Голема црна дупка праќа силен млаз кон Земјата

Најновите истражувања на црните дупки во вселената , објавени во списанието The Astrophysical Journal, покажаа интересни откритија.

Научниците објавија фотографии на суперголема црна дупка во центарот ан нашата галаксија , наречена ,,Сагитариус А” и открија интересни тајни , кое до сега ги криеше нашиот Млечен пат.

Астрофизичарите , кои се занимаваат со емисиите на радио бранови , од фотографиите утврдиле дека суперголемата црна дупка кон Земјата праќа силен релативистички бран. Тоа е силен бран на честички и зрачење од активното галактичко јадро , кое од непознати причини е насочено токму кон подрачјето во вселената каде се наоѓа и Земјата.

Поради тоа што станува збор за снимка со најголема резолуција , двојно поголема од претходната , научниците од неа можеа прецизно да мапираат својства на светлата , раштркани како облаци околу црната дупка.

,,Околу црната дупка во центарот на Млечниот пат се наоѓаат многу материи , јкои делуваат како матирано стакло , преку кое ја набљудуваме црната дупка.” , изјави за New Scientist астрофизичарот Едуардо Рос од Институтот Макс Планк.

Со помош на овие податоци астрономите направија компјутерски модел , за да утврдат што се наоѓа во густиот облак плазма , гас и прашина , со што е обвиена црната дупка.

Спречен е терористички напад во Истанбул- уапсени се судуммина осомничени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека во Истанбул се приведени седуммина осомничени за подготовка на терористички напад во име на терористичката група Исламска држава.

Тој на платформата Х изјави дека експлозивите запленети при апсењето можеле да предизвикаат експлозија од „големи размери“.

Според неговите зборови, во истанбулскиот кварт Бејкоз е приведен К.

Јерликаја неодамна објави дека од 1 јуни 2023 година до 22 април годинава биле приведени речиси 3.000 осомничени за соработка со Исламската држава.

Столтенберг ненајавено пристигна во Украина: Не го исполнивме ветувањето, оружјето ќе пристигне

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци, но вети дека сега ќе се зголемат испораките на оружје и муниција.

„Ќе бидам многу искрен со претседателот Зеленски и во парламентот и ќе кажам дека сојузниците во НАТО не го исполнија она што го ветивме во последните месеци. САД потрошија шест месеци за да се договорат за пакетот, а европските сојузници не ја доставија муницијата што ја ветивме Но, сега сум убеден дека тие ќе ги променат работите“, рече тој во возот со кој отиде во Киев.

Тој рече дека очекува други „нови обврски“.

„Тоа ќе направи разлика - исто како што недостатокот на поддршка направи разлика“, рече тој, алудирајќи на неуспесите на Украина на бојното поле, според Ројтерс.

Тој исто така изјави дека „Русите платиле висока цена за маргинална територијална придобивка“ и оцени дека Украина сепак може да ги „сврти работите“.

„Не е доцна Украина да надвладее и затоа е толку итно сојузниците од НАТО да го сторат она што го ветивме и да ги претворат тие обврски во вистински испораки на оружје и муниција“, рече тој.

Столтенберг се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а треба да се обрати и во парламентот.

Ова е негова трета посета на Украина од почетокот на војната.

Николоски: Планираме гарантирани цени на откуп за клучните сорти грозје

Денеска сме во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, ќе имаме средба со производителите на вино, за жал состојбата не е добра од сето она што можам да го прочитам како анализа и како податоци производството е намалено, извозот е намален.

Производството е намалено некаде за околу 8 милиони литри, а додека извозот е намален за околу 4 милиони евра годишно, така да тоа се лоши цифри. Споредувам 2023 година со 2016 година и тоа се лоши цифри кои говорат дека не се води правилно политика во делот на производството на вино.

Тука мислам дека една од причините е лошата политика на субвенционирање, ниските откупни цени на грозјето, но исто така и монополот кој го имаме во производството на вино и на пазарот, ќе треба сериозно да работиме во однос на поправање на работите на секторот.

Она што планираме да го направиме е да имаме гарантирани цени на откуп, во однос на клучните сорти на грозје, исто така промена на системот на субвенции кој ќе значи повеќе субвенции за производителите.

Возобновување на водоснабдителните системи и изградба на нови. И секако, можеби најзначајното, возобновување на Повардарие со цел да се зголеми конкуренцијата и да, исто така, се подобрат цените и се подобри производството.

Во однос на малите и средните винарии, планираме целосно нов систем на субвенционирање со цел да ги поттикнеме да растат, да извезуваат и да се борат и на домашниот пазар, но секако и на меѓународниот пазар, затоа што сметаме дека малите и средни винарии, она што се нарекува семејни винарии, средни винарии се иднината на Македонија и таму што ќе можеме да понудиме најдобар производ.

Еве ќе поразговараме сега, ќе можеме да ги видиме и другите детали, но ова е она што во суштина на нашата политика,рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4.

притисни ентер