Голема акција на грчката полиција- во Солун и Атина се апсат припадници на турската мафија - Канал 5

Голема акција на грчката полиција- во Солун и Атина се апсат припадници на турската мафија

Грчката полиција уапсила 20 лица во неколку одвоени координирани акции против турската мафија во Атина и Солун, јавија денеска грчките медиуми.

Голема акција на грчката полиција- во Солун и Атина се апсат припадници на турската мафија

Службеници на Дирекцијата за борба против организираниот криминал (ДАОЕ) извршија претреси во три куќи во центарот на Атина, при што при таа акција биле уапсени 11 лица, од кои тројца се приведени и обвинети за кршење на законите за дрога и имиграција, објави весникот „Екатимерини“.

Во рамки на истата акција, службеници извршиле увид во продавница за автоделови, при што извршиле проверка на девет лица, 34 возила и разни видови резервни делови.

Во Солун, полицајци упаднале во пет куќи и уапсиле девет лица, а сите уапсени подоцна биле изведени пред обвинител.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. јули 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 19. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Убавиот развој на личните односи ќе ве натера да ги подобрите со идеја за излегување , каде убаво ќе си поминете.

Кариера

Тешко е нешто да ве загрози или да ве одврати од она што го работите . Се тече добро , стабилно , а вие функционирате и покрај малите пречки.

Здравје

Одлично се чувствувате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Некои по длабоките анализи ќе почнат да зрачат со самодоверба , па така ќе им пристапуваат на лицата од спротивниот пол .

Кариера

Финансии и комуникации ќе бидат главно обележје на денот , а во овие активности ќе бидете сериозни и успешни.

Здравје

Можете малку да се опуштите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска ќе измешате сензуалност со идеализам , а некои ќе бараат и неможни работи. Сепак , ќе се чувствувате добро.

Кариера

Се повеќе се стремите кон повисоки цели , но за тоа се потребни и знаења. Затоа ќе ве препрашуваат и тестираат.

Здравје

Не се предавајте.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете расположени да покажете повисоко ниво на чувствителност отколку вообичаеното. Тоа ќе му се допадне на партнерот.

Кариера

Ќе ве побараат за соработник или ќе прашуваат за ваше мислење или совет . Бидете објективни и проценувајте без емоции.

Здравје

Одвојте го деловното од приватното.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Доаѓате до заклучок за важна одлука или фаза што ќе влијае на статусот на вашата врска. Се е под контрола , но не се залетувајте.

Кариера

Ќе имате силна желба и потреба да ги презентирате своите способности , но нема да добиете можност за тоа. Почекајте малку.

Здравје

Посветете се на себеси.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Оние кои се можеби цел на додворувачи, денеска ќе бидат под нивно влијание. Оние во врска ќе бидат добро.

Кариера

Добродушност , наивност и попустливост ќе бидат обележје на вашето однесување кон другите на работа.

Здравје

Може да покажете мал отпор.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна би можела да се најде во искушение да ви ги довери своите грижи и проблеми. Бидете отворени и не носете заклучоци.

Кариера

Иние пред кои ќе се најде некаков договор , добро нека го проанализираат секој детал , па ќе видат дека не е целосен. Треба да се доработи , дополни.

Здравје

Почекајте подобро време.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Весели дружби и забави ќе се мешаат со интуицијата , што ќе ви овозможи лесно да читате меѓу редови.

Кариера

Ќе работите вредно и посветено , а во работата ќе внесете и доза креативност. Тоа ќе биде добар обид.

Здравје

Ви претстои интересен сон.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Подобрување на личните односи ќе бидат поврзани со можност за излегување на итересни места полни со весели луѓе.

Кариера

Многумина ќе се чувствуваат одлично на работното место , зашто не само што имаат убава работа , туку и односите со колегите се се подобри.

Здравје

Дишете со полни гради.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се трудат да бидат толку љубезни што ќе ја нервираат другата страна. Ако се не е идеално , прилагодете се и бидете природни.

