Голем успех на мал кинески автомобил во Европа - Канал 5

Голем успех на мал кинески автомобил во Европа

Податоците за продажбата на автомобили во Европа во февруари годинава покажуваат изненадувачки резултати.

Голем успех на мал кинески автомобил во Европа

Имено, на четвртото место по продажба на електрични возила во Европа е изненадувањето од Кина, малиот Leapmotor T03 со 6.119 продадени автомобили (податоци од Data Force).

Само „Tesla Model Y“, „Škoda Elroq“ и „Renault 5“ се пред T03, кој го дистрибуира „Stellantis“.

Генератор на раст е италијанскиот пазар, каде што беа продадени дури 4.778 единици од T03.

Зошто Италија? Бидејќи во таа земја, купувачите можат да сметаат на богати субвенции, а во најприфатливата опција, T03 може да чини само 4.900 евра, пишува „Automotive News Europe“.

„Leapmotor T03“ има мотор од 95 КС и батерија од 37,3 kWh. Фабрички декларираниот досег е 265 км, што го прави солиден градски автомобил.

Должината на возилото е само 362 см, но во идеален распоред, со луѓе кои не се премногу високи, овој автомобил може да смести три патници и возач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации, наместо државниот, го гледаат сопствениот интерес

Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат да создадат паника околу новите инвестиции и технолошкиот развој на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: За СДС и Филипче секоја нова инвестиција е повод за политички манипулации, наместо државниот, го гледаат сопствениот интерес

Интересно е што истите оние кои денес предупредуваат за секоја можна опасност од дата центрите, во времето кога беа на власт промовираа сосема поинакви приоритети.

Кога СДС беше на власт, наместо Македонија да ја позиционира како центар за современи технологии и високотехнолошки инвестиции, во јавноста доминираше приказната за марихуаната и отворањето на тој сектор.

Денес, кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ разговара со сериозни потенцијални инвеститори за дата центри и дигитална инфраструктура, Филипче повторно бара причина за критика.

Разликата е очигледна.

ВМРО-ДПМНЕ разговара за дата центри, дигитализација, нови технологии и инвестиции. СДС повторно разговара за стравови, сомнежи и политички конструкции.

Очигледно е дека за СДС секоја нова инвестиција во Македонија е причина за политички аларм, затоа што тие се фокусирани само на сопствените интереси, наместо да се фокусираат на придобивките кои може да ги има државата од развојот на современа дигитална инфраструктура.

Но, Македонија мора да биде конкурентна и да ги следи современите технолошки трендови. Дата центрите се дел од дигиталната инфраструктура на современите економии и можат да донесат инвестиции, дополнителен развој на ИТ и технолошкиот сектор.

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде земја во која се инвестира, се развива технологијата, се отвораат нови работни места и повеќе можности за граѓаните, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Владата да се огради – нема место за глорификација на осудени за геноцид

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува секоја форма на величење и глорификација на Ратко Младиќ – правосилно осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства.

ЛДП: Владата да се огради – нема место за глорификација на осудени за геноцид

Ова не е прашање на политички став, национална припадност или различно толкување на историјата. За геноцидот нема „друга страна на приказната“ кога фактите се утврдени со правосилни пресуди на меѓународните судови.

Особено е недозволиво ваквата глорификација да биде поврзана со носители на високи државни функции.

Затоа бараме Владата веднаш, јавно и недвосмислено да се огради од постапувањето на министерот за локална самоуправа и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и да утврди политичка одговорност. Не може Македонија пред Брисел да се повикува на европски вредности, а дома Владата да молчи кога нејзини функционери учествуваат во величење на лице осудено за геноцид.

Ова прашање не завршува со политичката одговорност. Мора да се испита и евентуалната кривична одговорност. Кривичниот законик, во член 407-а, го санкционира јавното негирање, грубо минимизирање, одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста и воени злосторства преку информационен систем, за што е предвидена и казна затвор.

Затоа бараме Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, во рамките на своите надлежности, по службена должност да ги испитаат сите објави, изјави и дејствија поврзани со овој случај и, доколку се исполнети законските елементи, Кривичниот законик да биде применет без исклучок. Државната функција не смее да биде штит од законот.

ЛДП бара и сеопфатна законска рамка со која јасно ќе се забрани јавното величење, афирмирање и промовирање на лица правосилно осудени за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, како и промоцијата на фашистички, нацистички и други тоталитарни и насилни идеологии што поттикнуваат омраза и нетрпеливост.

Таквата забрана мора да важи и при именување и регистрација на здруженија, фондации, клубови, организации, јавни установи, улици, плоштади, манифестации и други јавни обележја, за тие да не можат да носат имиња или симболи со кои се величаат вакви личности, идеологии или злосторства.

