведувањето на процедурите за депортации, според Дојче Веле.

Во моментов, земјите-членки на ЕУ се одговорни за враќање на барателите на азил чии барања се одбиени.

На состанокот ќе присуствува и белгиската министерка за азил и миграција, Анели ван Босеит, која ќе се залага за зајакнување на надворешните граници на ЕУ, посилна улога на Фронтекс и поефикасно враќање на лицата кои немаат право да останат во Европа.

Пред предлогот на Европската комисија за иднината на Европската гранична агенција, кој се очекува кон крајот на октомври, Ван Босеит ќе нагласи дека Европа мора да може да реагира побрзо и порешително на своите надворешни граници со цел да ја контролира нерегуларната миграција и да спречи лесен пристап до територијата на ЕУ, пишува „Бриселс тајмс“.

Таа, исто така, ќе се залага за поголема улога на Фронтекс во процесот на враќање на мигрантите, како и за посилни стимулации за земјите кои не се членки на ЕУ да ги прифатат своите граѓани на кои не им е дозволено да останат во Европа.

Според неа, ЕУ треба повеќе да ја користи својата економска и дипломатска тежина и да ја поврзе соработката во областа на враќањето со други односи со трети земји.

- Пактот за миграција беше важен прв чекор, но не е доволен сам по себе - рече белгиската министерка, нагласувајќи ја потребата од зајакнување на заштитата на надворешните граници и обезбедување ефикасно спроведување на одлуките за враќање.

Таа ги спомена визната политика, трговијата и помошта за развој како можни лостови за притисок.

Се очекува Германија, Данска, Австрија, Холандија и Грција, исто така, да одржат одделни разговори за воспоставување центри за депортација, или центри за враќање, во трети земји.

Берлин, според медиумските извештаи, се надева дека ќе постигне договор со една земја во Африка и евентуално во Азија до крајот на годината.

Министрите ќе разговараат и за тоа како ЕУ може подобро да одговори кога надворешните граници одеднаш се изложени на силен миграциски притисок, како што е неодамнешното масовно преминување на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута.

На дневен ред ќе бидат и првите искуства во спроведувањето на Европскиот пакт за азил и миграција, кој стапи на сила на 12 јуни.

Белгија смета дека Пактот треба темелно да се разгледа по една година спроведување, во јуни 2027 година, со цел да се идентификуваат пречките и да се процени каде правилата би можеле да бидат поедноставни и поефикасни.

„Еурактив“ претходно објави дека неколку земји-членки веќе повикуваат на измени и поедноставување на Пактот, додека Ван Босеит смета дека на документот прво треба да му се даде доволно време за да покаже резултати во пракса.

На состанокот ќе присуствува и европскиот комесар за внатрешни работи и миграција Магнус Брунер, додека се очекува учество на претставници на вкупно 18 земји од ЕУ и надвор од ЕУ, вклучувајќи го и Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија

Распшана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија.

Николоски: Започнати се постапките за изградба на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија

Распшана е постапка за избор на проектанска куќа која ќе работи на целокупната докумантација за изградба на експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија, најави денеска во Радовиш, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Алксандар Николоски.

“Нашата идеја е да се изгради експресен пат кој што ќе оди од Радовиш преку Струмица, па сѐ до Ново Село – граница со Бугарија и на тој начин да имаме уште едно поврзување коешто е автопатско или со експресен пат со Република Бугарија. Во овој момент почната е постапката за избор на куќа која што ќе работи на целокупната документација – од предпроектна документација, преку еколошки студии, социјални студии и физибилити студија. Рокот за поднесување на понуди е до 8 октомври, што значи завршува за некаде десетина дена. После тоа очекувам да биде избран изведувачот. Во рок од 6 до 9 месеци да се завршат студиите и после тоа одиме на тендерирање. Она што сакам да кажам е дека ќе одиме со сопствени средства од Јавното претпријатие за државни патишта. ЈПДП е во добра кондиција, има добри приливи на средства и ќе можеме да го градиме овој проект. Така што, еве нека не е ветено, но ако сѐ оди добро и имаме добра постапка за избор, сега прво на консултантска куќа, а после тоа на изведувач, очекувам до есента веќе да ги започнеме градежните активности на терен, што, како што кажав, ќе значи многу. И да напоменам дека нема да одиме само до Струмица, туку ќе одиме до граница со Бугарија”- истакна заменик претседателот на Владата, Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер