Голема акција против пиратеријата во Хрватска, уапсени се 11 лица - Канал 5

Голема акција против пиратеријата во Хрватска, уапсени се 11 лица

УСКОК во соработка со полицијата изврши акција во дури пет хрватски жупании, при што се уапсени 11 лица.

Голема акција против пиратеријата во Хрватска, уапсени се 11 лица

Во акцијата на УСКОК и полицијата уапсени се 11 лица поради сомнение за сторени кривични дела против интелектуална сопственост и кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци како дел од злосторничко здружување.

Како што дознава Дневник Нова ТВ, станува збор за лица кои продавале интернет ТВ пакети со 400 програми за по петнаесет евра.

Во рамките на меѓународната акција, покрај во Хрватска, доказни дејствија се спроведени и во неколку други земји.

УСКОК за акцијата извести на својата веб-страница.

„Апсењата и спроведувањето на итни доказни дејствија се резултат на кривична истрага спроведена од Службата за сајбер-безбедност на Управата за криминалистичка полиција и полициската управа Сплит-Далмација по налог на УСКОК.

Наведените дејствија се спроведуваат во Хрватска на подрачјето на повеќе полициски управи (Сплит-Далмација, Загреб, Приморје-Горски Котар, Пожега-Славонија и Истра) во врска со повеќе лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела против интелектуална сопственост како дел од злосторничко здружување и кривични дела против компјутерски системи, програми и податоци.

По распитот на осомничениот УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што благовремено ќе ја информира јавноста.

Освен во Хрватска, акции за докажување се спроведуваат и во неколку други земји како дел од меѓународна координирана акција“, се наведува во соопштението на УСКОК.

За акцијата се огласи и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ. „Сето ова е направено во соработка со Европол, но кога зборуваме за Хрватска во моментов, проценетата штета е речиси два милиони евра. Сепак, ова е почеток на кривичната истрага и ќе видиме каде сето тоа води“, рече Божиновиќ.

Елисејска палата: Белиот предмет на бирото на Макрон е марамче, а не дрога

Малиот бел предмет што францускиот претседател Емануел Макрон брзо го отстрани од своето биро пред новинарите не е наркотик, туку марамче, соопшти Елисејската палата, по бурата реакции во јавноста.

Елисејска палата: Белиот предмет на бирото на Макрон е марамче, а не дрога

На социјалните мрежи беше споделено видео од францускиот лидер, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц, снимено во воз за време на патувањето во Киев, на кое се гледа како Макрон, забележувајќи ги камерите, брзо отстранува мал бел предмет од бирото и го става в џеб.

„Кога европското единство станува незгодно, дезинформациите одат дотаму што прават едноставно марамче да изгледа како дрога“, се вели во соопштението на Елисејската палата на социјалната мрежа X., на која објави и зумирани фотографии.

Зајадлив коментар имаше и портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, која споделувајќи го видеото, напиша дека судбината на Европа е одредуваат „зависници привремени владетели“..

Студенти од Факултетот за безбедност во посета на Агенцијата за национална безбедност

Денеска во просториите на Агенцијата за национална безбедност се реализираше студиска посета од страна на студенти од Факултетот за безбедност – Скопје.

Студенти од Факултетот за безбедност во посета на Агенцијата за национална безбедност

Денеска во просториите на Агенцијата за национална безбедност се реализираше студиска посета од страна на студенти од Факултетот за безбедност – Скопје, која претставува значаен чекор во зајакнувањето на врските помеѓу академската заедница и безбедносните институции на државата. Оваа активност е дел од предвидените иницијативи што произлегуваат од Меморандумот за соработка потпишан помеѓу Агенцијата за национална безбедност и Факултетот за безбедност.

Посетата е особено значајна, бидејќи за прв пат од своето основање, Агенцијата официјално ги отвори вратите за студентска публика. Оваа можност беше овозможена со поддршка и иницијатива на директорот на АНБ, Бојан Христовски, кој ја препозна важноста од непосредно запознавање на идните кадри со практичната работа и улогата на институцијата во системот на националната безбедност.

Во текот на посетата, студентите имаа можност да се запознаат со мисијата, надлежностите, организациската структура и оперативните приоритети на Агенцијата. Преку предавања и презентации од страна на искусни професионалци и експерти, студентите добија поширок увид во начинот на работа, тековните активности и предизвиците со кои се соочува АНБ во контекст на заштита на уставниот поредок, спречување на разузнавачки и субверзивни дејствија, како и соочување со современи безбедносни закани.

Особено внимание беше посветено на прашањата поврзани со борбата против тероризмот, сајбер-безбедноста, странското разузнавање и хибридните закани, кои претставуваат актуелни области од интерес и за академската заедница и за безбедносните институции. На тој начин, посетата придонесе за надградба на теоретските знаења на студентите со практични перспективи и реални искуства од терен.

Оваа посета е дел од пошироките напори за унапредување на практичната едукација, размена на знаења и креирање на отворен дијалог помеѓу академските институции и стратешките државни субјекти. Агенцијата за национална безбедност и Факултетот за безбедност ќе продолжат со имплементација на заеднички активности, вклучително и обуки, работилници и научни трибини, со цел градење на професионални капацитети и поддршка на младите во нивната професионална определба.

Агенција за национална безбедност

Кривична против две вработени во СВР Куманово- на Косовар му издале македонски пасош

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с.Липково, општина Липково, поради  постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Кривична против две вработени во СВР Куманово- на Косовар му издале македонски пасош

М.А. - вработена на работно место помлад референт за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, на 30.08.2017 примила барање за издавање на патна исправа поднесено од Х.Ј.(50) од Косово, по што во системот, во задолжителниот дел за потполнување од приложена важечка лична карта или друг важечки јавен документ во графата ја внела само таксата, без нитуи еден личен податок. Потоа, извршила фотографирање за издавање на патна исправа на лицето Х.Ј.(50) од Косово без приложен важечки личен документ за идентификација со внесување и искористување на податоци на идентитет од друго лице и на тој начин му овозможила да се стекне со лажен идентитет и патна исправа од Македонија.

Додека пак, второпријавената М.И., вработена на работно место помлад советник за управни работи во Отсек за управни работи Куманово, пропуштила да изврши должен надзор и на тој начин извршила повреда на законските прописи за издавање на патна исправа. На 30.08.2017, таа го одобрила барањето за изготвување на патна исправа за лицето Х.Ј. со внесени податоци од идентитет на друго лице, соопшти МВР.

притисни ентер