Голем успех на македонските театри на фестивалот Екс Понто во Словенија

Мал драмски театар-Битола ја освои втората, а театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп ја освои третата награда на 21-от меѓународен театарски фестивал Екс Понто (Еx Ponto), кој синоќа заврши во главниот словенечки град Љубљана.

Како што е познато, доделувањето на наградите на Екс Понто го врши само публиката, која по завршувањето на секоја театарска претстава гласа, и според гласовите, годинашен победник е театарот Линеа де Сомбра од Мексико, чии актери ја изведоа претставата „Амарило“ во режија на Хорхе А. Варгас, за која според публиката добија оцена 4,59 .

- Од максималната оцена 5, нашиот Мал драмски театар доби оцена 4,57 за претставата „Тобелија“ во режија на Љубомир Ѓурковиќ, додека пак нашите колеги од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја освоија третата награда со оцена 4,52 за претставата „Швејк во Втората светска војна“ во режија на Мартин Кочовски. Втората и третата награда се голем успех на македонските театри на годинешното Екс Понто, истакна Благој Стефановски, менаџер на Мал драмски театар-Битола.

Мал драмски театар-Битола наскоро ќе гостува во Црна Гора на тамошното меѓународно театарско биенале.

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

притисни ентер