Кариера

Ќе чувствувате како стрелката на часовникот да се приближува кон крајната линија зад која почнувате нешто сосема ново.

Здравје

Трпение , спасение.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Некои ќе размислуваат за измени во односите со саканата личност , но подобро ништо да не решаваат или да носат заклучоци.

Кариера

Многумина ќе треба да бидат на услуга на своите соработници , но нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работата.

Здравје

Земајте витамини.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Радоста ќе се меша со нови знаци , кои ќе ви даваат нови инфомации и ќе ве наведуваат на нови љубовни активности.

Кариера

Важно е денеска да го слушате својот внатрешен глас , зашто тој ќе ви биде најдобар патоказ за успех.

Здравје

Не зборувајте напразно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Манекенка во топлес

 Убавата сопруга на светската музичка ѕвезда Џастин Бибер, манекенката Хејли Бибер повторно го привлече вниманието на љубопитната јавност. 

Фото: Манекенка во топлес

Таа позираше за модна кампања и ја разгори имагинацијата на многумина со својот атрактивен изглед.

Хејли Бибер денес важи за најпопуларен модел. Таа не е само дама што рекламира облека од светски брендови, туку и дама што знае како да ја носи и да ја комбинира таа облека.

Таа стекна големи симпатии кај јавноста на социјалните мрежи, каде што гордо ја носи титулата „трендсетерка“. Нејзините совети за постигнување совршен изглед на шминката се омилени меѓу жените, особено оние што покажуваат како да се постигне природен изглед и стил што зрачи со лежерна елеганција.

Сега, Хајли се огласи на социјалните мрежи за да ѝ ја претстави на светот својата нова соработка со брендот „Gap“.

Како што може да се види, 29-годишната убавица гордо позираше во широки фармерки со низок струк, но вниманието го привлече горниот дел од модната комбинација. топлес изданието на убавата манекенка.

Или, поточно, горниот дел што не го носеше, поради што голите гради вешто ги сокри зад парче ткаенина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анџелина Џоли подготвена за ново поглавје во животот: Размислува да го напушти Лос Анџелес

Холивудската ѕвезда, актерката Анџелина Џоли е подготвена за ново поглавје во својот живот откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден.

Анџелина Џоли подготвена за ново поглавје во животот: Размислува да го напушти Лос Анџелес

Актерката и хуманитарка, која има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит, сега сака повеќе слобода и флексибилност во својот живот.

Според извор што разговарал со магазинот *People*, таа со години размислува да го напушти Лос Анџелес. „Таа со години зборува за тоа дека сака да си замине од Лос Анџелес. Среќна е што сега има поголема слобода и можност да прави поинакви избори“, изјавил неименуваниот извор.

На 12 јули, Џоли го одбележа полнолетството на близнаците Вивиен и Нокс, а според истиот извор, таа сега сака повеќе да патува со своите деца и да го истражува светот. „Нејзините деца отсекогаш биле нејзин главен приоритет. Сакаше тие да искусат различни култури и делови од светот, а сега со нетрпение очекува заедно да патуваат и да откриваат нови места. Таа е подготвена за тоа“, додал изворот.

Анџелина Џоли и Бред Пит се запознаа за време на снимањето на филмот *Mr. & Mrs. Smith* („Господин и госпоѓа Смит“), а се разделија во 2016 година, по 12-годишна врска и две години брак. Нивниот развод беше официјално финализиран во декември 2024 година.

Актерката уште минатата година навести дека планира да го напушти Лос Анџелес штом нејзините најмлади деца ќе станат полнолетни.

„Ќе можам да заминам оттука штом ќе наполнат 18 години“, изјави таа тогаш, мислејќи на Вивиен и Нокс. Таа додаде дека сака да им обезбеди мир, приватност и сигурност на своите деца, но дека веќе не го доживува Лос Анџелес како место каде што чувствува припадност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер