НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
2НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
ЗдравјеГолем успех на прилепските лекари, со прва примена на тромболиза спасено младо момче по мозочен удар-Тромболизата претставува третман на акутен ихемичен мозочен удар, односно протокол кој е добро дефиниран со временска рамка и со клинички индикации.Со првата примена на методот интравенска тромболиза во прилепската болница беше спасен животот на младо, 28-годишно момче. Неврологот Петар Кузманоски со своите колеги веднаш интервенирал, прецизно дозирајќи лек за го спасат пациентот од смрт, но и од траен инвалидитет. -Тромболизата претставува третман на акутен ихемичен мозочен удар, односно протокол кој е добро дефиниран со временска рамка и со клинички индикации. Во случајот со младиот пациент, тој се јави во првиот час. Пациентот беше со јасни знаци на мозочен удар и ги имавме сите критериуми, и временски, и физички за да може да ја направиме интервенцијата. Целта на терапијата е да го намалиме ризикот од смртност и ризикот од траен инвалидитет. Методот се применува така што се дава лек, интравенски, во вид на инфузија која се дава еден час, пациентот цело време се мониторира во наредните 24 часа, објаснува неврологот од прилепската општа болница, д-р Петар Кузманоски. Најбитни се првите четири часа од појавата на симптомите - слабост на која било страна од телото и неможност за говор, зашто потоа настануваат големи оштетувања на организмот и не може да се помогне. -Секако, ова не е само личен успех, туку и на болницата. Ова е голема организација. Покрај нашето, вклучено е и одделението за радиологија каде итно го прочитаа резултатот, потоа одделението за биохермиски анализи, секако, и екипата за Итна медицинска помош. Целта на овој третмна е пациентите, не само од нашата општина, туку и од поблиските општини да може да го добијат соодветниот третман, вели Кузманоски. Иако овој метод кој се прави од 2015 година во Македонија и е направен во неколку центри, моментално како рутински, редовно, се прави само во Скопје. -Така, сега може да кажеме дека и овде ќе се прави редовно и пациентите од овој регион ќе може да бидат услужени со оваа метода, додава неврологот Петар Кузманоски од прилепската општа болница „Борка Талески“. Мозочните удари се карактеристика на староста, но има и случаи кај младите, иако смета дека не се алармантни. Препораките за превенција се: здравиот начин на живот, добрата исхрана, физичка активност, одвикнувањето од пороците, како цигари и алкохол. Лекарите во Болницата прават и превентивни, скрининг прегледи, со доплер на вратни крвни садови, лабараториски анализи и гледааат да ги намалат тие најчести причинители на мозочен удар. -Секој пациент кој ќе почувствува слабост на едната страна од телото, лева или десна страна, рака или нога, завлекување или невозможен говор, секогаш ќе биде знак дека станува збор за мозочен удар. Веднаш да се јави на лекар. По тие четири часа лекот нема да го постигне ефектот и да помогне. Секоја минута е битна за да се спаси животот при знаци на мозочен удар, објаснува прилепскиот невролог Петар Кузманоски.Тагови: Прилеп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во ГерманијаМицкоски лично фокусиран на Алта банка ама во Германија, додека се распаѓа финансискиот систем, тој на екскурзија.Мицкоски вели дека изминатите денови бил многу лично фокусиран на предметот за Алта банка и дека денеска е голем оптимист. Банката ќе биде спасена. Опозицијата ќе биде разочарана. Лично фокусиран Мицкоски ама во Германија. Додека се распаѓа финансискиот систем на Македонија, додека се воведува присилна управа во банката, а луѓето не можат до своите пари за храна, пензионерите за лекови – тој беше на екскурзија по Германија, толку е фокусиран. Опозицијата не сака црно сценарио. Сценариото веќе е доволно црно затоа што банката е пералница на пари на Вучиќ, од неговиот картел во кој е Мицкоски. 11 месеци предупредуваме на ова сценарио. Сега кога обвинителот Савески добил зелено светло преку медиумите дека шефот Мицкоски му вели дека може да почне да работи, нека почне од Мицкоски и гувернерот. Па да види што се договориле со Вучиќ. Заради вакви работи, ѕвонење по телефон, управување со обвинителството од говорница и телевизија е состојбата во правосудството заради која е таков извештајот на Европската комисија. Важна работа е да се претстават на јавноста сметките и трансакциите пред Мицкоски со насилно преземање од страна на банка на која и се врши притисок. Обвинителството и полицијата да известат за сè што се случувало во банката. Банка со вакво портфолио, под истрага, сопственик во затвор, сметки што се отвораат во Белград, перење пари, истраги во Хрватска, Црна Гора, Австрија, централна банка на ЕУ – ниту една банка не би ја зела освен под притисок, и тоа се знае дека е една банка на која Мицкоски и врши притисок. Денеска Мицкоски повторно ја извртува вистината. Банката во Австрија не дала дозвола за работа, туку НБС и НБРМ. Тоа што преземале банка сега е под истрага. Знае Мицкоски каде води истрагата. Знае дека Вучиќ ќе го повлече со себе. Знае дека по Орбан, Вучиќ доаѓа потоп. Вели „увезен проблем“! Да. Тој го увезе од својот шеф Вучиќ, како што извезе 5 тони за село Коњух. И пак како со фантомските инвеститори, некоја банка, 5, 6 банки. Секогаш лага и само лага. Нека каже која е банката за да не мораме ние да кажеме, бидејќи веќе сè знаеме. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Скопје,9.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44