БалканГолем шумски пожар на Крит, евакуирани стотици жители и туристи, огнот на вториот крак ставен под контролаШумскиот пожар на островот Крит кој избувна вчера почна да ги голта и домовите на Иерапетра на островот Крит. Пожарот и натаму е надвор од контрола, иако во негово гаснење се вклучени 3000 пожарникари поддржани од цела воздушна флота. Огнените јазици опожарија и апартмани за туристите, оштетен е дел од патната инфраструктура, а за интензивно ширење на пожарот придонесува и силниот ветер. Од огнените јазици бегаат и туристите и локалните жители, а досега евакуирани се 3000 лица од неколку населени места кои се најкритични. Поради вдишување на чад неколку лица биле хоспитализирани, а сите болници на островот се ставени на готовс. Пожарот на Крит не е единствен. Вчера избувнал и шумски пожар во предел со тежок пристап во областа Вурвуру на Халкидики, но набрзо бил локализиран, и целосно изгаснат по неколку часа.. Портпаролот на противпожарната служба, Василис Ватракојанис потврди дека околу 160 пожарникари и неколку беспилотни летала биле вклучени во гаснењето на пожарот. Туристите кои биле на плажите во близина на шумата можеле директно да гледаат како се шират огнените јазици. Без активен фронт во моментов е шумскиот пожар што избувна вчера напладне во Вурвуру, Халкидики, а Противпожарната служба спроведува операција на влажнење низ неговиот периметар. Дејствуваат 160 пожарникари со седум екипи на шумската команда, 48 возила, група беспилотни летала и волонтери, додека помош даваат цистерни за вода и градежна механизација на Регионот Централна Македонија. За страотната атмосфера поради пожарите на Халкидики, но и за брзата интевренцвија на противпожарнбите служби сведочат и дел од туристите од земјава.. -За половина час се наредија околу 10ина авиони колку што успеав да преборјам, неколку хеликоптери, постојано земаа вода од морето, гаснеа, потоа прочитав дека имало и пешадија.Го стишаа за два часа, не дозволија да ескалира, го ставија под контрола.--Ивана Тасев. Инаку, ширум Европа расте бројот на починати поради екстремно високите температури. Во Франција се хоспитализирани стотици луѓе и најмалку два смртни случаи меѓу кои и десетгодишно девојче кое колабирало и починало, а затворени се повеќе од 2.000 училишта. Жртви од топлотен удар пријави и Италија каде има најмалку 5 жртви. Посебно критична ситуацијата е во Шпанија кадешто од саботата досега се регистрирани 102 случаи на смрт.Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРазбиена криминална група за шверц на лекови, полициска акција во Скопје, Тетово и ГевгелијаРазбиена криминална група осомничена за шверц на лекови.. Во акцијата која се спроведува на повеќе локации во Скопје, Тетово и Гевгелија според првичните и неофицијални информации упасени се шест лица а се трага по уште неколкумина. Според се уште неофицијалните информации, при претресите во Скопје и Тетово полицијата пронашла магацини со лекови и кај еден правен субјект и машина за екстракција на масло. Полициската акција од одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на ОЈО ГОКК ја потврдуваат од МВР но засега само со информација дека е насочена кон сузбивање на криминална група инволвирана во криумчарење на стоки и извршување на коруптивни кривични дела. Од обвинителството информираат дека акцијата е под раководство на јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција и дека во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации по што ќе следува детална информацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеКлековски: Што ќе добијат пациентите со дигиталното здравство - податоците го следат пациентотШто ќе добијат пациентите со дигиталното здравство - податоците го следат пациентот, а пациентот одлучува кој ги гледа.Во организација на Министерството за здравство денес во Свечената сала на Владата беше претставена Стратегијата за дигитално здравство 2026–2030 на лекари, пациентски организации, комори, институции и ИТ експерти. Во центарот на стратегијата е пациентот. Целта е до 2030 година секој граѓанин да има пристап до своите здравствени податоци, а секој лекар да ја има целосната информација во моментот кога го лекува пациентот. Денес пациентот ја носи својата историја од шалтер до шалтер. Наодот од приватната лабораторија, снимката направена во друга болница и терапијата препишана надвор од упатниот ланец често не се пред лекарот кога тој одлучува. Анализата на која се заснова стратегијата го опишува системот како „функционално оперативен, но структурно фрагментиран“. „Мој термин“, Фондот и регистрите на Институтот за јавно здравје работат, но не разменуваат податоци меѓу себе, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски. Што ќе значи тоа за пациентите и кои се бенефитите: Податоците го следат пациентот. Податоците ќе одат со пациентот од матичниот лекар до специјалистот, болницата, лабораторијата и аптеката. Пациентот нема да ја раскажува историјата одново, а истите анализи нема да се прават двапати. Своето досие на интернет. Преку надградениот портал „Мое здравје“ граѓаните ќе имаат пристап до своето здравствено досие, покрај термините и е-рецептите што се достапни денес. Потоа ќе следат и консултации на далечина. Пациентот одлучува за своите податоци. Здравствените податоци се сметаат за дел од личноста. Секој ќе може да види кој ги отворил неговите податоци, да побара исправка на грешка, да овласти претставник и да даде или повлече согласност. Овие права ќе бидат уредени со закон. Еднаков пристап за сите. Телемедицината ќе добие правна основа, а хроничните пациенти ќе можат да се следат на далечина, особено во руралните средини без редовен пристап до специјалист. Услугите ќе бидат прилагодени за лица со попреченост, а за постарите лица и за граѓаните што не користат дигитални услуги ќе останат достапни и класичните канали. Превенција навреме. Благовремените податоци за опфатот со скрининзи и за ризиците ќе овозможат болестите да се откриваат порано, а превенцијата да се насочи таму каде што е најпотребна. „Стандардите и системите ги правиме ние. Разликата ја чувствува пациентот — или не ја чувствува. Тоа е мерката“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. „Ова не е проект за нови компјутери. Сакаме системите што веќе ги имаме да почнат да работат заедно, за пациентот и за лекарот.“ Стратегијата содржи 5 приоритети, 38 мерки и 152 активности. Во 2026–2027 година се поставуваат основите: законите, институциите и стандардите. Главната имплементација, вклучувајќи го „Мое здравје“, е предвидена за 2028–2029 година. Стратегијата е усогласена со Европскиот простор за здравствени податоци, што ќе им овозможи на граѓаните по пристапувањето во ЕУ нивните податоци да бидат достапни и кога се лекуваат во друга држава-членка. Стратегијата е изработена во рамки на проектот „Надградба на системот за е-здравство“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III. Проектот го спроведуваат консултантските компании Гномон и АСЕЕ. Коментарите од денешната консултација ќе бидат вградени во ревидираната верзија, која ќе биде доставена до Владата на усвојување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Македонија66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска трескаНа Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 66- годишен од западнонилска треска, објави директорот Фадил Цана. Пациентот бил со коморбидитети, односно имал и други болести. Директорот Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника и бил со потешка клиничка слика. Цана информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, односно овој викенд. Последниот е деветти смртен случај на западнонилска треска во државава, а сите починати досега се мажи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16