Голема трампа меѓу Јувентус и ПСЖ ?

Јувентус внимателно следи се што се случува во ПСЖ , поточно неоспорната желба на Ибрахимовиќ за враќање во Италија.



По елиминацијата од четвртфиналето во Лигата на шампините од Баерн Минхен , предводникот на Јувентус Антонио Конте ,јасно стави до знаење дека „старата дама“ во иднина многу тешко ќе може да го освои трофејот во шампионското друштво , доколку не биде вложени големи финансиски средства и во клубот не бидат донесени големи играчи. Во моментов токму во тој правец се движи проектот Јувентус.

За да се исполнат големите амбиции (последната титула во ЛШ Јувентус ја освои во 1996 година) според тиражниот „ Gazzetta dello sport“ ,раководните луѓе на гигантот од Торино подготвуваат летна „трансфер бомба“, односно враќање на Златан Ибрахимовиќ во Торино.

Јувентус внимателно следи се што се служува во ПСЖ , поточно неоспорната желба на Ибрахимовиќ за враќање во Италија. Популарниот Ибра токму во Јуве во 2004 година ја одигра првата сезона во Калочото, но потоа влезе во судир со тифозите на Јувентус поради тоа што во 2006 година по аферата Калчополи кога црно белите од Торино беа исфрлени во Серија – Б тој замина во ривалскиот Интер.

Сепак играч со квалитетите на Ибрахимовиќ е неопходен Јувентус да стигне до завршницата во елитното натпреварување и да се обиде да го освои трофејот во ЛШ. Според италијанските медиуми торинскиот клуб е подготвен во Париз да го испрати Артур Видал но и да плати поголемо обесштетување.

Но тука не завршува размената на играчи меѓу Јуве и ПСЖ . Клубот од Торино е заинтересиран и за Марк Верати во кого гледа идеална замена за ветеранот Андреа Пирло, а во спротивен правец би заминал универзалниот бек Стефан Лихтштајнер , инаку голема желба на предводникот на „светците“ Карло Анчелоти.
Сега останува само да го чекаме летото и да видиме што ќе се случува на релацијата Торино – Париз.

МТСП: Неработни денови

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува .

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:

1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.

Министерство за труд и социјална политика

Италијанскиот новинарски синдикат повика на штрајк на јавниот радиодифузен сервис Раи

Новинарскиот синдикат УСИГраи (USIGrai) повика на 24-часовен штрајк во италијанската јавна телевизија Раи на 6 и 7 мај, главно во знак на протест против мешањето на десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони, јави ДПА.

Тие ја обвинија Мелони дека сака да го претвори радиодифузерот во „говорник на владата“.

Заднината на ова е откажување во последен момент на поканата на писателот Антонио Скурати, кој сакаше да прочита текст на денот на ослободувањето на Италија од германската окупација и фашизам на 25 април.

За време на настапот, тој сакаше да ја критикува партијата на Мелони за нејзиното постфашистичко потекло. Текстот на крајот беше прочитан од новинар на Раи.

Мелони е на чело на десничарската трипартиска коалиција од октомври 2022 година. Нејзината сопствена партија „Браќата на Италија“ потекнува од постфашистичкиот политички спектар. Поранешниот диктатор Бенито Мусолини (1883-1945) сè уште е почитуван од истакнати членови на партијата до ден-денес, наведува ДПА.

Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија.

Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.

Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.

Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.

Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

притисни ентер