Голем собир во Белград организиран од партијата на Вучиќ

Настаните во Косово се случуја „во очи“ на вечерашниот  собир во Белград кој го организира српскиот претседател Вучиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на почетокот на своето обраќање побара од сите присутни да ги спуштат транспарентите и знамињата.

„Пред секој збор, а јас се подготвував за денеска, денеска, како и сите претходни денови, мора да има молк за сите наши деца кои загинаа во училиштето „Владислав Рибникар“, за нивниот старател Драган, за сите наши деца од дубона и орашје. , За секој живот што е одземен насилно и затоа ве молам сите да ги наведнете главите и со едноминутно молчење да им оддадеме почит на сите жртви во овие две маски“, рече Вучиќ.

Шефот на НАТО и се закани на Кина

 Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, за Би-Би-Си изјави дека Кина треба да се соочи со последици за поддршката на руската војна во Украина доколку не го промени своето однесување.

Столтенберг рече дека Пекинг „се обидува да седне на две столчиња“ поддржувајќи ги воените напори на Русија додека ги одржува односите со европските сојузници.

-Ова нема да функционира на долг рок, изјави Столтенберг во интервјуто за време на посетата на Вашингтон.

Во опширното интервју Столтенберг зборуваше и за нуклеарното оружје и трошоците за одбрана. Запрашан што би можеле да направат членките на НАТО во врска со поддршката на Кина за Русија, Столтенберг рече дека има „тековна дискусија“ за можните санкции.

Столтенберг е во посета на Вашингтон. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, денеска оди во Северна Кореја. Минатиот месец беше во Кина.

-Русија во моментов се повеќе се усогласува со авторитарните лидери, изјави Столтенберг.

Тој рече дека Северна Кореја испратила артилериски гранати во Русија, а за возврат Русија обезбедила напредна технологија за ракетните и нуклеарните програми на Северна Кореја.

-Така Северна Кореја и помага на Русија да води агресивна војна против Украина, заклучи генералниот секретар на НАТО. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Палачинки

Во понеделник (17.06.2024) во емисијата гостин ни беше Милена Антовска Станковска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 филџан брашно

1 лажица шеќер

2 лажички пециво

малку сол

1 филџан млеко

1 јајце

малку растопен путер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Мбапе се пошегува по повредата на носот

 Францускиот фудбалер Килијан Мбапе се огласи по повредата добиена синоќа на натпреварот против Австрија на Евро 2024 (1:0).

- Идеи за маска? – напиша Мбапе на социјалната мрежа Икс.

Дваесет и петгодишниот Французин се судри со австрискиот дефанзивец Кевин Дансо во 86. минута од натпреварот, по што заврши на тревникот.

Првично се претпоставуваше дека ќе му треба операција, но по прегледот во болницата во Дизелдорф беше одлучено повредата да се санира без оперативен зафат.

Во вториот натпревар на ЕП 2024 Франција ќе игра против Холандија на 21 јуни, истиот ден Австрија ќе се сретне со Полска. /МИА

притисни ентер