Истовремено, образовниот систем мора да биде јасна линија на одбрана од историскиот ревизионизам. Геноцидот, злосторствата против човештвото и воените злосторства мора да се изучуваат врз основа на историски и правосилно утврдени судски факти – без релативизирање, негирање или претставување на осудени воени злосторници како херои.

Европска држава не се гради со европски пароли, туку со европски вредности. Почитувањето на жртвите и осудата на геноцидот се црвена линија. Нема молк кога се величаат осудени за геноцид. Нема релативизација на злосторствата. И нема државна функција над законот и без политичка одговорност.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 600 загинати во катастрофалните порои во Непал и Кина, се трага по илјадници

Бројот на жртви од катастрофалните порои што го погодија хималајскиот пограничен регион меѓу Непал и Кина се искачи на најмалку 623, а речиси 2.500 лица сè уште се водат како исчезнати.

Над 600 загинати во катастрофалните порои во Непал и Кина, се трага по илјадници

Непалската полиција во понеделник соопшти дека се пронајдени 616 тела. Кина потврди уште седум смртни случаи на тибетската страна од границата, каде што 554 лица сè уште се водат како исчезнати. Во Непал, 1.924 лица се водат како исчезнати, вклучувајќи 517 странци, според најновите бројки од агенцијата за управување со катастрофи.

Размерите на катастрофата се особено видливи во областа Читван во јужен Непал, стотици километри низводно од областа прва погодена од поплавата. Таму се пронајдени дури 233 тела, повеќе од една третина од сите жртви пронајдени досега во Непал. Уште 158 тела се пронајдени во Навалпараси Исток.

Повеќе од 4.400 лица се извлечени на безбедно место

Непалската армија ги засили напорите за пребарување и спасување, но операциите се попречени од дебели слоеви кал, уништени патишта и мостови и лошо време.

Досега се спасени повеќе од 4.400 луѓе, а 14 хеликоптери се вклучени во операциите во тешко достапните области, изјави портпаролот на непалската армија, Раџа Рам Баснет.

Калта е толку длабока што хеликоптерите не можат да слетаат или полетуваат на некои места. Областите Тимуре, Сјабрубеси и Маилунг се особено тешко достапни.

Обилните дождови би можеле дополнително да ги комплицираат спасувачките операции. Непал сè уште е во сезоната на монсуни, која обично трае до септември, а дожд се прогнозира и за кинеската страна од границата овој викенд.

Повеќе од 100 луѓе би можеле да бидат заробени во тунелите

Еден од најголемите проблеми се тунелите на хидроцентралите во планините, каде што работниците беа заробени по ударот на поплавниот бран.

Само четири лица беа извлечени од тунелите до петок наутро. Спасувачите стравуваат дека повеќе од 100 луѓе се уште се заробени во областа на хидроцентралите.

Снимките од катастрофалната област покажуваат како спасувачите ги извлекуваат работниците целосно покриени со кал од тунелот. Двајцата преживеани мораа да бидат носени на грб до хеликоптерот.

„Испратени се два хеликоптери, но е многу тешко бидејќи дури и пронаоѓањето на влезовите во тунелите е проблем“, рече Баснет.

Тела се пронајдени десетици километри низводно

Поплавниот бран во среда ги зафати речните системи Бхотекоши и Тришули, однесувајќи куќи, патишта, мостови, возила и хидроцентрали.

Силата на водата беше таква што телата на жртвите сега се пронајдени десетици, па дури и стотици километри од местото на катастрофата. Тие се пронајдени во осум области на Непал, сè до областа во близина на границата со Индија.

Потрагата продолжува и во кинески Тибет. Државната телевизија покажа спасувачки екипи како газат низ огромни количини урнатини и кал во областа Ѓиронг, каде што поплавите уништија важен граничен премин меѓу Кина и Непал.

Преминот Ѓиронг се наоѓа на една од главните трговски и туристички рути меѓу двете земји и го користат многу аџии на пат кон планината Каилаш.

Катастрофата веројатно била предизвикана од уривање на глечери и карпи

Прелиминарните сателитски и сеизмолошки анализи покажуваат дека катастрофата била предизвикана од големо уривање на карпи и дел од глечер високо во Хималаите.

Огромна количина мраз, карпи и седименти се урнале во долината, а потоа започнале синџир од поплави и порои по речните системи кон Непал и Тибет. Сателитските снимки покажуваат голем прекин на карпестата подлога и глечерите во областа на планината Лангтанг Лирунг.

Во последните два дена, кинеските тимови го следеле и новото езеро кое се формирало над Ѓиронг откако калта и остатоците ја блокирале водата. Постоел страв дека пукањето на таа природна брана би можело да предизвика уште еден поплавен бран.

Опасноста оттогаш е намалена бидејќи водата од езерото сега се исцедува природно, но спасувачките екипи остануваат во готовност за можни понатамошни лизгања на земјиштето и поплави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер