Голема излезност на изборите во Унгарија- И Орбан и Маѓар се надеваат на победа - Канал 5

Голема излезност на изборите во Унгарија- И Орбан и Маѓар се надеваат на победа

Унгарија гласа на своите парламентари избори  – иако во трката учествуваат пет партии, главната битка се води помеѓу досегашниот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидез кои се на власт 16 години и опозиционерот од редовите на партија.

Голема излезност на изборите во Унгарија- И Орбан и Маѓар се надеваат на победа

Унгарија гласа на своите парламентари избори – иако во трката учествуваат пет партии, главната битка се води помеѓу досегашниот премиер Виктор Орбан и неговата партија Фидез кои се на власт 16 години и опозиционерот од редовите на партијата Тиса но и поранашен член на Фидез - Питер Маѓар. Виктор Орбан ја позиционираше својата изборна кампања околу почитувањето на суверенитетот на Унгарија под силниот притисок од Брисел особено околу прашањата за владеење на демократијата, врските со Русија и блокирање на средствата за Украина. Додека пак, неговиот противник - Маѓар цврсто стои на про-европската реторика.

-Тука сум да победам. Новинар: ЕУ вели дека нема да ги прифати изборните резултати ако вие победите. ЕУ мора да ја прифати намерата, волјата и мислењето на народот. Тие не можат да го навредуваат унгарскиот народ. Ние сме против било каков вид империја или централизација. Цврсто стоиме на националното право на суверенитет и основниот договор на Европската унија. Бараме од Брисел да ги почитува правата и основните договори,- -Виктор Орбан, лидер на партијата ФИДЕЗ.

Според опозиционерот Маѓар, доколку изборите се оддржат мирно и легално, тогаш победата на неговата партија е загарантирана, но вели прашањето е дали ќе добијат двотретинско или просто мнозинство. Според поголем дел од досегашните анкети во изборниот период, Маѓар води пред Орбан за 7 до 9 процентни поени.

-Имаме избор помеѓу Исток или Запад, пропаганда или искрен јавен дискурс, корупција или чист јавен живот, понатамошен пад и целосен колапс на државните јавни услуги или враќање на средствата од ЕУ дома и започнување на унгарската економија. Имаме избор помеѓу криза на егзистенција и пристоен живот,- - Петер Маѓар, лидер на партијата Тиса.

Гласањето започна во 6 часот наутро на повеќе од 10 000 избирачки места а се очекува да гласаат околу 7,5 милиони гласачи до затворањето на избирачките места денеска во 19 часот. Утринската излезност се бележи како рекордна досега. Унгарците бираат 199 пратеници, 106 според мнозинскиот систем и 93 според партиските листи а гласовите мора да бидат избројани најдоцна до сабота 18ти април.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер